Кечап

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кечап
Кечап
Други имињаCatsup, tomato sauce, ketsup, red sauce
ВидCondiment
Главни состојкидомат, шеќер, оцет, сол, зачин
Кечап и помфрит

Збoрот кечап потекнува од кинескиот збор ке-тсиап кој значи сос сличен на ферментирани зрна од соја. Тоа е популарен сос од домат,[1][2] и не е само вкусен додаток за јадење, туку е и многу здрав. Има препознатлива црвена боја и се јаде ладен. Основни состојки му се домат, пипер, кромид , магдонос, шеќер, цимет, каранфил, оцет[3]. Засладувачот е најчесто шеќер или фруктоза од пченкарен сируп. Зависно од видот на рецептот зависи и кој зачини би се додале за правење на кечепот. Во денешно време некои јадења не можат да се замислат без употреба на кечепот како додаток на: пица, помфрит, топли сендвичи, колбаси, хамбургери, виршли, печено месо на скара сите видови и секако во многу други јадења.

Историја[уреди | уреди извор]

Шише со кечап

До почетокот на 18- век, кечепот е за првпат е направен во малајската држава (денешна Малезија и Сингапур). Првиот кечап во таа регија е откриен од еден британски истражувач. Многу варијанти на кечепот се правени, но оригиналната која е направена од домати и која денес нам ни е позната, настанала цел еден век подоцна после разноразни направени рецепти. Во 1801 година рецептот за доматен кечеп е изготвен од страна на Сенди Адисон, а подоцна рецептот бил објавен во американскиот печатен кувар Слатка Куќа.

Видови[уреди | уреди извор]

Домашен македонски кечап
Кечап

Постојат три врсти на кечеп:

  • лут
  • благ
  • пица кечеп

Нутритивни вредности[уреди | уреди извор]

Кечап во кесичка

Една лажица кечеп има 15 калории, но сите тие калории потекнуваат од шеќерот. Кечепот не содржи ни масти, ни белковини. Освен тоа, овој прилог содржи исклучително многу натриум (190 мг). Сепак, направен е од домат, тако што содржи мала количина антиоксиданси.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Smith, Andrew F. (1996). Pure Ketchup: A History of America's National Condiment, with Recipes. University of South Carolina Press. стр. 17. ISBN 978-1-57003-139-7. Посетено на 1 октомври 2013.
  2. „Ketchup: A Saucy History“. History. 2012-07-20. Посетено на 15 март 2013.
  3. „Домашен кечап (салца)“. MKDNews.com. 2014-09-19. Архивирано од изворникот на 2016-04-20. Посетено на 2017-09-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]