Брза храна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Типичен оброк во САД
Гиро
Пица

Брза храна e термин за храната која што може да биде подготвена и сервирана за многу брзо време. Додека еден оброк со кратко време на подготовка може да се смета за брза храна, својствено терминот соодветствува на храна продадена во ресторан или во продавница, со состојки претходно загреани или претходно приготвени и на тој начин сервирани на купувачот во спакувана форма за носење. Терминот „брза храна“ (Fast Food) постои во речникот на Мериам Вебстер од 1951 година.

Продажните места на брза храна може да бидат на плажа или да се во вид на трафики, каде што може да нема обезбедено покрив над глава за купувачите, или пак места за седење.[1] Овде спаѓаат и рестораните за брза храна. Синџирите на ресторани стандардизираа прехранбени производи испорачани до секој ресторан од централните локации, што претставува брза храна.[2]

Брзата храна често се конзумира како замена за готвена домашна храна. Брзата храна е богата со мрснотии, шеќери, сол и калории.[3] Ако често се конзумира брза храна, може да се појават сериозни заболувања, како на пример, покачен холестерол.[4][5][6][7]

Историја[уреди | уреди извор]

Концептот за брзо подготвена храна за продажба е тесно поврзан со урбаниот развој. Во Стар Рим, градовите имале улици каде што се продавале храна и пијалаци.[8] Во Источна Азија, во продавниците за брза храна се продаваат тестенини. Продавници или ресторани за брза храна постојат во градовите од Средниот Исток, во Индија и во Африка.

Европа[уреди | уреди извор]

Во градовите на античкиот Рим, поголемиот дел од населението живееле во инсули, згради во кои имало повеќе станови. Жителите зависеле од продавачите на храна за поголемиот дел од своите оброци. Наутро јаделе леб потопен во вино како мала ужинка, а зготвен зеленчук и чорби подоцна во текот на денот.[9] Во Среден век, во големите градови и урбаните места како што се Лондон и Париз, постоеле голем број продавачи кои што продавале брза храна, како што се пити, пасти, колач, вафли, палачинки и зготвени меса. Како и во римские градови за време на антиката, овие продавачи ги снабдувале со јадење оние кои што немале средства за готвење на храна, особено луѓето кои живееле сами. За разлика од богатите градски семејства, многумина не можеле да си дозволатда изнајмат дом со кујнска опрема, па јаделе брза храна. Патниците биле исто така чести гости во ваквите ресторани.[10]

Велика Британија[уреди | уреди извор]

Риба и чипс

Во областите кои имале пристап до крајбрежјето, брзата храна често вклучувала морски плодови или морска храна, како што е остригата, a во Лондон, јагулата. Честопати оваа морска храна би била готвена директно на кејот или во близина.[11] Со развојот на рибарскиот брод кон средината на 19 век, се појавило и омилената брза храна во Велика Британија, риба и чипс.

Британската брза храна има значајна регионална варијација. Понекогаш регионалноста на садовите стануваше дел од културата на својата почитувана област. Содржината на брзата храна варираше, со живина (како што е пилешкото), или пердувест дивеч, најчесто користејќи ги заедно. По Втората светска војна, мисирката почесто се користеше во брзата храна.[12][13]

Денес во Британија постојат повеќе варијанти на брза храна, што вклучува разни видови на сендвичи, печено пилешко, но и храна од другите кујни, како ќебапи и пица.

Соединетите Американски Држави[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна, во Америка се појавиле кино сали и ресторани, каде се влегувало со автомобил. Американската компанија „Бел замок“ (White Castle) од Канзас, во 1921 година била втората продавница за брза храна, и првиот ланец за хамбургери, кој што се продавал по цена од само пет центи.[14] Волтер Андерсон го отворил првиот ресторан „Бел замок“ во Вичита, во 1916 година, воведувајќи ограничено мени, ниски цени, и хамбургер што бил брзо подготвуван.[15] Покрај сите останати иновации, потрошуачите можеле да гледаат како им се подготвува храната.

