Френк Лојд Рајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Френк Лојд Рајт
Роден(а) 8 јуни 1867
Ричленд Сентер, САД
Починал(а) 9 април 1959
Феникс, САД
Националност Американец

Френк Лојд Рајт (англиски: Frank Lloyd Wright; 8 јуни 1867 - 9 април 1959) — прочуен американски архитект, дизајнер, писател и просветен работник, чии дела извршиле огромно влијание врз развојот на западната архитектура во првата половина на XX век. Работел на над 1.000 проекти, од кои повеќе од 500 биле завршени.[1] Рајт бил истакнат претставник на органска органската архитектура, водач на архитектонското движење за изградба на прериски куќи и придонел за развојот на јусоновските градби. Неговата работа се карактеризирала со изградба на многубројни и разновидни објекти, вклучувајќи згради, цркви, училишта, облакодери, хотели и музеи. Тој, исто така проектирал и внатрешни елементи на градбите, како мебел и витраж.

Рајт напишал околу 20 книги и многу статии, а бил и познат лектор во САД и Европа. Неговиот исполнет живот, често бил тема на разговори заглавје на многу весници, но особено за време на пожарот во неговто студио Талиесин.

Како истакнат и влијателен архитект за време на својот живот, во 1991 година, Американскиот институт за архитектура го прогласил Рајт за „најголем американски архитект на сите времиња.“[1]

Биографија[уреди]

Рани години[уреди]

Рајт е роден на 8 јуни 1867 г. како Френк Линколн Рајт во Ричленд Сентер, Висконсин, САД, во семејството на Вилијам Расел Рајт, кој бил учител по музика и веронаука и Ана Лојд Рајт, која потекнувала од познатото семејство Лојд. Френк бил воспитуван според каноните на унитаријанската црква. Во детството, посетувал градинка, чијашто улога во образованието на децата во тој период била во подем. Во 1885 година, неговите родители се развеле, а причина за тоа била неспособмоста на Вилијам да се грижи за семејството. По разводот го напуштил Висконсин и како што исткнал, оттогаш повеќе не го видел татка си.[2] Тој, исто така бил оптоварен со бројни финансиски обврски, кои произлегле од потребата да се грижи за мајката и двете сестри.

Рајт бил запишан во средно училиште, но нема документи кои потврдуваат дека го завршил.[3] Во 1885 година, се запишал на инженерскиот факултет на универзитетот Висконсин. Додека студирал на факултетот, тој работел како помошник на градежен инженер од месноста. Го оставил факултетот, без притоа да добие диплома за постигнатиот степен на образование. Во 1887 година, се преселил во Чикаго, каде што се вработил во архитектурното ателје на архитектот Џозеф Лејман Силсби. Ена година подоцна, се вработил во фирмата Adler & Sullivan, со која раководел познатиот идеолог на „чикашката школа“, Луис Саливен.[4] Од 1890, на Рајт му биле доверувани сите проекти, чијацел била изградба на станбени згради. Во 1893 година, Рајт морал да ја напушти компанијата, кога Салеивен дознал дека тој работи и проектирајќи надвор од компанијата.

Истата година, основал сопствена фирма во предградието на Чикаго, Оук Парк. До 1901 година, бројот на проекти на коишто работел се зголемил на околу 50.

Прериски куќи[уреди]

Куќата Роби

Слава на Рајт му донеле „прериските куќи“, кои ги проектирал од 1900 до 1917 година. Градбата на прериската куќа била во стилот на органската архитектура, стил кој е интегриран и единствен со природата.[5]. Градбите изградени со овој стил се карактеризираат со отворен изглед, во кој преовладуваат хоризонталните линии; со елементи изградени надвор од кровот на градбата; со тераси, изградени од придони материјали и фасадни рамки, кои служат како прототип на јапонските храмови.[6]. Многу од градбите во овој стил се во облик на крст и во нивниот централен дел се наоѓа огништето, кое делумно е надвор од градбата. При изградбата на прериските куќи, Рајт обрнувал особено внимание и на нивната внатрешност. Тој проектирал мебел и се трудел да го вклопи, уредувајќи ја внатрешноста на најдобар начин. Најпознати прериски куќи, кои ги проектирал се куќата Вилиц, куќата Мартин и куќата Роби.

