Прејди на содржината

Давид Аријанит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Давид Аријанит
Δαυίδ Ἀρ [ε] ιανίτης

ДржаваВизантија
Чинстратег автократор и катепан на Бугарија
дук на Солун

Давид Аријанит (грчки: Δαυίδ Ἀρ [ε] ιανίτης) бил висок византиски командант на почетокот на 11 век, кој служел на византискиот цар Василиј II. Давид Аријанит зел активно учество во последните војни на император Василиј II против Самоиловото царство.

Околу 1000 или 1002 година Давид Аријанит бил назначен за дук (управител) на Солун на местото на Никифор Уран, кој бил назначен за управител на Антиохија[1]. Подоцна на местото на Давид Аријанит императорот го назначува Теофилакт Вотанијат.[1].

По познатата битка кај Беласица во 1015 година следел походот на Давид Аријанит од Солун кон Струмица. Тој попат освоил две тврдини, Мацукион и тврдината Термица[2][3]. Во 1017 година тој командувал една од единиците кои го зазеле Пелагониското поле[1][4]. Откако влегол во Скопје во 1018 година, императорот Василиј II го назначил за "стратег автократор" (ополномоштен стратег) на градот[1][5].

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Lilie, Ralph-Johannes; Ludwig, Claudia; Zielke, Beate; Pratsch, Thomas, уред. (2013). „David Areianites (#21348)“. Prosopographie der mittelbyzantinischen Zeit Online. Berlin-Brandenburgische Akademie der Wissenschaften. Nach Vorarbeiten F. Winkelmanns erstellt (германски). De Gruyter.CS1-одржување: display-уредници (link)
  2. Златарски, с.717
  3. Мацукион (денес МацукионМачуковоЕвзони) лежи 5 км југоисточно од Гевгелија. Не знаеме каде се наоѓала Термица. Меѓутоа, поведени од крајната цел на Аријанит — да ја освои Струмица — историчарите од наше време ги ставале двете крепости во близина на тој град.
  4. Златарски, История на българската държава, Том I, Част II, с. 725-728
  5. Stephenson, Paul (2003). The Legend of Basil the Bulgar-Slayer. Cambridge University Press. стр. 39. ISBN 978-0-521-81530-7.
Претходник
Никифор Уран
Управител (дук) на Солун
999/1000 – 1014 (?)
Наследник
Теофилакт Вотанијат
Нова титула стратег автократор и катепан на Бугарија
1018–1022/25
Наследник
Константин Диоген