Денизли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Денизли
Град
Денизли се наоѓа во Турција
Денизли
Местоположба на градот на картата на Турција
Координати: 37°46′ СГШ 29°05′ ИГД / 
Земја  Турција
Регион Егејски регион
Провинција Денизли
Управа
 • Градоначалник Осман Золан (АКП)
Површина[1]
 • Област 798,75 км2
Надм. вис. 324 м
Население (2012)[2]
 • Вкупно 557.300
 • Област 554.424
 • Област густина 6.9.411.455.399.061.0/км2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Поштенски код 20x xx
Повик. бр. (0090) 258
Регистарски  таблички 20
Мреж. место [3]

Денизли (турски: Denizli) — град кој се наоѓа во југозападниот дел на Турција во Егејскиот регион по долината на реката Бујук Мендерес. Градот има надморска височина од околу 350 метри.

Денизли бележи економски развој во последните неколку децении, во најголем дел ова се должи на производството и извозот на текстил[4][5].

Денизли, исто така, ги привлекува посетителите поради топлите извори и травертини-тераси од карбонатни минерали на Памуккале. Неодамна, Денизли станал главна дестинација во домашниот туризам. Ова се должи главно поради различните видови на термални води во Сарајќој, Акој, Булдан, Чардак и.т.н.

Античкиот град Хиераполис, како и градот Лаодикеја, античката престолнина на Фригија се наоѓаат во близина на градот.

Во летниот период времето е топло, додека во зима понекогаш може да биде многу студено со снег на планините што го опкружуваат градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Оваа област била под владеење на најразлични сили уште од праисториски времиња. Во близина се наоѓале античките грчки и римски градови Хиераполис како и градот Лаодикеја. Градот со сегашната местоположба бил освоен од страна на Турците по кое започнал периодот на Селџуците[6].

Во 17 век, турскиот патеписец Евлија Челебија го посетил Денизли и запишал: „Градот е наречен од страна на Турците (Денизли) (што значи дека има изобилство на извори на вода) бидејќи постојат неколку реки и езера. Околу него се наоѓа квадратна тврдина... Кон јужниот дел од тврдината се наоѓа новата џамија, додека лозјето се наоѓа во запад. На тврдината има околу 50 вооружени стражари. Градот се наоѓа надвор од тврдината и има околу 3,600 куќи. Постојат 57 мали и големи џамии, 7 медреси, 6 бањи и 17 дервишки институции“.

Градот живеел во мир со векови, без да биде вклучен во војните на директен начин. По Првата светска војна, за време на војната за независност, грчките сили успеале да се приближат до Сарајќој, мал град оддалечен на околу 20 километри северозападно од Денизли.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Денизли
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 22.6
(73)
25.9
(79)
30.8
(87)
35.8
(96)
37.0
(99)
42.4
(108)
43.9
(111)
44.4
(112)
41.6
(107)
34.4
(94)
29.9
(86)
26.6
(80)
44.4
(112)
Прос. висока °C (°F) 10.5
(51)
12.1
(54)
15.8
(60)
20.7
(69)
26.3
(79)
31.2
(88)
34.4
(94)
34.4
(94)
29.9
(86)
23.7
(75)
17.3
(63)
12.2
(54)
22.4
(72.3)
Прос. ниска °C (°F) 2.3
(36)
2.8
(37)
5.2
(41)
9.0
(48)
13.2
(56)
17.3
(63)
20.0
(68)
19.7
(67)
15.7
(60)
11.3
(52)
7.0
(45)
4.0
(39)
10.6
(51)
Најниска забележана °C (°F) −10.5
(13)
−11.4
(11)
−7.0
(19)
−2.0
(28)
2.7
(37)
7.9
(46)
12.6
(55)
11.6
(53)
6.6
(44)
−0.8
(31)
−4.5
(24)
−10.4
(13)
−11.4
(11)
Прос. врнежи мм (ин) 90.3
(3.56)
74.5
(2.93)
63.7
(2.51)
54.2
(2.13)
42.3
(1.67)
25.4
(1)
13.4
(0.53)
8.1
(0.32)
13.6
(0.54)
35.0
(1.38)
55.7
(2.19)
89.9
(3.54)
566.1
(22.3)
Прос. бр. дождливи денови 11.6 10.8 11.1 10.2 8.6 4.8 2.0 1.7 3.0 5.8 7.6 12.2 89.4
Сред. бр. сончеви часови месечно 114.7 120.4 176.7 204 282.1 336 365.8 341 276 204.6 141 102.3 2.664,6
Извор бр. 1: Turkish State Meteorological Service[7]
Извор бр. 2: Weather2[8]

