Памуккале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јерапол-Памуккале
светско наследство на УНЕСКО
Критериуммешано: iii, iv, vii
Навод485
Запис1988 (12th заседание)

Памуккале „памучно кале“, е природно место што го создала природата во покраината Денизли во југозападниот дел на Турција. Местото содржи топли извори и травертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Се наоѓа во внатрешниот дел на Турција на Егејско Море, покрај долината на реката Мендерес, која има умерена клима во поголемиот дел од годината.

Создавање на травертина терасите на Памуккале во Турција. 21 мај 2011

Античкиот грчко-римски и византиски град Јерапол бил изграден на врвот на белиот „замок“ ,кој е долг вкупно околу 2.700 метри, 600 метри широк и 160 метри висок. Може да се види од ридовите на спротивната страна во долината на градот Денизли, кој е оддалечен 20 километри.

Туризмот бил и сè уште е главна индустрија. Луѓето се капеле во базените илјадници години. До средината на XX век, се граделе хотели врз урнатините на Јерапол кои предизвикале значителна штета. Приклучниот пат се градел од долината кон терасите и на моторните велосипеди им било дозволено да се движат нагоре и надолу по падините. Кога областа ја прогласиле за Светско наследство на УНЕСКО, хотелите ги уништиле и патот го отстраниле и замениле со вештачки базени. Забрането е носење на чевли во водата за да се заштитат минералните наслаги.

Геологија[уреди | уреди извор]

Панорамска глетка на травертина терасите на Памуккале
Травертински топли извори во Памуккале

Терасите на Памуккале се направени од травертина, седиментни карпи кои се наталожуваат од водата од топлите извори.

Во оваа област, постојат 17 топли извори на вода, кај кои температурата се движи од 35 °C до 100 °C. Водата што излегува од изворот се пренесува 320 метри до врвот на терасите и се наталожува калциум карбонат на дел од 60 до 70 метри (200 до 300 стапки) долг, којшто покрива површина од 240 метри (700 стапки) до 300 метри (980 стапки). Кога водата презаситена со калциум карбонат ја допира површината, јаглерод диоксидот се ослободува и калциум карбонатот се таложи. Таложењето продолжува сè додека јаглерод диоксидот во водата се изедначи со јаглерод диоксидот во воздухот. Водата го таложи калциум карбонатот како меко желе, но тоа на крајот се стврднува како травертина.

Временските услови, околната температура и текот на протокот, влијаат на оваа реакција. Врнежите продолжуваат сè додека јаглерод диоксидот во термалните води достигне рамнотежа со јаглерод диоксидот во атмосферата. Мерењата, кои се извршуваат на изворот, наоѓаат атмосферското ниво на 725мг/л јаглерод диоксид, додека оваа вода тече низ травертините оваа бројка се намалува до 145 мл/л. Исто така калциум карбонатот се намалува од 1200мл/л до 400 мл/л и калциум 576,8 мг/л до 376,6 мг/л. Од овие резултати, се пресметува дека 499,9 мг на CaCO3 (калциум карбонат) се таложи на травертината на секој литар вода. Ова значи дека за проток од 1 l/s (1л/сек) вода, се таложи 43.191 гр. дневно. Просечната густина на травертинот е 1,48 гр/цм3 којшто претставува таложење на 29,2 дм3. Со оглед на тоа што просечниот проток на водата е 465,2л/сек, ова значи дека може да побели 13.584 квадратни метри (146.220 квадратни стапки) дневно, но во практиката ова покривање на областа е тешко да се постигне. Овие теоретски пресметки покажуваат дека на 4,9 квадратни километри (1,9 квадратни милји) може да се покријат со бело таложење од 1 милиметар (0,039 инчи) дебелина.

Археологија[уреди | уреди извор]

Музеј[уреди | уреди извор]

Поранешната римска бања на античкиот град Јерапол се користела како седиште на Археошкиот mузеј во него од 1984 година.

Во овој музеј, покрај историските ракотворби, исто така постојат ракотворби од Лаодисеја, Колос, Триполи, Атида и други градови во долината на Лисос. Покрај овие, музејот има голем дел кој е посветен на ракотворбите кои се пронајдени во местото „Beycesultan Hüyük“, кои вклучуваат некои од најубавите примери во уметноста во bронзеното vреме.

Ракотворбите од регионите на Карија, Писидија и Лидија се исто така изложени во овој музеј. Изложбениот простор на музејот се состои од три затворени простории од бањата во Јерапол и отворени простории на источната страна за кои се знае дека се користеле како библиотека и гимнастичка сала. Ракотворбите во отворената изложба се претежно од мермер и камен.

Туристичка атракција[уреди | уреди извор]

Памуккале е туристичка атракција. Признато е како Светско наследство на УНЕСКО заедно со Јерапол. Јерапол-Памуккале беше прогласен за Светско наследство на УНЕСКО во 1988 година.[1]

Подземната вулканска активност која предизвикува врели извори го повлекуваат јаглерод диоксидот во еден отвор, кој е наречен Плоутонион со значење местото на богот Плутон. Свештениците на Сибили ја користеле оваа пештера за религиозни цели, кои наоѓаат начин да станат отпорни на задушливиот гас.

Во базените може да се најдат полноглавци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hierapolis-Pamukkale World Heritage Site“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 2007-06-23.
  2. „Pamukkale Turkey Hotel And Hostel Redesigned“. PRLog. 2009-01-10. Посетено на 2009-09-02.