Константин Диоген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин Диоген
Κωνσταντῖνος Διογένης
Починал(а)1032
Причина за смртсамоубиство
Звањестратег и дук на Солун, Србија и Бугарија
Вераправославие
ДецаРоман IV Диоген

Константин Диоген (грчки: Κωνσταντῖνος Διογένης; починал во 1032) бил истакнат византискиот генерал на почетокот на 11 век, активен во византиските војни на Балканот. Диоген бил вклучен во последната фаза од византиското уништување и освојување на Самоиловото царство, во времето на император Василиј II, кој му доверил високи командни задачи на Балканот до неговото апсење во 1029, како резултат на неговото учество во заговор против императорот Роман III Аргир. Затворен и принуден да влезе во манастир, тој извршил самоубиство во 1032 за време на судскиот претрес на уште еден заговор. Тој бил татко на царот Роман IV Диоген.

Животопис[уреди | уреди извор]

Војни со Самоиловото царство[уреди | уреди извор]

Константин Диоген е првиот значаен член на благородничко семејство Диоген од Кападокија, кое имало важна улога во Византија во 11 век[1]. Константин ја започнал својата кариера како командант на еден од западните тагмати за време на владеењето на Василиј II (976-1025), во кампањите птотив силите на Самоиловото царство[1]. Во 1014 година, тој учествувал во решавачката византиска победа во Беласичката битка (29 јули)[2]. По убивањето на Теофилакт Вотанијат, тој станал негов наследник како управител (дук) на византиската тема Солун со ранг на патрициј[3][4]. По смртта на Самоил во октомври, Константин Диоген и Никифор Ксифиј биле испратени во регионот на Меглен. Опсадата на градот се продолжила, па на лице место пристигнал и самиот Василиј II. Градот бил разрушен, а меѓу неговите заробени жители се наоѓал заповедникот на Меглен, Илица, и советникот на Гаврило, Дометијан (кавкан). Заробените жители на Меглен што биле способни за оружје ги префрлиле во ерменската област Аспраканија, а блиската мала тврдина Нотија била изгорена. Во текот на оваа кампања, Диоген ја изградил тврдина во Милово.[5]

Освојувањето на Меглен било завршен во 1015 и 1016 година. Во 1017, Диоген и Давид Аријанит ги довеле своите трупи за да ја ограбат плодната рамница Пелагонија[5], каде што тие заробиле многу затвореници и добиток. Набргу потоа, Василиј II го преместил и го назначил за схолариј на западот и Солун, со задача да се справи со силите на Иван Владислав. Иван Владислав поставил заседа на неговите гонители, но Василиј бил известен на време, и го одведел остатокот од своите војници во помош на Диоген[5].

Управител на теми[уреди | уреди извор]

По смртта на Иван Владислав во февруари 1018 година, Диоген бил сменет од својата функција и назначен за архонт на Сирмиум во Рашка. Според печатот, тој ја имал титулата стратег на Србија (грчки: στρατηγός Σερβίας)[3][6]. Во тоа време, на Диоген му било наредено од Василиј II да го покори Сермон (најверојатно од Срем) со цел да се консолидира византиска власт на северниот дел од Балканот. Така, Диоген го поканил Сермон на состанок кај реката Сава, каде што секој бил придружуван само од страна на три војници. Диоген сепак го криел својот меч во својата облека и успеал да го убие на Сермон. По ова тој започнал поход односно експедиција со својата војска во Сирмиум, каде го зазел и стекнал право врз неговите имоти. Сопругата на Сермон била испратена во византиската престолнина како заробеник[5][7]. Во текот на 1026 и 1027 година, како дук на тема Бугарија, успеал да ги сопре инвазијата на Печензите[3][8][9]. По овој успех, тој бил назначен за дук на темите Солун, Бугарија и Србија[10][11].

Заговор и смрт[уреди | уреди извор]

Константин бил во брак со една од ќерките на Василиј Аргир, брат на императорот Роман III Аргир (1028-1034), но во 1029 година тој бил обвинет, заедно со други истакнати балкански генерали како Евстатиј Дафномил, за заговор против императорот. Поради тоа тој бил префрлен исток, како стратег на тема Тракија, но кога соучеството во аферата била потврдена тој бил повикан во Цариград. Таму тој бил затворен, претепан и јавно обвинет парадирајќи по улицата Месе. Подоцна, тој бил принуден да се замонаши и да влезе во Студитскиот манастир[1][5][12]. Тој продолжил со заговор притив византискиот цар, планирајќи да ја искористи неприсутноста на императорот во престолнината поради кампања на исток во 1032 година. Но заговорот повторно бил откриен од страна на Роман Теофан, митрополит на Солун, а заговорниците уапсени. По ова, Константин Диоген бил однесен во палатата Влахерна на испрашување, но таму тој успеал да изврши самоубиство фрлајќи се од еден ѕид[3][5][13].

Неговиот син Роман, успеал да застане на византискиот престол и да владее во периодот од 1068 до 1071 година[3][14].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Kazhdan 1991, стр. 627.
  2. Stephenson 2000, стр. 71.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Guilland 1967, стр. 449.
  4. Stephenson 2000, стр. 66.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 PmbZ, Konstantinos Diogenes (#24045).
  6. Stephenson 2000, стр. 74; Stephenson 2003, стр. 39.
  7. Holmes 2005, стр. 233–234.
  8. Stephenson 2000, стр. 81.
  9. Stephenson 2003, стр. 44–45.
  10. Stephenson 2000, стр. 124.
  11. Stephenson 2003, стр. 45.
  12. Garland 1999, стр. 161–162
  13. Garland 1999, стр. 162.
  14. Kazhdan 1991, стр. 627, 1807.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Garland, Lynda (1999). Byzantine Empresses: Women and Power in Byzantium, AD 527–1204. New York and London: Routledge. ISBN 978-0-415-14688-3.
  • Guilland, Rodolphe (1967). Recherches sur les Institutions Byzantines, Tome I (француски). Berlin: Akademie-Verlag.
  • Holmes, Catherine (2005). Basil II and the Governance of Empire (976–1025). Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-927968-5.
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. New York and Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6. Отсутно или празно |title= (help)
  • Lilie, Ralph-Johannes; Ludwig, Claudia; Zielke, Beate; Pratsch, Thomas, уред. (2013). Prosopographie der mittelbyzantinischen Zeit Online. Berlin-Brandenburgische Akademie der Wissenschaften. Nach Vorarbeiten F. Winkelmanns erstellt (German). De Gruyter http://www.degruyter.com/view/db/pmbz. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: display-уредници (link) CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  • Stephenson, Paul (2000). Byzantium's Balkan Frontier: A Political Study of the Northern Balkans, 900-1204. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0521770173.[мртва врска]
  • Stephenson, Paul (2003). The Legend of Basil the Bulgar-Slayer. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-81530-7.
Претходник
Теофилакт Вотанијат
Управител (дук) на Солун
1014–1018 (?)
Непознато
Следен познат носител на титулата:
Никифор Кавасила (1023)
Нова титула архонт на Сирмиум и стратег на Србија
1018–1022/25
Непознато
Следен носител на титулата
Лутовид
Претходник
Давид Аријанит
стратег автократор на Бугарија
1022/25–1027
Непознато
Непознато Управител (дук) на Солун, Бугарија и Србија
1027–1029
Непознато
Непознато стратег на Тракија
1029
Непознато