Домашна достава на храна била воведена во доцните дваесетти години од 19 век, а во 1940-те години доставувачите користеле ролшуи.[16]

Се смета дека Соединетите Американски Држави ја имаат најголемата индустрија за брза храна во светот, а американските ресторани за брза храна имаат свои претставништва во преку 100 земји низ светот. Приближно 4,7 милиони работници во Соединетите Американски Држави се вработени во индустријата за подготовка на храна и служење на храната, вклучувајќи ја брзата храна.[17]

Храна за носење[уреди | уреди извор]

Мек Доналдс во Чикаго

Продавниците за брза храна им овозможуваат на потрошувачите да си ја земат храната со себе, а често таа услуга им овозможува да нарачаат и да ја подигнат храната без да излезат од своите автомобили. Денес, продавниците за брза храна имаат по неколку маси (надвор и внатре) каде може да се изеде храната на лице место.

Брзата храна станала популарна поради тоа што не бил потребен традиционален прибор за јадење. Најчесто, менито за брза храна вклучуваЧ риба и чипс, сендвичи, пити, хамбургери, пилешко, помфрит, пилешки прсти, такос, пица, хот дог и сладолед, a некои ресторани за брза храна нудат и чили, пире од компири и салати.

Брза храна може да се купи и на бензиските пумпи, кои најчесто продаваат спакувани сендвичи, крофни и друг вид храна.

„Уличната храна“ е достапна насекаде низ светот, и обично се продава од количка, тезга, скара или моторно возило. Во некои култури, типично за уличните продавачи е да ги извикуваат цените, да пеат или да пуштаат музика.

Брза храна[уреди | уреди извор]

Денес брзата храна најчесто е прозиведена со висок квалитет, односно на високо ниво со стандардизирани состојки и стандардизирани готвачки и производни методи. Најчесто се пакува во хартиена кутија или во пластична хартија за пакување, со што се намалува цената. Во најголем дел, брзата храна се подготвува од состојки кои се претходно подготвени, а потоа само се подгреваат, или се пржат во фритеза или пак се печат на скара. Овој процес обезбедува постојан квалитет на прозиводите, а воедно е клучен елемент при брзото подготвување и испорака на храната. Исто така, овој начин на подготовка го елиминираш трошокот за опрема.

Поради брзата подготовка, постојаните состојки и ниската цена, производите на брзата храна најчесто се направени од состојки со кои се постигнува одреден постојан вкус.

Варијанти[уреди | уреди извор]

Разни видови на суши
Јагнешки ќебап

Покрај хамбургер, чипс, хот дог, и останатите сендвичи, постојат варијанти на брза храна кои се дел од кинеската кујна, јапонската кујна (суши), потоа разни видови на тестенини, ориз или месо, пица, разни видови на салати, ќебапи, плескавици и друга храна подготвена на скара. Во некои случаи, храната е понудена на самопослужување. Купувачот ја избира големината на кутијата, а потоа ја полни со негов избор на храна. Многу од овие ресторани за брза храна нудат бесплатна достава за купувачите, доколку купат производи над некоја одредена вредност.

Продавниците за пржена риба и пржени компирчиња се вид на брза храна која што најмногу е распространета во Велика Британија, Нов Зеланд и Австралија. Рибата е здробена и потоа сервирана со пржен компир.

Германците пак, имаат свои видови на брза храна. Еден оброк брза храна кај нив се состои од една порција пржен компир, со прелив и некој вид на месо. Најчестиот прелив кој што го употребуваат со пржениот компир е мајонезот, а друг вид на прелив може да биде кечап или пак сос од кикиритки. Понекогаш пржениот компир го сервираат со различни комбинации на сосови, меѓу кои најчесто се користат: мајонез, зачинет или незачинет кечап, и сечкан кромид; мајонез со сос од кикиритки (понекогаш и со кечап и исечкан кромид). Месото е некаков вид пржено месо или крокети.

Во Португалија, има неколку видови на локална брза храна и специјализирани ресторани за ваквиот вид на кујна. Едно од најпопуларнiтe јадењa е познатото „франго асадо“ (пилешко на скара, претходно маринирано), „еспетада“ (сочна мисирка или свинско месо на две стапчиња) и „бифанас“ (свински котлети со специфичен сос сервирани како сендвич). Ваков вид на храна честопати е сервиран со пржен компир.

