Дабница (Пиринско)
Дабница Дъбница | |
---|---|
Координати: 41°34′N 23°50′E / 41.567° СГШ; 23.833° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Грмен |
Површина | |
• Вкупна | 112 км2 (43 ми2) |
Надм. вис. | 519 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 1.625 |
• Густина | 15/км2 (38/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2940 |
Повик. бр. | 07522 |
Дабница — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Дабница се наоѓа на 10 километри источно од Неврокоп, 5 километри југоисточно од општинскиот центар Грмен. Селото се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 519 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.2км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Средновековен период
[уреди | уреди извор]На еден километар северно од Дабница се наоѓа доцноантичката и средновековна тврдина Градиште, позната и како Свети Архангели, која е прогласена за културен споменик од национално значење.[1]
Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дебница (Debnitsa) е село со 54 семејства и 130 Турци.[2] Во 1899 година селото имало население од 355 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 355 жители, сите Турци.[3][4] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Блатска, Дабница и Фустане живеат 1100 Помаци.[5]
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
До 1925 година во селото имало едно религиозно училиште кое се наоѓало во локалната џамија. Во истата година било отворено првото основно училиште. Следната година за официјален учите по турски јазик во селото станал Хусни Мемишев од градот Шумен.
На 18 мај 1925 година се случил .т.н. масакр кај Дабница кога бил извршен колеж врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Масакрот бил извршен во една куќа во селото. Колежот е извршен врз македонското население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Од селото повеќе од 300 лица биле насила одвлечени и три месеци, од април до јуни, биле подложени на крвави репресалии, пред очите на месните државни, административни и воени власти, а еден поголем дел од нив биле и убиени. Како последица на „жестоката инквизиција“, починале околу 200 души, а поголем број биле интернирани надвор од Пиринскиот дел на Македонија.[6] Куќата во која се извршени колежите е претворена во музеј, но по падот на комунизмот во Бугарија во 1989 година, таа е во очајна состојба.[7]
Во 1928 година станало првото големо иселување на Помаците од селото во Турција. Во истата година во селото биле населени првите бегалци од Егејска Македонија. Во тоа време, училиштето веќе имало своја библиотека. На 3 март 1935 година, со помош на кметот Христо Калајџиев, била отворена бесплатна ученичка трпезарија за 19 деца. Во 1935 година бил основан првиот театар. По долгата и интензивна подготовка под водство на локалниот доктор Иван Лавров, студенти, наставници и јавноста ја презентирале претставата „Нашите непријатели“. Во 1936 година, богатите мештани донирале 4 хектари земја на училиштето.
Од 1936 година, училиштето започнало да го носи името „Христо Ботев“. Во 1949/50 училиштето било поделено на бугарски и турски паралелки. Наставниците на турски јазик биле Мухтика Мехмедов од Горна Џумаја, Исмаил Салиев од селото Вунарири, Шуменско и Дахил Ахмедов од селото Зидарци, Перничко, а во бугарското училиште - Ангел Делчев од Неврокоп, Васил Палев од село Ковачевица и Тодор Мавродиев од селото Заграде. Во 1950 година училиштето станало централно за селата Ореше, Крушево, Долно Дреново, Блатска и Фустане. Во 1957 година, училиштето добило примарен статус, а дипломирале 2.334 ученици. Денес околу 170 ученици - сите од селото - учат во ОУ „Христо Ботев“.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа површина од 11.2км². Половина од атарот е полјоделско земјиште, додека другата половина е под пасишта.[8]
Население[3][9]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 828 | 1101 | 1289 | 1753 | 1810 | 1873 | 1650 | 1712 | 1760 | 1625 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 298 | 22,66% |
Турци | 693 | 52,7% |
Роми | 322 | 24,49% |
Останати | 0 | 0% |
Неопределени | 0 | 0% |
Вкупно | 1315 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Поштенски код на селото е 2940.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Асим Адемов (р. 1968), бугарски политичар
- Починати
- Димитър Пенков (1876 – 1925), македонски револуционер
- Илија Геров (1890 – 1925), македонски комунист
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.bulgariancastles.com/bg/node/1353 Архивирано на 26 април 2018 г..
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 130 – 131.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 274.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
- ↑ Зоран Тодоровски, „ВМРО 1924– 1934“, Скопје, 1997.
- ↑ Първият крематориум в света, „Къщата на ужасите” в гърменското село Дъбница, се превърна в развалина и се руши под купища боклуци и отровна смрад Архивирано на 23 септември 2011 г., Струма, брой 4988. 19 септември 2008 (бугарски)
- ↑ „City population“.
- ↑ 9,0 9,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Дъбница, общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
|