Либаново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Либаново
Αιγίνιο
Поглед на Либаново
Поглед на Либаново
Либаново is located in Грција
Либаново
Либаново
Местоположба во областа
Либаново is located in Пидна-Колиндар
Либаново
Местоположба на Либаново во округот Пиерија и областа Централна Македонија
Координати: 40°30.8′N 22°32.32′E / 40.5133° СГШ; 22.53867° ИГД / 40.5133; 22.53867Координати: 40°30.8′N 22°32.32′E / 40.5133° СГШ; 22.53867° ИГД / 40.5133; 22.53867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаПидна-Колиндар
Општ. единицаЛибаново
Површина
 • Вкупна64 км2 (25 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4.153
 • Густина65/км2 (170/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.603 00
Повик. бр.23530
Рег. таб.KN

Либаново или Лубаново (грчки: Αιγίνιο, Егинио; до 1926 г. Λιμπάνοβο, Либаново[2]) — гратче во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.153 жители (2011). Сè до 1920-тите Либаново било претежно македонско, а денес е мешано, но со грчко мнозинство.

Географија[уреди | уреди извор]

Гратчето се наоѓа 40 км источно од Бер, 36 км југозападно од Солун и уште толку северно од Катерина.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петар и Павле“ од XIV век[4] и црквата „Св. Атанасиј“ од 1600 г. се прогласени за споменици на културата.[4]

Патувајќи низ овој крај, во 1895 г. Густав Вајганд забележал дека во Либаново се зборувало македонски,[3] но дека имало и Турци. За ова говори и фактот што лазарополскиот големец и добротвор Ѓурчин Кокалески (1775-1863) на муслиманските либановци им изградил џамија.[5] На етничката карта на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Либаново е означено како македонско село, иако не е даден бројот на жители.[6][7] Селото, како и неколку околни, било макеоднско иако се наоѓа јужно од реката Бистрица, што по правило треба да е веќе грчки крај.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Либаново е припоено кон Грција, кога имало 463 жители. На пописот од 1920 г. се заведени дури 852 жители.[3] Во периодот по 1922-23 г. грчките власи во селото населиле вкупно 417 грчки семејства дојдени од Источна Тракија и Бугарија. Меѓу нив, бугарските Грци Кариоти биле дојдени од Кавакли (Тополовград) во Хасковско и Акбунар (Бел Кладенец) во Сливенско.[8]

Во 1926 г. Либаново е преименувано во Егинио. Во 1928 г. е забележано дека, со доселувањата, за кратко време населението речиси тројно се зголемило, достигнувајќи 2.556 жители,[3] од кои 1.810 (околу две третини) биле грчки дојденци.[9]

Во следните десетлетија населението продолжило да расте. Така, во 1940 г. во Либаново се попишани 3.683 жители. Во следните години населбата нараснала уште повеќе, па во 1946 г. е прогласена за градска.[3] Гратчето броело 4.074 во 1951 и 4.271 во 1961 г. Во 1971 г. населението достигнало 4.469 жители, па почнало малку да се смалува, со 4.436 во 1981 и 4.289 во 1991 г.[3]

Денес, Либаново е трето населено место по големина во катеринскиот крај (округот Пиерија), по самиот градот Катерина и гратчето Литохоро.[3] На пописот од 2001 г. во Либаново се заведени 4.280 лица, смалувајќи се на 4.153 жители во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 3.683 4.074 4.271 4.469 4.436 4.289 4.280 4.153
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Либаново важи за мошне богато место. Покрај разните градски дејности, населението се занимава со земјоделство и лозарство. Подрачјето му опфаќа 64 км2.[3]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιμπάνοβο -- Αιγίνιον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 276–277.
  4. 4,0 4,1 „ΥΑ 4701/3-3-1967 - ΦΕΚ 183/Β/16-3-1967“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 26 октомври 2014.
  5. „„Наказанието" на Ѓурчин Кокалески“. Македонска нација. Посетено на 11 септември 2019.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902.
  8. „Αιγίνιο: τόπος προικισμένος από τους Θεούς“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2019-11-09.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.