Роднината Понс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустрација на насловната страница од романот (1897)

Роднината Понс (француски: Le Cousin Pons) — роман од францускиот писател Оноре де Балзак, дел од циклусот романи Човечка комедија, првично објавен како серијал во списанието Le Constitutionnel. Балзак го започнал делото во 1846 како новела,[1] но подоцна од него развил уште еден роман, Роднината Бети, како дел од книгата Нарушени односи.[2]

Новелата ја проширил во роман во 1847 со Понс како главен лик, кој бил во врска со Бети. Оттука, Роднината Понс го прикажува машкиот, а Роднината Бети женскиот аспект на нивната врска. Балзак го опишува Роднината Понс како прва, а Роднината Бети како втора епизода од Нарушени односи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. Second,“Histoire des deux bassons de l’Opéra”, Le Siècle, 17–18 August 1841
  2. V.S. Pritchett, ''The Living Novel, 1946, pp. 187, 195