Население[уреди | уреди извор]

Градот има население од околу 577.000 жители според податоци од 2013 година. Во споредба со 2007 година, бројот на населението бил 389,000 жители како резултат на спојување на 13 општини и 10 села кон Дензили и самата област била зголемена за речиси пет пати и населението за околу 50%. Градот исто така е и главен град на провинцијата Денизли.

Економија[уреди | уреди извор]

Текстилната индустрија во Денизли се зголемила бргу во 1980-тите и 1990-тите години, како на домашниот пазар така и за извоз. Пешкири, бањарки, и други домашни текстилни производи биле производи кои се поврзуваат со Денизли. Најголеми фирми во градот се Дегирменџи и Фуника.

Култура[уреди | уреди извор]

Во градот постојат големи продавници, барови и кафулиња, со музика во живо, иако ова е град кој неодамна се зголемил. Присуството на Универзитетот Памуккале ги подобрува културните убавини на градот.

Жителите на регионот во најголема мера се занимавале со производство на грозје и вино во текот на историјата. Многу приватни клубови и здруженија се отвораат како Здружението за заштита на животната средина и историја на Денизли. Постои годишен аматерски театарски фестивал, на кој присуствуваат групи од Турција и од странство. Денизли има втор најголем број по ранг на шахисти во Турција, по Истанбул.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Држава Град
Холандија Холандија Алмело
Турција Турција Бурса
Турција САД Токат
Грузија Грузија Тбилиси
Казахстан Казахстан Павлодар
Белорусија Белорусија Могилов
Германија Германија Бетцдорф
Турција Турција Амасија
Романија Романија Браила
Русија Русија Самара
Турција Турција Муш
Турција Турција Билеџик
Грција Грција Лариса
Полска Полска Лодз
Сирија Сирија Дамаск
Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Сараево
Иран Иран Казвин
Јужна Кореја Јужна Кореја Муан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. http://tuikapp.tuik.gov.tr/Bolgesel/menuAction.do?dil=en. посет. 5 март 2013 г.  (турски)
  2. „Turkey: Major cities and provinces“. citypopulation.de. http://citypopulation.de/Turkey-C20.html. посет. 8 февруари 2015 г. 
  3. „Denizli, Turkey - Denizli - Woonplaats, Maatschappij en overheid“. Facebook. https://www.facebook.com/denizli.20.sohbet. посет. 1 септември 2013 г. 
  4. Bernard Fingleton, Ayda Eraydın, Raffaele Paci, Bilge Armatlı Köroğlu, Burak Beyhan p. 229 (2003). Regional Economic Growth, SMEs and the Wider Europe ISBN 0-7546-3613-5, Chapter 11: The changing role of SMEs in the regional growth process: The case of Denizli. Ashgate Publishing. 
  5. Hüseyin Özgür, Pamukkale University. „Integration of a Local Economy to the Global and European Markets through Export–Led Growth and Specialized Textile Products Export: Home Textile Production in Denizli – Turkey“. University of Lodz. http://wz.uni.lodz.pl/ersa/abstr/ozgur_p.pdf. посет. 18 април 2007 г. 
  6. John Freely, The western shores of Turkey: discovering the Aegean and Mediterranean coasts, 2004. ISBN 1-85043-618-5. p. 182.
  7. „Resmi İstatistikler (İllerimize Ait İstatistiki Veriler)- Meteoroloji Genel Müdürlüğü“. http://www.mgm.gov.tr/veridegerlendirme/il-ve-ilceler-istatistik.aspx?m=DENIZLI. 
  8. „August Climate History for Denizli | Local | Turkey“. Myweather2.com. http://www.myweather2.com/City-Town/Turkey/Denizli/climate-profile.aspx?month=8. посет. 1 септември 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]