Јоргос Карагунис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грција Јоргос Карагунис
Karagounis 2008.jpg
Лични податоци
Роден на 6 март 1977 (1977-03-06) (41 г.)
Роден во Пиргос, Грција
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција среден ред
Повлекување како играч - 2014 (37 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996-2003 Панатинаикос Панатинаикос 118 (25)
1996-1998Аполон Смирнис Аполон Смирнис 55 (9)
2003-2005 Интер Интер 21 (0)
2005-2007 Бенфика Бенфика 45 (3)
2007-2012 Панатинаикос Панатинаикос 133 (16)
2012-2014 Фулам Фулам 39 (1)
Репрезентација
1996-1999 Грција Грција 21 39 (11)
1999-2014 Грција Грција 139 (10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Јоргос Карагунис (грчки: Γιώργος Καραγκούνης; роден на 6 март 1977 во Пиргос) e поранешен грчки фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во Панатинаикос, но во 1996 бил позајмен на две години на Аполон Смирни. Во 1998 се вратил во Панатинаикос и бил дел од првиот тим во следните пет сезони. Во сезоната 2000-2001 остигнал незаборавен погодок против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.

Во летото 2003 се преселил во италијанскиот Шинтер, со кој триумфирал во Купот на Италија во 2005, со победа во финалето над Рома.

По завршувањето на сезоната 2004-2005 го напуштил клубот и потпишал за Бенфика, каде дури во неговата втора сезона го покажал целиот свој раскошен талент и квалитет, под водство на тренерот Фернандо Сантош кои го познавал Карагунис од претходно уште од времето кога го тренирал во Панатинаикос. Иако имал добра втора сезона клубот не освоил ништо и во летото 2007 Карагунис се вратил во Панатинаикос. Во септември 2009 потпишал нов договор со клубот во трајност до 2012 година, кој се очекувало да биде неговиот последен договор во фудбалот.[1] Како капитен на екипата му помогнал на Панатинаикос да го освои првенството и Куп на Грција.

По истекот на договорот со Панатинаикос заминал во привремена пензија пред да му биде понуден договор од Фулам за да игра во Англиската Премиер лига. На 11 септември потпишал едно-годишен договор со котиџерс.[2] Иако по завршувањето на сезоната на Карагунис не му бил понуден нов договор за продолжување на соработката со Фулам, сепак тоа се случило некаде во срединатана летото и тој останал во клубот за уште една сезона. По завршувањето на сезоната 2013-2014, по која Фулам испаднал од Премиер лигата Карагунис бил еден од деветте играчи на Фулам кој биле отпуштени од клубот, така што не им бил понуден нов договор.[3][4]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Карагунис со капитенската лента во дресот на грчката репрезентација во 2010

Карагунис бил капитен на Грчката репрезентација под 21 година на ЕП 1998, со која стигнал до финалето каде загубиле од Шпанија со 1-0. За сениорската репрезентација дебитирал во 1999 година против Салвадор.

Врвот на неговата репрезентативна кариера било освојувањето на Европското првенство 2004; био еден од клучните играчи, го постигнал првиот гол на турнирот против Португалија во победата со 2-1. Подоцна Карагунис учествувал и на Купот на конфедерации 2005, и Европското првенство 2008. Во подоцнежните денови од кариерата како капитен го предводел грчкиот состав на Светското првенство 2010, каде Грција била елиминирана уште во групната фаза од турнирот.

Свој 100-ти натпревар за репрезентацијата го одиграл на 8 октомври 2010 против Латвија.

Иако во доцни играчки години настапил со репрезентацијата и на Европското првенство 2012 и Светското првенство 2014 и на двете бил еден од најдобрите во својата репрезентација допринесувајќи многу за пласманот во нокаут фазата.

Својот последен официјален натпревар во кариерата го одиграл токму во националниот дрес во елиминиацијата на пенали од Костарика во осминафиналето на Светското првенство 2014.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Интер[уреди | уреди извор]

Грција Панатинаикос[уреди | уреди извор]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Сениорска репрезентација на Грција
Грција под 21 година

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]