Индустријата на брза храна[уреди | уреди извор]

Само во Соединетите Американски Држави во 2012 година на брза храна биле потрошени околу 160 милијарди американски долари (во споредба со 1970 година, кога потрошувачката изнесувала 6 милијарди американски долари).[18][19]

Во 2006 година, порастот на глобалниот пазар за брза храна порасна за 4,8% и со тоа достигна вредост од 102,4 милијарди фунти.[20] Само во Индија, индустријата за брза храна расте за 41% годишно.[21] Мекдоналдс е лоциран во 126 држави и на 6 континенти.[22] Најголемиот Мекдоналдс ресторан во светот се наоѓа во Орландо, САД.[23]

Има голем број на ресторани за брза храна низ светот. Бургер Кинг има повеќе од 11.000 ресторани во повеќе од 65 држави. KFC е лоциран во повеќе од 25 држави. Сабвеј е еден од рестораните кој што најбрзо се развил. Од мај 2009 година, во повеќе од 90 држави се изградени приближно 39.129 ресторани. Пица Хат (Pizza Hut) се наоѓа во над 97 земји, од кои 100 локации се наоѓаат во Кина. „Тако Бел“ (Taco Bell) брои 278 ресторани лоцирани во 14 земји, без Соедиентите Американски Држави.

Критика[уреди | уреди извор]

Синџирите на брзата храна дојдоа до пресврт од некои групи на потрошувачите, како што е Центарот за наука на Јавниот интерес. Долго време имаше критики во врска со Fast food, како што се калоричните производи и големините на порциите. Во 2001 година, истражувачката работа на Eric Schlosser (Ерик Склозер) – Fast Food Nation, им обезбеди на американците детален поглед на културата на брзата храна од најниско па се до највисоко рангираните. Во 2008 година, Caeser Barber се обиде да тужи голем број на ресторани со брза храна затоа што направиле тој да се здебели. Случајот никогаш не излезе пред суд. Многу научници ја истакнаа значајноста на брзата храна во многу урбани легенди, кои што предвидуваат дека модерните потрошувачи имаат амбивалентни врски со Fast food, особено децата. Оваа вина е предвидена со храна, каде чудни измислици со загадување и невнимателност се крајно поверувани.

Друга загризжувачка работа е порастот на Slow Food, или движењата на локалната храна. Овие движења трагаат по обезбедување на локална кујна и состојки и со тоа директно се спротивставуваат на законите и навиките и го карактеризираат изборот на брзата храна. Застапниците на движењата на Slow food се обидуваат да ги едуцираат потрошувачите за тоа- што нивните членови сметаат дека е богата храна, по различни вкусови на освежителност, локални состојки кои до неодамна биле нажнеани. Во Јапонија, нагласувањето се базира на образованието за исхранувањето и прозиводството, наречено „шокоику“. Владата не учевствува во кампањата против личните одлуки, но убедува дека секој жител разбира од каде доаѓа храната.

McDonald's in Moscow, 2008.jpg

Здравствени прашања[уреди | уреди извор]

Во согласност со Комитетот за Медицинско Здружение за Исхрана во Масачусетс, брзата храна е особено висока во дебела содржина, а некои студии создадоа здруженија помеѓу конзумирањето на брзата храна и здобивањето на тежината. Во 2006 година се направила студија со која се хранат мајмуни со диета која содржи слично ниво на калории како што би изедил човек кој се исхранува со брза храна. Двете диети имаа ист број на калории. Двете произведија знаци на инсулинска издржливост, кое што претставува рана фаза на дијабетис. По 6 години од оваа диета, мајмуните се здобиваат со 7.2% тежина, во споредба со само 1.8% од оние кои беа заситени.

Директорот на програмата за згоеност на детската болница во Бостон, Дејвид Лудвиг тврди дека потрошувачите на брзата храна го зголемија конзумирањето на калориите, промовирајќи зголемена тежина, и огромен ризик за дијабетичарите. Центрите за контрола и спречување на повреди ја рангираа згоеноста на високо место во 2003 година. Претставува втора причина за неспречива смрт во Соединетите Американски Држави и резултира со 400.000 смртни случаи секоја година. Околу 60 000 возрасни американци се класифицирани како дебели, во споредба со 127 000 кои се со прекумерна тежина. Здравствените прашања поврани со економските причини за згоеност исчезнуваат што се однесува до здравствената нега. Според студија во 2003 година во Јужна Каролина, цената на здравствена нега во Америка изнесува 93 милиони долари годишно, главно од два типа на дијабетис и срцева болест, двете поврзани со згоеноста.

