Света Елена (мајка на Константин)
| Света Елена | |
|---|---|
| мајка на Константин Велики | |
| Роден(а) | околу. 246/50, Хеленополис |
| Умрел(а) | околу. 330, Константинопол, Римска Империја (денешен Истанбул) |
| Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Православие Древноисточни цркви Црква на Англија Лутеранска црква |
| Главно светилиште | Базилика Свети Петар |
| Слава | 18 август (Римокатоличка црква); 21 мај (Православие, Англиканство & Лутеранство); 19 мај (Лутеранска црква); Коптска православна црква) |
| Особини | Вистински крст |
| Заштитништво | археологист, прекрстување, разведени луѓе, царицата, Света Елена остров |
Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena), позната уште ѝ како Света Елена, Елена Августа и Елена од Константинопол (250 – 330) била сопруга на римскиот император Констанциј I Хлор и мајка на императорот Константин Велики.
Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и Православната црква таа се смета како светец. Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст. Според него, Света Елена, мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос.
- Жени од Стариот Рим
- Константинова династија
- Средновековни легенди
- Светци еднакви на апостолите
- Римски императорки
- Грчки светци
- Римокатолички светци од Грција
- Римокатолички светци од Анадолија
- Битинија
- Светци од Анадолија
- Коптски православни светци
- Римјани од 3 век
- Римјани од 4 век
- Христијански светци од 4 век
- Христијанство во Ерусалим