Теофилакт Вотанијат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теофилакт Вотанијат
Θεοφύλακτος Βοτανειάτης
Починал 1014
околу Струмица
Држава Византија
Чин дук на Солун
Војни Беласичка битка

Теофилакт Вотанијат бил византиски војвода од почетокот на 11 век, познат по учеството во војните на Василиј II против Самоиловото царство. Тој е исто така бил дедо на доцниот византиски император Никифор III Вотанијат[1], кој управувал со Византија во периодот од 1078 до 1081 година.

Во летото на 1014 година Теофилакт бил гувернер на Солун со ранг на дук[2] како наследник на Давид Аријанит [3]. Областта со која управувал била на границата со Самоиловото царство и истата претставувала предмет на чести напади во претходните децении. Поголеми борби кај Солун се одвиле во 996 и во 1004 година, каде и во двете битки византиските сили биле поразени[4].

Во 1014 година на Теофилакт Вотанијат му било наредено од императорот Василиј II да започне напад. Овој пат силите на Самоил биле предводени од еден од неговите војводи - Несторица. Битката се одвила западно од Солун, каде управителот на Солун, заедно со својот син Михаил Вотанијат ги поразиле силите на Несторица[5][6]. Потоа Теофилакт се приклучил на армијата на Василиј II и учествул во битката кај Беласица[2].[7]. Вотанијат, всушност, гонејќи ги Самоиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.[8][9][10]

По оваа нова победа Византија, императорот го испратил солунскиот дук со одред на војници, за да го расчисти патот меѓу Струмица и Солун. Во теснина на југ од Струмица Теофилакт Вотаниат паднал во заседа, каде неговата војска била поразена, а самиот тој убиен од синот на Самоил, Гаврил Радомир[11].

Ненадејната заседа и ликвидацијата на Теофилакт Вотанијат при осигурувањето на безбедниот продор на Василиј II до Солун, толку го разгневиле императорот што наредил ослепување на сите заробени војници кај Беласица, оставајќи на секој стоти по еден едноок, за да ги одведат ослепените кај Самуил[12].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Златарски, Васил, История на българската държава през средните векове, том I, част 2, София 1994, с. 732
  2. 2,0 2,1 Пириватрич, Сърджан, Самуиловата държава. Обхват и характер, София 2000, с. 136
  3. PmbZ, Theophylaktos Botaneiates (#28251).
  4. Ангелов, Димитър, и Чолпанов, Борис, Българска военна история през средновековието (Х-XV век), София 1994, с. 48-49, 53
  5. Грчки извори, VI, 285.
  6. Златарски, История на българската държава през средните векове, том 1, част 2, София 1994, с. 732-733; Подбрани извори за българската история, Том II: Българските държави и българите през средновековието, София 2004, с. 66
  7. Златарски, История на българската държава през средните векове, том 1, част 2, София 1994, с. 738-739
  8. Vindob. hist. 74 (13-14).
  9. Византиски извори, III, 106.
  10. Грчки извори, VI, 284.
  11. Златарски, История на българската държава през средните векове, том 1, част 2, София 1994, с. 738; Ангелов & Чолпанов, Българска военна история през средновековието, с. 55-56; Пириватрич, Самуиловата държава, с. 137
  12. http://za-makedonija.blogspot.com/2013/11/bitkata-na-belasica.html

Литература[уреди | уреди извор]

Претходник
Давид Аријанит
Управител (дук) на Солун
до 1014
Наследник
Константин Диоген