Куртизана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вирџинија Олдоини, италијанска куртизана и љубoвница na францускиот цар Наполеон III, фотографија од 1866 година

Куртизана (француски: courtisane, италијански: cortigiana) – жена со лесен морал што се движи во високото општество.[1] На куртизаните љубовните врски и давањето сексуални услуги на припадниците на високото општество им претставува главен извор на приходи и/или темел на нивната општествена положба.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборот доаѓа од италијанскиот збор за дворјанка, односно дворска дама, а почнал да се користи во 16 век.

Историја[уреди | уреди извор]

Дворските дами во тоа време, кога браковите на владетелите и другите великодостојници биле мотивирани од политиката наместо од љубовта, претставувале најприкладен и најдостапен облик за „сериозни“ или романтични љубовни врски. Со текот на времето куртизаните станале своевидна институција која освен сексуални давале и други услуги. Така од куртизаните се очекувало да бидат вешти во танцувањето и музиката, односно да бидат доволно образувани и интелигентни за да можат да учествуваат во интелектуалните расправи. Понекогаш куртизаните биле и мажени, најчесто за мажи со понизок општествен статус кои во нивните вонбрачни врски со општествената елита гледале средство за сопствено напредување. Меѓу куртизаните се јавила и хиерархија, така што куртизаните на врвот на општествената скала се сметале за љубовници, додека оние на дното за проститутки.

Денешна употреба[уреди | уреди извор]

Во денешниот свет, во кој се промовира еднаквост на половите, феноменот на куртизани е прилично редок или не е така видлив како во претходните периоди. Денес, изразот првенствено се користи во пејоративна смисла или како еуфемизам за жени за придружба или елитни проститутки.

Прочуени куртизани во историјата[уреди | уреди извор]

Прочуени куртизани во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]