Претераните калории се уште еден проблем кој е поврзан со брзата храна. Според B. Lin(Б. Лин) и E. Frazao(Е.Фразао), од Одделот за Земјоделство, тврдат дека процентот на калории во конзумирањето на брзата храна се зголеми од 3% на 12% од вкупните калории конзумирани во С А Д. Редовен оброк во Мек Доналдс се состои од Big Mac (Биг Мек), голем помфрит, голема кока кола, а сето тоа содржи 1.430 калории. Диета која содржи приближно 2 000 калории се смета за здрав диета за еден ден ( кое може да биде различна за секој зависно од неколку фактори како што се возраста, тежината, височината, физичката активност и полот).

Во еден истражувачки експеримент направен од педијатри, 6 212 деца и адолесценти на возраст од 4 до 19 години беа испитувани за да откријат некои информации за брзата храна. По интервјуто со испитаниците за експериментот, беше откриено дека на даден ден, 30.3% од учесниците конзумираат fast food. Конзумирањето на брза храна беше распространето и кај машките и кај женските, кај сите етнички групи, и во сите региони од државата. Децата кои јадат брза храна, споредбено од оние што не јадат, имаат поголема тежина, повеќе јагленохидрати и засладени пијалоци.

Исто така, оние кои конзумираат брза храна, во организмот внесуваат помалку млеко, овошје и зеленчук.

По прегледот на тест резултатите, истражувачите заклучија дека конзумирањето на брза храна од страна на децата се чини дека има негативен ефект на диетата на поединецот, со тоа што може значително да го зголеми ризикот на згоеност. Просечно една третина од децата во Соединетите Американски Држави на возраст од 4 до 19 години јадат брза храна секој ден. Со текот на годините, оваа лоша навика прави децата да се здобиваат со плус 6 килограми годишно.

Контроверзноста на Цезар Барбер[уреди | уреди извор]

Цезар Барнер (роден во 1945 година) е американец кој стана познат по своите обиди да ги тужи синџирите на McDonalds, Burger King, Wendy's и KFC поради тоа што го направија зависен од нивната храна, а тоа резултираше со прекумерна тежина. За време на судењето, Барбер беше 57 години и имаше 123 килограми. Тој беше медицински згоен, страдаше од дијабетис и имаше два срцеви удари. Живееше во Бронкс. По некој приод тој јадеше брза храна 4 до 5 пати неделно.

“Им ги препишувам сите мои (здравствени проблеми) на McDonalds, Burger King, Wendy's и KFC- немаше брза храна која не ја јадев, а јадев многу често, не поради тоа што бев сам, туку затоа што не сум добар готвач, а и беше многу брзо. Беше потреба, мислам дека ме убиваше, мојот доктор викаше дека ме убива, а јас не сакав да умрам”.

Неговиот адвокат, Samuel Hirsch (Семуел Хирч), се надеваше дека со овој случај ќе го подобри својот статус, а притоа ќе има можност да суди во име на сите со прекумерена тежина во Њујорк. Повеќе од 30% од американците се со прекумерена тежина, 30% од тие се згоени, а повеќе од половината јадат редовно во Мек Доналдс.

Хирч се отповика на тоа да ги прогласи Фирмите на McDonalds, Burger King, Wendy's и KFC за одговорни и виновни во поставувањето на нивните информации за исхраната. Тој кажа дека тие мораат да нудат поздрави опции на нивното мени, и дека тие создаваат фактор на зависност кај нивните потрошувачи, особено кај сиромашните и децата.

