Елк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елк
Ełk i Ełk 004.jpg
Знаме на Елк
Знаме
Грб на Елк
Грб
Елк се наоѓа во Полска
Елк
Координати: 53°49′17″ СГШ 22°21′44″ ИГД / 
Земја  Полска
Војводство Варминско-мазурско војводство
Повијат Елк
Гмина Елк
Основање 1237
Како град од 1445
Управа
 • Градоначалник Томаш Андрукиевич
Површина
 • Вкупна 22,07 км2
Население (2013)
 • Вкупно 59.790
 • Густина 27.091.073.855.913/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 19-300
Повик. бр. +48 87
Регистарски  таблички NEL
Мреж. место http://www.elk.pl

Елк (полски: Ełk) — град кој се наоѓа во Полска, во Варминско-мазурското војводство, со население од 61.156 жители според податоци од 2010 година. Елк е седиште на истоимениот регион.

Историја[уреди | уреди извор]

До 1283 година, последниот судовијански лидер Скоманд бил поразен од страна на Тевтонскиот ред во оваа област. По 1323 година, северниот дел на регионот бил вклучен кон територијата на Бранденбург. За прв пат градот бил документиран во 1398 година кога бил изграден замок од страна на Тевтонските витези. Во 1445 година населбата добила статус на град.

Во 1537 година, прускиот војвода Албрехт донирал имот на Јан Малецки печатар од Краков за да биде изградена печатница[1][2].[3]. Во 1709 година од чума починале 1.300 луѓе од Елк.[4] . Во 1831 година, 300 лица или околу 10% од населението починале од колера, во 1837 година уште 80 и 333 во 1852 година.[5]

Во 1825 година, во градот живееле 1.748 Германци и 1.394 Полјаци.[6]. На почетокот на 19 век започнало да работи училиште на полски јазик, со кое започнала одбраната на полските жители од германизација на регионот воспоставена од страна на пруската влада[7].

Во 1840 година бил основан весникот на германски јазик „Lycker gemeinnütziges Unterhaltungsblatt“, подоцна наречен „Lycker Zeitung“. Помеѓу 1842 и 1845 година, започнал да излегува од печат весникот „Przyjaciel Ludu Łecki“, чија цел била да се спротивстави на германизацијата и да се посвети внимание на полските народни традиции, како и едукација на населението.

Во мај 1845 година, полско движење на отпорот во градот било организирано, чија цел била да се подготви населението за востание.

Во 1910 година, Елк имал повеќе од 13.000 жители[8]. Според некои податоци, Полјаците во 1900 година биле 35,7%[9]. Многу граѓани избегале за време на Првата светска војна, кога руските војници го нападнале регионот, но се вратиле по крајот на војната. Англиски и италијански војници биле распоредени во градот по Версајскиот договор. Во времето кога започнало антиеврејското движење во регионот, еврејското население се соочило со големи прогони и убиства. За време на Кристалната ноќ еврејските продавници и синагогата биле ограбени и уништени во градот. Соочувајќи се со овие настани, неколку Евреи се одлучиле да побегнат, некои во странство, некои во Берлин[10], други избегале од Германија. Од оние Евреи кои останале, 80 биле убиени во различни германски логори на смртта[11]. Градот исто така бил и место на логорите за норвешките и советските воени затвореници за време на Втората светска војна[12][13].

Плоштадот Папа Јован Павле II

Во 1999 година, градот бил посетен од страна на папа Јован Павле Втори. Околу 300.000 луѓе присуствувале на миса на папата.

The water tower, built in 1895

Население[уреди | уреди извор]

Година Број
1499 600
1600 800
1782 2,000
1831 2,945
1875 5,912
1880 6,846
1890 9,981
1925 15,159
1933 15,512
1939 16,243
2011 59,274[10][14][15][16][17][18]

Географска застапеност 1910–2011[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kossert, Andreas (2005) (на German). Ostpreussen – Geschichte und Mythos. Siedler. стр. 60. ISBN 3-88680-808-4. „"Seit 1537 entfaltete der aus Polen geflüchtete protestantische Pfarrer Jan Maletius eine rege Übersetzungstätigkeit in Lyck"“ 
  2. Frick, David (1989). Polish Sacred Philology in the Reformation and the Counter-Reformation: Chapters in the History of the Controversies (1551-1632). University of California Press. стр. 13. ISBN 0520097408. 
  3. *Popp, Dietmar; Suckale, Robert (2002) (на German). Die Jagiellonen: Kunst und Kultur einer europäischen Dynastie an der Wende zur Neuzeit. Germanisches Nationalmuseum. стр. 205. https://books.google.de/books?ei=TZQmT5roO8ju-gb3hfTjCA&hl=de&id=ZKGfAAAAMAAJ&dq=herzog+albrecht+lyck+maletius&q=maletius. конс. 30 јануари 2012 г. 
    *Hołd pruski Maria Bogucka, Wydawnictwo Interpress,page 137 1982
    *Archiwa, biblioteki i muzea kościelne, Tomy 69-70 Katolicki Uniwersytet Lubelski. Ośrodek Archiwów, Bibliotek i Muzeów Kościelnych, page 131 1998
  4. Kossert, Andreas (2006) (на de). Masuren. Ostpreußens vergessener Süden. Pantheon. ISBN 3-570-55006-0. 
    Kossert, Andreas (2004) (на pl). Mazury, Zapomniane południe Prus Wschodnich. ISBN 83-7383-067-7. 
  5. Kossert, Andreas (2001). Masuren - Ostpreussens vergessener Süden. стр. 132. ISBN 3-570-55006-0. 
  6. Historia Pomorza:(1815-1850),Gerard Labuda, Poznańskie Towarzystwo Przyjaciół Nauk,page 157, 1993
  7. Tadeusz Oracki,page 173, Instytut Wydawniczy Pax, 1983
  8. Andreas Kossert: Masuren - Ostpreußens vergessener Süden, page 33
  9. Miasta polskie w tysiącleciu: Tom 1 Mateusz Siuchniński - Zakład Narodowy im. Ossolińskich,page 275 1965
  10. 10,0 10,1 Historical Jewish Press Web Site, retrieved May 21, 2014.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име E.C5.82k_History.
  12. Teczka specjalna J.W. Stalina:raporty NKWD z Polski 1944-1946, page 159 Instytut Studiów Politycznych Polskiej Akademii Nauk, 199
  13. Cudzoziemcy w polskim ruchu oporu: 1939-1945, Stanisław Okęcki, page 136 "Interpress,"
  14. [1] (полски)
  15. [2] (полски)
  16. August Eduard Preuß: Preußische Landes- und Volkskunde. Königsberg 1835, pp. 454–455, no. 65.
  17. wspolczesna.pl (полски)
  18. Johann Friedrich Goldbeck: Volständige Topographie des Königreichs Preussen. Part I: Topographie von Ost-Preussen, Marienwerder 1785, p. 39, no. 2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]