Прејди на содржината

Егејска Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
по-добра слика
неутралност
Ред 1: Ред 1:
'''Егејска Македонија''' или '''Грчка Македонија''' (односно '''Приморска (Беломорска) Македонија''') е јужниот регион на етничката териоторија на [[Македонија]], (денес под северна [[Грција]]).
'''Егејска Македонија''' или '''Грчка Македонија''' (односно '''Приморска (Беломорска) Македонија''') е една териоторија на [[Грција]] дека е јужниот регион на крајот на [[Македонија]].
Се состои од три подрегиони: [[Западна Егејска Македонија]] каде процентот на [[Македонци]] е најголем и се движи од 88% во [[Лерин]], 79% во [[Воден]] и 57% во [[Костур]], [[Централна Егејска Македонија]] каде што [[Вардар]] се влива во [[Егејско Море|Егејското Море]] кај [[Солун]] и [[Источна Егејска Македонија и Тракија]] каде што поради националистичко-фашизоидната политика на Кралството [[Грција]] за време на [[Граѓанска војна во Грција|Граѓанската војна (1945-1949)]] беа избркани и протерани огромен број на [[Македонци]] од [[Серез]], [[Драма]], и [[Кавала]]. Главен и најголем град е Солун.
Се состои од три подрегиони: [[Западна Егејска Македонија]] каде процентот на [[Македонци]] е најголем и се движи од 88% во [[Лерин]], 79% во [[Воден]] и 57% во [[Костур]], [[Централна Егејска Македонија]] каде што [[Вардар]] се влива во [[Егејско Море|Егејското Море]] кај [[Солун]] и [[Источна Егејска Македонија и Тракија]] каде што поради националистичко-фашизоидната политика на Кралството [[Грција]] за време на [[Граѓанска војна во Грција|Граѓанската војна (1945-1949)]] беа избркани и протерани огромен број на [[Македонци]] од [[Серез]], [[Драма]], и [[Кавала]]. Главен и најголем град е Солун.



Преработка од 15:46, 23 мај 2006

Егејска Македонија или Грчка Македонија (односно Приморска (Беломорска) Македонија) е една териоторија на Грција дека е јужниот регион на крајот на Македонија. Се состои од три подрегиони: Западна Егејска Македонија каде процентот на Македонци е најголем и се движи од 88% во Лерин, 79% во Воден и 57% во Костур, Централна Егејска Македонија каде што Вардар се влива во Егејското Море кај Солун и Источна Егејска Македонија и Тракија каде што поради националистичко-фашизоидната политика на Кралството Грција за време на Граѓанската војна (1945-1949) беа избркани и протерани огромен број на Македонци од Серез, Драма, и Кавала. Главен и најголем град е Солун.

Со поделбата на Македонија, односно со Букурешкиот мировен договор од 1913, одлучено е да овој дел припадне на Грција. Меѓутоа иако тој договор имаше важност 90 години (до 2003), Македонија повторно не се обедини.

Географија на Егејска Македонија

Егејска Македонија може да се подели на 3 посебни географски целини Западен Планински дел со планините Нередска Планина со врвот Вич 2 128 м.н.в. , Сува Гора , Горбеч , Пинд, Грамос, северните падини на Олимп јужните падини на Ниџе, Негушка Планина и Каракамен. Во овој дел се наоѓа и најјужниот дел на Пелагонија односно Леринското Поле. Карактеристично за овој регион се многуте езера Мало Преспанско Езеро, Островско Езеро, Петерско Езеро, Костурско Езеро и Рудинско Езеро. Западна Егејска Македонија како етно-географска целина е карактеристична по тоа што тука концетрацијата на Македонци е најголема во однос на другите делови од Егејска Македонија 43,04%. Втората географска целина е Централна односно Долно Повардарска или Ниска Егејска Македонија. Дури 84% од територијата е огромното плодно Солунско Поле. Во овој дел се вбројуваат и Пајак Планина, Мегленската котлина (поле) и Циганската клисура. Низ овој дел Вардар го завршува своето течение и се влива во Егејското Море кај Солун. Во овој дел застапеноста на Македонскиот народ е околу 17% (посебно во северниот дел Кукуш и околината). Источниот дел на Егејска Македонија може да се крактеризира со 2 големи реки Струма и Места и релативно ниски планини и ридести предели како Круша, Карадаг и други. Застапеноста на Македонско население овде е 11%.

Население и положба на Македонците денес во Егејска Македонија

Податотека:Znameto na Grchka Makedoniya.jpg
Знамето на Грчка Македонија и на Грчките Македонци.

Егејска Македонија денес има околу 2 200 000 жители од кои околу 420 000 - 450 000 (19,09% - 20,45%) се Македонци меѓутоа многу е мал бројот на луѓето кои се декларираат како Македонци поради стравот, репресиите и нападите од грчките власти и националисти кои не само што воопшто не ја признаваат Република Македонија како држава туку го негираат постоењето на македонскиот народ, јазик, историја и култура.

Поради големата националистчка политика етничкиот состав на Источна Егејска Македонија е тотално изменет поради насилните протерувања и убиства на Македонско население за време на Граѓанската војна (1945-1949). Па така од околу 62% македонци во Источниот дел денес има само околу 11%.

Најголема концентрација на Македонци има во северозападниот дел на Егејска Македонија: 88% во Лерин и 79% во Воден.

Македонците во Егејска Македонија немаат никакви национални права, а воопшто не се ни признаени како национално малцинство од грчката влада. Покрај тоа што во одредени реони застапеноста на Македонците е и над 90% забрането им е основното образование на мајчин македонски јазик и воопшто неговата употреба. Македонците во Егејска Македонија велат дека поради тоа нивните деца не го ни знаат воопшто македонскиот јазик и има голема опасност тој да изумре исто како во источните делови. Досега имаше само неколку обиди за 30 минутни вести на македонски јазик на радиото во Лерин.

Партии и организации на Македонците во Егејска Македонија

Македонците во Егејска Македонија и покрај што се непризнати и многу пати напаѓани од властите и националистите сепак се организирани во партијата Виножито сo седиште во Лерин.

Надворешни врски