Својата сопствена куќа, „Талиесин“, Рајт исто така ја изградил во стилот на прериските куќи. Куќата, два пати страдала од пожари, во 1914 и во 1925 година и по двете обнови, соодветно била преименувана во Талиесин II и Талиесин III.

Во 1910 година, додека бил во Германија, Ернст Вазмут го издал двотомното Рајтово дело Студии и завршени градби на Френк Лојд Рајт, кое во чест на издавачот, денес е познато како Вазмутово портфолио. Делото содржи повеќе од 100 литографии од нацртите на Рајт. Сосвојот престој во Германија, градбите на Рајт станале познати и во Европа.

Јусоновскиот период[уреди]

Вториот врв во своето творештво, Рајт го достигнал во 1930-тите. Тој започнал да проектира градби, кои биле изградени од готови материјали и претставувале железни и бетонски конструкции.[7], продолжувајќи да се противи на техницистичките стремежи на функционализмот кон романтичните идеи, единствени соприродата.[8] Во периодот од 1935 до 1935 година, Рајт ја изградил „Куќата над водопадот“ (Fallingwater), која се наоѓа во Пенсилванија, а која била желба на бизнисменот Едгар Кауфман. Градбата претсавува конструкција, која содржи бетонски тераси и вертикални површини од варовник, изградени над челични држачи, кои се наоѓаат над поток. Дел од карпата на која се наоѓа куќата е внатре во куќата и е искористена за внатрешното уредување на куќата. Изградбата на градбата вредело 155.000 $, од кои работата на архитектот била платена со само 8.000 $. СИте делови од конструкцијата на куќата не се покажале како совршени, поради што градбата два пати била реконструирана, во 1994 и 2002 година, при што бил употребен дополнителен челик за изградба на нови челични држачи.

Во овој период, за клиентите од средната класа, Рајт проектирал куќи со поволна вредност. Самиот Рајт, овие куќи ги нарекувал „јусоновски“ или „северноамерикански“, по кратенката U.S.O.N.A (Unites States of Nothern America). „Јусоновските“ куќи биле компактни, економични и се развиле според принципи, познати уште од времето на „прериските куќи“. Широкиот покрив на овие градби надвиснувал над ѕидовите на кои имало тесни и долги прозорци, кои се извишувале дури до таванот. Градбите, кои биле проектирани биле претежно еднокатни и биле во форма на латиничната буква L, со што се вбројувале во градбите со сложена форма. воДома проектировались в основном одноэтажными и L-образными в плане, что позволяло им вписываться в участки сложной формы. Врамената конструкција на градбите овозможувала поевтина изградба.

„Јусоновските“ куќи требало да станат градежни делови на урбаниот концепт на Рајт, наречен „Град на широките хоризонти“. Односниот пренаселен град, требало на природен начин да се „деурбанизира“ со создавање на земјоделски населби, во кои главно превозно средство треба да биде автомобилот. Конептот „Град на широките хоризонти“ значително влијаел на изгледот на малокатните приградски американски згради.

Дрвени колонади во внатрешноста на Џонсон Вакс

Во периодот на изградба на „јусоновските“ градби, Рајт проектирал и општествени градби, од кои најпозната е зградата на седиштето на компанијата „Џонсон Вакс“, која била изградена во периодот од 1936 до 1939 година во Расин, Висконсин. Основната конструкција претставува централна сала со дрвени колонади, при што секоја колонада се издигнува нагоре. Објектите се групирани околу централното стебло, а квадратните плочи ја создаваат рамката, во која се впишани кружните плочи. Покривањето преку проѕирните стаклени цевки придонесува за создавање на атмосфера на „светост“ на работното место.[9]

Подоцнежни години[уреди]

Апотеоза на творештвото на Рајт станал музејот „Соломон Гугенхајм“ во Њујорк, којшто архитектот го проектирал и градел цели 16 години (1943-1959). Од надвор, музејот има облик на завртена спирала, а неговата внатрешност потсетува на мијалник, во чиешто средиште се наоѓа пополочен дел. Рајт препорачувал, изложбите да се одржуваат од врвот кон дното, притоа посетителите да се качат до последниот кат со лифт, а потоа постепено да се симнуваат по спиралната пешачка лента. Сликите, виснати на наклонетите ѕидови, при тоа треба да бидат во положба, како што се сликите на сликарски штафелај. Раководството на музејот не ги одобрило сите барања на Рајт, па денес изложбите запшочнуваат од долу нагоре, а не обратно како што препорачал Рајт.

