Високи (Стар Град)
Тврдина Високи | |
---|---|
Поглед кон тврдината | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Општи податоци | |
Место | Високо, Босна и Херцеговина |
Координати | 43°58′34″N 18°10′34″E / 43.976° СГШ; 18.176° ИГД |
Тврдината Високи — тврдина која се наоѓала во Стариот град на Високо, Босна и Херцеговина. Денеска од тврдината нема скоро ништо останато, но постои план за негова обнова и реставрација.
Тврдината се наоѓа на врвот Височица, на надморска висина од 766.5 метри на т.н. Босански пирамиди. Тврдината имала форма на неправилен правоаголник со приближни димензии 60м x 25м.
Тврдината претставувала седиште на некогашното Босанско Кралство и за првпат се споменува на 1 септември 1355 година, место каде бил крунисан кралот Твртко I Котромановиќ во 1377 година и место каде бил погребан заедно со неговиот чичко Стефан II Котромановиќ. Овде биле биле напишани многу важни документи во законодавството на средновековна Босна и овде се наоѓала црквата посветена на Свети Козма и Дамјан, која за првпат се споменува во 1244 година. Градот Високи имал дефанзивна улога во заштитата на трговски центар Подвисоки кој се наоѓал веднаш под градот и бил еден од најраните урбани средини во Босна.
Во првите години од османлиското освојување на регионот, тврдината служела како седиште на големиот везир на Босна. Тврдината била напуштена пред 1503 година бидејќи не била споменета во договорот кој бил потпишан помеѓу Унгарија и Османлиите од истата година.
Денес објектот претставува национален споменик на Босна и Херцеговина.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Old town of Visoki becomes a national landmark Архивирано на 30 март 2012 г. (бошњачки)
„Високи (Стар Град)“ на Ризницата ? |