Портал:Архитектура/Избрана биографија/2010

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани биографии во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со животниот пат на архитектите кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една биографија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната биографија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со некој шахист на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Франческо Боромини (1599 — 1667) — италијански архитект, кој се смета за еден од клучните фигури во појавата на барокната архитектура.

Како поклоник на архитектурата на Микеланџело и остатоците од антиката, Боромини развил инвентивна, поинаква и донекаде идиосинкратичка архитектира, која вклучувала употреба на класични форми, геометриски правила и симболични значења во неговите дела. Работел во Рим, каде што се наоѓаат речиси сите негови дела, а и бил современик и соперник на Џан Лоренцо Бернини. Бил вклучен во изградбата на Базиликата Свети петар, како и на Палацо Барберини. Негово најпознато дело е црквата Сан Карло але Кватро Фонтане, расположена ан ридот Квиринал. Прочитајте повеќе


ноември

Осип Бове (1784 — 1834) — руски архитект, претставник на класицизмот, познат по обновувањето на Москва по пожарот во 1812 година.

Се школувал во училиштето на Франческо Кампорези. За време на Наполеоновата инвазија на Русија работел во полицијата, а веднаш по големиот пожар бил вклучен во комисијата за обновување на градот. Речиси сите негови градби биле изградени во Москва, а меѓу најпознатите се: Триумфалната порта, Александровата градина, Манеж и Театарскиот плоштад, вклучувајќи ја и салата на Бољшој театар. Изградил и голем број на цркви, а под негов надзор се одвивал и проектот за обнова на Црвениот плоштад. Прочитајте повеќе


октомври

Сенмут (? — 1463 п.н.е.) — древноегипетски архитект и чиновник во времето на 18. династија.

Познат е по тоа што извршувал бројни функции во времето на фараоните Аменофис I и Тутмозис I, а за време на владеењето на Хатшепсут бил најблизок нејзин поклоник, татковски се грижел за нејзината единствена преживеана ќерка, а според некои материјали се смета дека бил и нејзин љубовник. Ги изградил храмот на Амон Ра во Карнак и гробницата на Хатшепсут во Дер ел Бахари, којашто се смета за една од неспоредливите градби во Древен Египет. По смртта на ќерката на Хатшепсут, бил ослободен од сите должности и исчезнал, па така не се знае точното место каде што бил погребан, но изградил гробница, веднаш до онаа на Хатшепсут во која има цртеж на астрономски календар. Прочитајте повеќе


септември

Луис Саливен (1856 — 1924) — американски архитект, кој се смета за претходник на рационализмот и татко на американскиот модернизам. Бил создавач на едни од првите облакодери, како и концепцијата на ограничена архитектура. Бил истакнат претставник на чикашката школа и еден од основоположниците на прерискиот стил. Бил и учител на Френк Лојд Рајт.

Обрнувајќи големо внимание на орнаментот при изградбата на градбите, Саливен работел и како цртач на орнаменти, а ја издал и книгата „Систем на архитектонскиот орнамент“, посветена на улогата на орнаментот во архитектурата.

Во една своја статија во 1896 година, Саливен за прв пат го споменал законот според кој „формата е последица на функцијата“. Прочитајте повеќе


август

Леон Батиста Алберти (1404 — 1472) — италијански архитект, хуманист и поет, кој се смета за значаен претставник на ренесансната архитектура и водечки ренесансне теоретичар воопшто.

Бил првиот којшто поврзано ги вовел математичките основи за изучување на перспективата. Исто така придонел многу во развојот на криптографијата, развивајќи ја идејата за шифри со повеќе букви. Особен интерес имал и во создавањето на географски карти, при што соработувал со Паоло Тосканели.

Животот на Алберти е опишан во делото „Животите на најинзвонредните сликари, вајари и архитекти“ од Џорџо Вазари. Прочитајте повеќе


јули

Кензо Танге (1913 — 2005) — јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на 20. век.

На почетокот од својата кариера, Танге бил под влијание на Ле Корбизје, а првата слава ја стекнал во 1949 година кога победил на конкурсот за изработка на планот за градот Хирошима. Во 1950-тите години се стремел кон метаболистичкото движење, а кон крајот на 1950-тите, бил и еден од основоположниците на архитектонскиот струкутрализам. Прочитајте повеќе


јуни

Ото Вагнер (1841 — 1918) — австриски архитект и теоретичар.