Во станбените згради од тој период, Рајт исто така се откажал од правиот агол, како во уметничките форми и се насочил кон спиралите и кружниците.[10]

Не сите проекти на Рајт биле завршени додека тој бил жив. были реализованы при жизни. Непотребната декорација, која се граничела со „кич“[11] на зградата на окружниот суд Марин била завршена 4 години по неговата смрт. Од проектите кои останале неостварени, а биле замислени, најпознат е проектот за изградба на кулата „Илиној“, којашто се планирало да биде висока една милја, да има облик на призма, која постепено се стеснува кон врвот и во која се планирало дека може да живеат 130.000 луѓе.

Личен живот[уреди]

Станувајќи просперитетен архитект, Френк Лојд Рајт живеел, трудејќи се од ништо да не се откаже и често бил тема на новинарите.

Официјално, три пати бил во брак, но живеел и со жени со кои не бил официјално во брак. Прва сопруга му била Катерина „Кити“ Ли Тобин, со која стапил во брак во 1889 година. Во 1909 година се разделил од неа, а официјално се развел во 1922 година. Катерине «Китти» Ли Тобин в 1889 году. Брак распался к 1909 году, развод был получен к 1922 году. Заедничкиот живот со Мамој Чени, која била сопруга на еден од неговите клиенти, завршил трагично, бидејќи таа, заедно со сввоите две деца била убиена од слугата во домот „Талиесијн I“, а домот бил запален. Вториот брак го склучил со Миријам Ноел во 1923 година, но бракот се распаднал, бидејќи Миријам станала зависник од морфиум. Последниот брак го склучил со Олга Ивановна Гинценберг, позната како „Олгивана“. Рајт е закопан, заедно со неа и со нивната ќерка во западен Талиесин во градот Скотсдејл во Аризона. На семејните гробишта во Висконсин останал празен гробот на Рајт со надгробната плоча.

Рајт имал седум деца, од кои три сина и чеири ќерки. Од нив, Френк Лојд Рајт помладиот и Џон Лојд Рајт, исто така станале архитекти. Неговата внука, Ен Бакстер била позната глумица и добитничка на филмската награда Оскар.

Концепт на работа и значење[уреди]

Без сомневање, Френк Лојд Рајт е една од најконтрадикторните личности во современата архитектура. До крајот на својот живот останал индивидуалист и во начинот на живот и во уметничкото поимање, но и покрај тоа, неговото творештво претставува значаен дел од од современата архитектура.

Рајт бил првиот кој интуитивно ја сфатил и разработил идејата за континуиран внатрешен простор, која европските архитекти започнале да ја разработуваат многу подоцна. На европскиот рационализам, кој го пробудил решавањето на конструктивните методи и социјалните аспекти, тој се спротивставил со органското сфаќање на архитектурата, според кое во центарот се става човекот и неговиот однос кон амбиентот во којшто живее. Според тоа, Рајт гоп завршувал секој проект одделно, независно од претходниот и со полна креација.

Американска поштенска марка од 1966 година со ликот на Френк Лојд Рајт

Силата и оригиналноста на неговата визија се потврдени во последниот период од неговото творештво, во кое, прифаќајки ги европските искуства, создал дела кои по својата поетичност и пластична слобода обележуваат нов пат во архитектонското обликување. Иако, помекогаш бил оптоварен со литературноста и симболиката, неговото целокупно дело според богатството со идеи и разновидност е ненадминливо во современата архитектура.

Во текот на својот живот, Рајт бил прогласен за почесен професор на повеќе универитети, меѓу кои и на универзитетот Висконсин, на кој бил запишан како студент по архитектура. Во некои земји, исто така бил прогласен и за почесен член на одборот на академијата за уметност и архитектура на односната земја.

