Деловен човек (де Балзак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Деловен човек
АвторОноре де Балзак
Изворен насловUn homme d’affaires
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
СеријалЧовечка комедија
Издадена
1845

Деловен човек (француски: Un homme d'ffaires) ― расказ на Оноре де Балзак. Објавен е во 1845 година и е една од Париските сцени на Човечка комедија.[1] Тоа било единственото завршено дело што Балзак го објавил во 1845 година.[2]

Резиме на заплетот[уреди | уреди извор]

За време на забавата што е одржувана во домот на куртизаната, Малага, адвокатот Дерош на другите гости им раскажува приказна за аристократот Максим де Трајле.

Де Трајле позајмил многу пари и одбива да ги плати долговите. Двајца париски деловни луѓе Серизе и Клапарон ги купуваат мениците на Де Трајле од неговите должници и тргнале да ги наплатат долговите пари. Серизе се обидува да го поврати долгот со посета и соочување со Де Трајле кој бара исплата. Де Трајле одбива.

Во меѓувреме, Де Трајлес купил читална за да управува со неговата љубовница госпоѓица Антонија Шокардел. На предлог на Кроазо, еден од редовните гости во читалната, Антонија му кажува на Де Трајле за некој вреден мебел што сака да го купи во вредност од 4000 франци. Вели и дека и е досадно да ја води читалната. Така, тие ја продаваат читалната на еден купувач кој Кроазо им го договорил, и го носат готовината со себе за да го купат мебелот. Кога ќе стигнат до местото за да го купат мебелот, сопственикот излегува дека е Серизе маскиран. Така Серизе може да добие целосна исплата на долговите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Honoré de Balzac. The Human Comedy: Introductions and Appendix. Project Gutenberg. Посетено на 20 August 2021.
  2. Frederick Lawton. „Chapter XII: Letters to "The Stranger," 1845, 1846“. Balzac. Wikisource.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]