Започнал да работи во необарокниот стил, но неговите подоцнежни дела се разликувале и се претставници на сецесијата како архитектонски стил. Како најистакнат претставник на Виенската сецесија се смета за еден од оснвополжниците на овој стил. Проектирал многу градби во Австроунгарија, а во 1883 година направил нов градски план на Виена. Автор е на неколку дела и статии, поврзани со новите архитектонски стилови и градското планирање, меѓу кои најпознати се „Модерна архитектура“ и „Велеград“. Работел и како професор на уметничката академија во Виена.

Според своите заслуги го нарекувале „татко на виенската архитектура“ и „учител на целата генерација“. Прочитајте повеќе


мај

Филипо Брунелески (1377 — 1446) — италијански архитект, вајар и инженер, кој се смета за еден од пионерите на раноренесансната архитектура во Италија. Зазема значајно место, не само во архитектурата, туку во целата ренесансна уметност во Италија. Неговото најзначајно дело е куполата на катедралата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца, која била изградена со помош на машина која самиот Брунелески ја измислил за тој потфат.

Според Антонио Манети, Брунелески бил почестен со тоа што бил погребан во катедралата Санта Марија дел Фјоре со мермерна биста, којашто се вели дека била создадена за време на неговиот живот и била поставена на неговиот гроб како епитаф. Прочитајте повеќе


април

Френк Лојд Рајт (1867 — 1959) — американски архитект, дизајнер, писател и просветен работник, кој работел на над 1.000 проекти, од кои повеќе од 500 биле завршени. Неговата работа се одликувала со изградба на многубројни и разновидни објекти, вклучувајќи згради, цркви, училишта, облакодери, хотели и музеи. Тој, исто така проектирал и внатрешни елементи на градбите, како мебел и витраж.

Рајт напишал околу 20 книги и многу статии, а бил и познат лектор во САД и Европа.

Како истакнат и влијателен архитект за време на својот живот, во 1991 година, Американскиот институт за архитектура го прогласил Рајт за „најголем американски архитект на сите времиња.“

Прочитајте повеќе


март

Донато Браманте (1444 — 1514) — италијански архитект и еден од зачетниците на високата ренесанса во Италија. Проектирал многу згради и ја реконструирал базиликата Базиликата Свети Петар во Ватикан.

Со своите дела во Милано, најмногу е запаметен по ректоратот св. Амброзиј и црквата св. Марија. Таму Браманте создава редица проекти и конструира неколку цркви и манастири. Автор е на конструкцијата на катедралата во градот Павија, а исто така ја завршува прочуената миланска црква „Санта Марија деле Грацие“ (источниот дел).

Други познати градби, за чијашто изградба бил ангажиран се капелата во во св. Петар од Монторија (1502) и дворот Белведер во Ватикан (започнат во 1505 година). Прочитајте повеќе


февруари

Антони Гауди (1852 — 1926) — каталонски архитект, кој како припадник на каталонскиот модернизам бил познат по својот единствен стил и индивидуалистички дизајн.

Гауди дипломирал кога имал 26 години и на почетокот работел како дизјнаер на ентериер и декоратор.

Првите негови дела биле во стилови карактеристични за готската архитектура и традиционалната каталонска архитектура. Но, во продолжение тој развиј сосптвен скулптурен стил. Францускиот архитект Ежен Виоле ле Дук, кој промовирал и унапредил една форма од готската архитектура, имал големо влијание врз Гауди. Прочитајте повеќе


јануари

Јакопо Бароци да Вињола (1507 — 1573) — еден од најголемите архитекти на италијанскиот маниризам во XVI век. Неговите две големи ремек-дела се дворецот Вила Фарнезе во Капрарола и езуитската Црква во Светото Име на Исус („Ил Џезу“) во Рим. Тројцата дејци кои преку своите пишани дела го распространиле италијанскиот ренесансен стил ширум запанда Европа се Вињола, Серлио и Паладио.

Ја започнал кариерата како архитект во Болоња, издржувајќи се со сликање и изработка на перспективни обрасци за интарзија. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Јакопо Бароци да Вињола · Антони Гауди · Донато Браманте · Френк Лојд Рајт · Филипо Брунелески · Ото Вагнер · Кензо Танге · Леон Батиста Алберти · Луис Саливен · Сенмут · Осип Бове · Франческо Боромини
2009
Винченцо Скамоци · Џон Неш · Џорџо Вазари · Кејпабилити Браун · Оскар Нимаер · Иниго Џонс · Јакопо Сансовино · Лудвиг Мис ван ден Рое · Андре Ле Нотр · Микелоцо Микелоци · Жил Ардуен Мансар · Имхотеп
2008
Џан Лоренцо Бернини · Андреја Паладио · Синан · Витрувиј