Богдан Брецељ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Богдан Брецељ
Bogdan Brecelj.jpg
Роден 5 јуни 1906
Горица, Австроунгарија
Починал 9 септември 1986
Љубљана, СФРЈ
Националност Југословен
Занимање лекар
Учество во војниНародноослободителна војна
СлужбаНОВ и ПОЈ; ЈНА
Чинполковник во резерва
Член на КПЈ од1943


Проф. др Богдан Брецељ (Горица, 5 јуни 1906 — Љубљана, 9 септември 1986) бил академик, учесник во Народноослободителната бојна, доктор на медицински науки, универзитетски професор, лекар, санитетски полковник на ЈНА и јунак на социјалистичкиот труд.

Животопис[уреди | уреди извор]

Богдан Брецељ студирал медицина во Виена и Инсбрук, каде и докторирал во 1929 година. Специјализирал хирургија во 1935 година во Љубљана, а во Берлин, Болоња, Виена, Прага и Падова ортопедија во 1937 година. Истата година застанал на чело на хируршко-ортопедското одделение во Љубљана.

Народноослободителна војна[уреди | уреди извор]

Бил еден од основачите на медицинскиот одбор на Ослободителниот фронт во Љубњана. Италијанските фашисти поради тоа двапати го уапсиле во 1943 година, но тој успеал да побегне и да се префрли на ослободената територија, каде ѝ се приклучил на НОБ. За време на војната обавувал различни функции, а од 1944 бил главен хирург во медицинскиот дел на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Словенија. Во 1945 година станува регионален организационен сектретар на народноослободителниот одбор за словенското приморје и Трст.[1]

Повоена кариера и медицина[уреди | уреди извор]

По крајот на Втората светска војна, на 31 август 1945 годнина избран е за продекан на Медицинскиот факултет во Љубљана. Во 1946 основал катедра за Клиничка ортопедија на Медцинскиот факлултет. Исто така, заслужен е за организирање ортопедски болници за лечење остеоартикуларна туберколоза ширум Словенија и Истра и основање на институции за рехабилитација. Од 1947 година е лични лекар, а од 1951 година член на лекарската екипа која била задолжена за оперирање на Тито. Во 1948 година основал физиотерапевтска школа во Ровињ. На негов предлог во 1958 е воведен студиски предмет на студиите по медицина - Основи на физиотерапијата и рехабилитацијата. Под негово раководство воведени се и нови методи на лекување: атропластика со протеза, отворен третман на остеоартикуларна туберкулоза користејќи конзервативна хомоиотрансплантатова коска и основал коскена банка, прва од тој вид во Југославија. Вовел нов метод за хируршко лекување на конгенитална дислокација на колкот, користејќи остеосинтетички материјал. Исто така, го усовршил секторот за прва помош и 20 години ја водел Горската служба за спасување, организирајќи бројни курсеви поврзани со планинско спасување. За време на болеста на претседателот Јосип Броз Тито од 3 јануари 1980 до неговата смрт на 4 мај 1980 година бил шеф на лекарскиот конзилиум.

Академик Брецељ бил редовен член на Совенечката академија на науките и уметностите од 1949 година, дописен член на Српската и Хрватската академија од 1961, односно 1963 година, како и член на Советската академија на медицински науки, почесен член на Словенечката медицинска асоцијација и на Меѓународното друштво за ортопедска хирургија и трауматологија.

Носител е на Партизанска споменица 1941 и други југословенски одликувања, меѓу кои и Орден и за јунак на социјалистичкиот труд, Орден на југословенското знаме со лента, Орден на Републиката и др.

Добитник е на АВНОЈ-ската награда за 1968 година и наградата Кидрич за 1986 година.

1967 станува член на Советот на федерацијата. По заминувањето во пензија во 1976 година, избран е за почесен професор на Љубљанскиот универзитет. На стогодишнината на словенското лекарско друштво избран е за почесен член.

Автор е на неколку книги и над 100 стручни трудови во домашни и меѓународни списанија.

Неговиот татко Антон Брецељ бил лекар, додека неговиот брат Маријан Брецељ друштвено-политички работник и народен херој.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Југословенски савременици: ко је ко у Југославији. „Хронометар“, Београд 1970. година. (на српски)
  • Војни лексикон. „Војноиздавачки завод“ Београд, 1981. година. (на српски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]