Теово (Воденско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Техово)
Теово
Καρυδιά
Теово is located in Грција
Теово
Теово
Местоположба во областа
Теово во рамките на Воден (општина)
Теово
Местоположба на Теово во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.78′N 21°57.31′E / 40.84633° СГШ; 21.95517° ИГД / 40.84633; 21.95517Координати: 40°50.78′N 21°57.31′E / 40.84633° СГШ; 21.95517° ИГД / 40.84633; 21.95517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000580000000580 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно387
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Теово или Техово (грчки: Καρυδιά, Каридија, до 1926 г. Τέχοβο,[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 387 жители (2011), сите Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа околу 12 км северозападно од градот Воден, во подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 580 м.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од Воденскиот вилает стои дека во 1619-1620 г. селото Техова има 81 обврзнички домаќинства.[4]

За време на Негушкото востание во 1822 г. 25 мештани, заедно со 40 жители од Држилово под командата Јован Папаревски (Јоанис Папарескас) го осигурале извлекувањето на жените и децата од Негуш.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 г. Техово (Téhovo) било село во Воденската каза со 187 домаќинства, или вкупно 880 Македонци[6].[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Теово живееле 604 Македонци[6].[8] Во овој период во селото делуваат бугарската и грчката пропаганда. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa population chrétienne“) во 1905 г. в Теово имало 720 жители Македонци,[6] од кои 280 под Бугарската егзархија и 440 Цариградската патријаршија.[9] Милоевиќ завел 100 македонски куќи.[3] Во 1908 г. во селото е отворено и народно училиште.[10] Во 1909 г. по желба на грчкиот владика Стефан, воденскиот кајмакам наредил да се затвори бугарското училиште.[11]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога броело 513 жители.[3] Во 1920 г. селото имало 512 жители. Населението биле изложено на асимилациски притисок од властите. Во 1926 г. е преименувано во Каридија.[12] Во 1930-те сите жители независно од возраста биле натерани да учат грчки, а изустувањето на макар еден македонски збор се казнувало со присилно пиење на рицинусово масло.[13]

Втора светска и Граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.[14] Во 1947 г. грчките монархистички власти присилно го иселиле населението на Теово во Воден и Владово, но жителите се вратиле во него по нормализацијата на состојбите.[3] Селото значајно настрадало во текот на Граѓанската војна и голем дел од жителите пребегале во Р. Македонија и разни земји од Источниот блок.

По средината на XX век отселувањето на жителите во Германија зело поголем замав.

Оштетениот споменик на андартот Аграс во Теово.

Во 1962 г. на сретселото се издигнати споменици на андартските капетани Антонис Мингас и Аграс (Телос Агапинос), обесени во 1907 г. од Воденската чета на ВМОРО на патот меѓу Владово и Теово. Бистата на Аграс била цел на повремени напади од месното население[15] Во 2008 г. мештаните ги уништиле статуите на Антонис Мингас и Телос Агапинос меѓу Владово и Теово.[16][17].

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 708 509 603 552 560 498 438 387
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Теово, каде спаѓа и селото Кронцелево.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни производи на населението се оревите, црешите и житото. Делумно е развиено и сточарството, за што постојат погодни пространи терени.[3]

Култура и настани[уреди | уреди извор]

На 21 мај секоја година во месноста Костен се одбележува селската слава Св. Елена.[18]

Цркви[уреди | уреди извор]

  • Св. Ѓорѓи“ — најстарата постоечка црква во центарот на селото, изградена пред 1850 г. Ова е базилика со ѕидови дебели 80 см и два влеза — од јужната и западната страна. со впечатлив позлатен иконостас. Од особено значење е насликаната Богородица, но многу од останатите фрески и икони се преработувани одново.
  • Св. Петка“ — се наоѓа во истоимената месност и е изградена пред 1817 г. Ова е еднокорабна црква со ѕидови дебели 60 см и благо закосен покрив. Меѓу иконите во неа се издвојуваат онаа на Света Петка (1817), додека светците Ефтимиј и Харалампиј, Богородица, Христос и Јован Крстител се живописани со карактеристична едноставност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τέχοβο -- Καρυδιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 58.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 270.
  5. Η επανάστασις και καταστροφή της Ναούσης, Νικόλαος Γ. Φιλιππίδης, Αθήνα 1881, Εκδόσεις Αδελφών Βαρβαρρήγου, σελ. 60
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 156-157.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  10. Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, т. 2, София 1992, стр. 95.
  11. Дебърски глас, година 1, брой 33, 14 ноември 1909, стр. 2.
  12. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. Шклифов, Благой и Екатерина Шклифова. Български диалектни текстове от Егейска Македония, София 2003, стр. 203-204.
  14. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  15. „Καπετάν Άγρας: Μισοκρυμμένη αλήθεια“. Архивирано од изворникот на 2010-02-16. Посетено на 2016-03-01.
  16. Ο Δήμος Έδεσσας ξηλώνει προτομές Μακεδονομάχων και τις αντικαθιστά με σπερματοζωάρια!, http://kostasxan.blogspot.com
  17. Busts of Greek Macedonian Fighters vandalised in Edessa, Youtube
  18. Блог за Теово (грчки)