“Немаш потреба од никотин или некоја друга дрога за да станеш зависен, ти создаваш желба. Мислам дека ке дознаеме дека индустријата на брзата храна не беше во целост во конфликт со потрошувачите”.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jakle, John (1999). Fast Food: Roadside Restaurants in the Automobile Age. Johns Hopkins University Press. ISBN 0-8018-6920-X. ; Brueggemann, Walter (1993). Texts Under Negotiation: The Bible and Postmodern Imagination. Fortress Press. ISBN 0-8006-2736-9. 
  2. Talwar, Jennifer (2003). Fast Food, Fast Track: Immigrants, Big Business, and the American Dream. Westview Press. ISBN 0-8133-4155-8. 
  3. Hellesvig-Gaskell, Karen. „Definition of Fast Foods | LIVESTRONG.COM“. http://www.livestrong.com/article/49366-definition-fast-foods/. 
  4. Pietrangelo, Ann; Carey, Elea. „13 Effects of Fast Food on the Body“. http://www.healthline.com/health/fast-food-effects-on-body. конс. 20 март 2016 г. 
  5. „Susan Cohan Colon Cancer Foundation: Prevention: Eating Well/Diet“. https://coloncancerfoundation.org/prevention/eatingWellDiet.html. 
  6. Publications, Harvard Health. „Red meat and colon cancer - Harvard Health“ (на en-US). http://www.health.harvard.edu/family-health-guide/red-meat-and-colon-cancer. 
  7. „Snacking on sweets, fast food and fizzy drinks is linked to bowel cancer for the first time“. http://www.dailymail.co.uk/health/article-2363152/Snacking-sweets-fast-food-fizzy-drinks-linked-bowel-cancer-time.html. 
  8. „Ancient Romans preferred fast food“. http://www.abc.net.au/science/articles/2007/06/20/1956392.htm. конс. 30 јуни 2016 г. 
  9. Stambaugh, John E. (1988). The Ancient Roman City. JHU Press. стр. 200, 209. ISBN 978-0-8018-3692-3. 
  10. Carling, Martha (2003). Food and Eating in Medieval Europe. Bloomsbury Academic. стр. 27–51. ISBN 978-1852851484. 
  11. BBC (31 август 2006). „Eel and pie shop“. BBC. http://news.bbc.co.uk/2/hi/uk_news/politics/5301158.stm. конс. 24 ноември 2007 г. 
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Mail.
  13. "Bacon butties, roast dinners and a cuppa: 50 things we love best about Britain show we're a nation of food lovers". Daily Mail. Retrieved 3 November 2016
  14. National Public Radio (2002). „The Hamburger“. NPR. архивирано од оригиналот на 11 септември 2002. http://web.archive.org/web/20020911155727/http://www.npr.org/programs/morning/features/patc/hamburger/. конс. 23 ноември 2007 г. 
  15. James P Farrell. „The Evolution of the Quick Service Restaurant“. A Management Consultant @ Large. http://jpfarrell.blogspot.com/2007/11/evolution-of-quick-service-restaurant.html. конс. 14 февруари 2008 г. 
  16. Mcginley, Lou Ellen (2004). Honk for Service, a Man, a Tray, and the Glory Days of the Drive-in. Tray Days Publishing. ISBN 978-0615126975. 
  17. „BLS.gov: Food and Beverage Serving and Related Workers“. 17 декември 2015. http://www.bls.gov/ooh/food-preparation-and-serving/food-and-beverage-serving-and-related-workers.htm. конс. 6 април 2016 г. 
  18. „Fast Food Industry Analysis 2015 - Cost & Trends“. http://www.franchisehelp.com/industry-reports/fast-food-industry-report. конс. 24 мај 2015 г. 
  19. Schlosser, Eric (2001). Fast Food Nation: The Dark Side of the All-American Meal. Houghton Mifflin Books. ISBN 0-395-97789-4. 
  20. „Our Life Policy Research Notes on takeaways - The UK fast-food market“. архивирано од оригиналот на 14 јануари 2013. https://web.archive.org/web/20130114222613/http://ourlife.org.uk/silo/files/takeaways-factsheet.pdf. конс. 28 јули 2012 г. 
  21. „Worldwatch Institute“. http://www.worldwatch.org. 
  22. „The Fast Food Factory“. http://www.bbc.co.uk/worldservice/specials/1616_fastfood/. 
  23. „World's Largest McDonald's in Orlando, FL“. http://www.vacationsmadeeasy.com/OrlandoFL/pointsOfInterest/WorldsLargestMcDonaldsinOrlandoFL.cfm. конс. 24 мај 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]