Атлетика на Летните олимписки игри 2012 – 10.000 метри за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атлетика на
Летните олимписки игри 2012

Athletics pictogram.svg
Дисциплини на патека
100 м   мажи   жени
200 м мажи жени
400 м мажи жени
800 м мажи жени
1.500 м мажи жени
5.000 м мажи жени
10.000 м мажи жени
100 м со пречки жени
110 м со пречки мажи
400 м со пречки мажи жени
3.000 м со препреки мажи жени
4 х 100 м штафета мажи жени
4 х 400 м штафета мажи жени
Дисциплини на отворено
маратон мажи жени
20 км одење мажи жени
50 км одење мажи
Дисциплини на поле
Скок во далечина мажи жени
Трискок мажи жени
Скок во височина мажи жени
Скок со стап мажи жени
Фрлање ѓуле мажи жени
Фрлање диск мажи жени
Фрлање копје мажи жени
Фрлање кладиво мажи жени
Комбинирани дисциплини
Седмобој жени
Десетобој мажи

Дисциплината 10.000 метри за мажи на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија се одржала на Олимпискиот стадион на 4 август.[1]

По една година во јавноста, светскиот првак на 5.000 метри и домашниот херој Мо Фарах пристигнал на оваа трка за негово крунисување. Гордите етиопски, кениски и еритрејски екипи имале цел да го нарушат неговиот план. Од почетокот, Фарах заостанувал неколку чекори зад водечките. По првиот круг на браќата Бекеле, бранителот на титулата од Пекинг Кениниса Бекеле бил зад неговиот помлад брат Тарику. По шест круга на трката, носителот на светскиот рекорд во полумаратон Зерсенај Тадезе ги донел неговите еритрејски сонародници на чело на групата да дадат сопствено темпо. Истовремено, Мосес Кипсиро доживеал пад, кој за малку го избегнале Фарах и неговиот американски тренинг-партнер Гален Руп. Кога Тарику дошол зад Тадезе, неговиот обид да го држи сопствено темпо намалил. На половина од трката се постигнал резултат од 14:05,79, сè уште со Тадезе во водство, иако Бедан Кароки Михури наскоро го преземал водството. Во водечката група се наоѓале 3 Етиопијци, 3 Еритрејци, 2 Кенијци, Кипсиро, Арикан, Фарах и Руп. Тактичката игра продолжува и понатаму, кога Тарику го блокирал Фарах, предизвикувајќи да дојде од надворешната страна, додека третиот Етиопјанец Гебрегзијабер Гебремаријам, повеќе познат како маратонец бил во водство, но наместо да наметне темпо, тој го намалил. На два круга пред крајот, Тарику изгледал посиле од браќата во водство, Фарах бил веднаш зад него, додека Масаи, Руп и Михури биле во групата. На последниот круг, Фарах го направил неговиот потег и заминал во водство, додека браќата и Михури неуспешно се обидувале да го следат. Во последната кривина, Руп се одвоил и го поминал Тарику за среброто.

Формат на трката[уреди | уреди извор]

Дисциплината 10.000 метри за мажи се состоела само од една трка,[2] самото финале, на кои биле дел сите квалификувани натпреварувачи.

Рекорди[уреди | уреди извор]

Пред трката, постоечки светски и олимписки рекорд биле следниве:

Светски рекорд Етиопија Кенениса Бекеле (ЕТИ) 26:17,53 Брисел, Белгија 26 август 2005
Олимписки рекорд  Кенениса Бекел (ЕТИ) 27:01,17 Пекинг, Кина 17 август 2008

Распоред[уреди | уреди извор]

Сите времиња се според UTC+1

Датум Време Коло
Сабота, 4 август 2012 21:15 Финале

Резултат[уреди | уреди извор]

Место Име Националност Резултат Забелешки
 Златен Мо Фарах  Велика Британија (GBR) 27:30,42
 Сребрен Гален Руп  САД (USA) 27:30,90
 Бронзен Тарику Бекеле  Етиопија (ETH) 27:31,43
4 Кенениса Бекеле  Етиопија (ETH) 27:32,44
5 Бедан Кароки Михири  Кенија (KEN) 27:32,94
6 Зерсенај Тадезе  Еритреја (ERI) 27:33,51
7 Теклемаријам Медин  Еритреја (ERI) 27:34,76
8 Гебрегзијабер Гебремаријам  Етиопија (ETH) 27:36,34
9 Полат Кембој Арикан  Турција (TUR) 27:38,81 PB
10 Мосес Ндиема Кипсиро  Уганда (UGA) 27:39,22
11 Камерон Левинс  Канада (CAN) 27:40,68
12 Мосес Ндиема Масаи  Кенија (KEN) 27:41,34
13 Датан Риценхајн  САД (USA) 27:45,89
14 Роберт Кајуга  Руанда (RWA) 27:56,67 PB
15 Нгузе Тесфалдет  Еритреја (ERI) 27:56,78
16 Томас Ајеко  Уганда (UGA) 27:58,96
17 Мукелд Ал-Утаиби  Саудиска Арабија (KSA) 28:07,25
18 Мохамед Ахмед  Канада (CAN) 28:13,91
19 Метју Тегенкамп  САД (USA) 28:18,26
20 Бен Сен Лоренс  Австралија (AUS) 28:32,67
21 Диего Естрада  Мексико (MEX) 28:36,19
22 Јуки Сато  Јапонија (JPN) 28:44,06
23 Ајад Ламдасем  Шпанија (ESP) 28:49,85
24 Даниеле Меуки  Италија (ITA) 28:57,46
25 Крис Томпсон  Велика Британија (GBR) 29:06,14
26 Микола Лабовски  Украина (UKR) 29:32,12
Али Хасан Махбоб  Бахреин (BRN) DNF
Бајрон Пједра  Еквадор (ECU) DNF
Вилсон Кипроп  Кенија (KEN) DNF

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Атлетика на Летните олимписки игри 2012
  2. „10.000 метри за мажи“. Лондон 2012 Организациски комитет. конс. 12 јуни 2012.