Милово
Милово Μεγάλη Γέφυρα | |
---|---|
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото | |
Координати: 40°31.59′N 22°31.33′E / 40.52650° СГШ; 22.52217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Пидна-Колиндар |
Општ. единица | Либаново |
Надм. вис. | 30 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 177 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Милово (грчки: Μεγάλη Γέφυρα, до 1927 г. Μυλωβός, Миловос[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар на округот Пиерија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено на десниот брег на реката Бистрица и околу 5 км од Либаново.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век Милово било село во Берската каза. Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во XIX век работел кулакискиот зограф Константинос Ламбу, кој ја насликал царската икона на Христос,[4] како и Димитриос и Дакос Хаѕистаматис, кои изработиле низа икони на фризот и растпетието на иконостасот.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Миљово (Милево) живееле 155 Македонци.[6][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Миљово (Miliovo) имало 216 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[6][8]
Во „Етнографија на Македонија“ (1924) Густав Вајганд го опишал Милово како мешано македонско-грчко село,[9] погрешно сметајќи го погрчениот дел Македонците за Грци.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1537 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 279. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Γραίκος, Νικόλαος (2007). Κουλακιώτες ζωγράφοι στην ευρύτερη περιοχή της Κατερίνης κατά τον 19ο αιώνα (грчки). Αθήνα: Εικοστό Έβδομο Συμπόσιο Βυζαντινής και Μεταβυζαντινής Αρχαιολογίας και Τέχνης. Πρόγραμμα και περιλήψεις εισηγήσεων και ανακοινώσεων. Βυζαντινό και Χριστιανικό Μουσείο, 11 – 13/5: Χριστιανική Αρχαιολογική Εταιρεία. стр. 34. Посетено на 15 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); no-break space character во|publisher=
во положба 171 (help) - ↑ Γραίκος, Νικόλαος (2007). Κουλακιώτες ζωγράφοι στην ευρύτερη περιοχή της Κατερίνης κατά τον 19ο αιώνα (грчки). Αθήνα: Εικοστό Έβδομο Συμπόσιο Βυζαντινής και Μεταβυζαντινής Αρχαιολογίας και Τέχνης. Πρόγραμμα και περιλήψεις εισηγήσεων και ανακοινώσεων. Βυζαντινό και Χριστιανικό Μουσείο, 11 – 13/5: Χριστιανική Αρχαιολογική Εταιρεία. стр. 35. Посетено на 15 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); no-break space character во|publisher=
во положба 171 (help) - ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 143. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 222–223. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Вайганд, Густав. Етнография на Македония, т. 1, София, 1992, стр. 465 – 466.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|