Сепак, неговата лична слава и прифаќањето на неговите дела биле многу поголеми по неговата смрт. Во 2000 година, неговата „Куќа над водпоадот“ била прогласена за „градба на XX век“. Американскиот институт за архитектура го нарекол Рајт „најголем американски архитект на сите времиња“.[1]

Галерија на слики[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Brewster, Mike. „Frank Lloyd Wright: America's Architect“, „Business Week“, The McGraw-Hill Companies, 28 јули 2004 (конс. 22 јануари 2008).
  2. Frank Lloyd Wright, An Autobiography, Duell, Sloan and Pearce, New York City, 1943, стр. 51
  3. Meryle Secrest, Frank Lloyd Wright: A Biography, University of Chicago Press, 1992, стр. 72
  4. Herb Addison, et al., The New York Times Guide to Essential Knowledge, St. Martin's Press, New York, 2004, стр. 9, ISBN 0-312-31367-5
  5. Иконников А. В., Архитектура XX века. Утопии и реальность., М., Прогресс-Традиция, 2001, т.1, стр. 201
  6. Фремптон К., Современная архитектура: Критический взгляд на историю развития., М., Стройиздат, 1990, стр. 90
  7. Фремптон К., Современная архитектура: Критический взгляд на историю развития., М., Стройиздат, 1990, стр. 274
  8. Иконников А. В., Архитектура XX века. Утопии и реальность., М., Прогресс-Традиция, 2001, т.1, стр. 258
  9. Фремптон К., Современная архитектура: Критический взгляд на историю развития., М., Стройиздат, 1990, стр.278
  10. Иконников А., В. Архитектура XX века. Утопии и реальность., М., Прогресс-Традиция, 2001, т.1, стр. 559
  11. Фремптон К., Современная архитектура: Критический взгляд на историю развития., М., Стройиздат, 1990, стр. 279

Корисна литература[уреди]

Книги и статии за философијата на Рајт[уреди]

  • An Autobiography, by Frank Lloyd Wright (1943, Duell, Sloan and Pearce / 2005, Pomegranate; ISBN 0-7649-3243-8)
  • Frank Lloyd Wright: A Primer on Architectural Principles, by Robert McCarter (1991, Princeton Architectural Press; ISBN 1878271261)
  • Frank Lloyd Wright’s Usonian Homes: Designs for Moderate Cost One-Family Homes, by John Sergeant (1984, Watson-Guptill; ISBN 0823071782)
  • Frank Lloyd Wright’s Usonian Homes (Wright at a Glance Series), by Carla Lind (1994, Pomegranate Communications; ISBN 1566409985)
  • "In the Cause of Architecture," Architectural Record, March, 1908, by Frank Lloyd Wright. Published in Frank Lloyd Wright: Collected Writings, vol. 1 (1992, Rizzoli; ISBN 0-8478-1546-3)
  • Natural House, The, by Frank Lloyd Wright (1954, Horizon Press; ISBN 0517020785)
  • Taliesin Reflections: My Years Before, During, and After Living with Frank Lloyd Wright, by Earl Nisbet (2006, Meridian Press; ISBN 0-9778951-0-6)
  • Truth Against the World: Frank Lloyd Wright Speaks for an Organic Architecture, ed. by Patrick Meehan (1987, Wiley; ISBN 0471845094)
  • Understanding Frank Lloyd Wright's Architecture, by Donald Hoffman (1995, Dover Publications; ISBN 048628364X)
  • Usonia : Frank Lloyd Wright's Design for America, Alvin Rosenbaum (1993, Preservation Press; ISBN 0891332014)
  • Frank Lloyd Wright, by Daniel Treiber (2008, Birkhäuser Basel, 2nd, updated edition; ISBN 978-3764386979)
  • Otto Antonia Graf: Die Kunst des Quadrats. Zum Werk des Frank Lloyd Wright. Band I und II, Verlag Böhlau, Wien 1983
  • Otto Antonia Graf: Lernen von Imhotep? Frank Lloyd Wright. In: Architectural Drawings and Decorative Art. Fischer Fine Arts, London 1985
  • Otto Antonia Graf: The Art of the Square. That most traditional architect Frank Lloyd Wright. In: A Primer on architectural principles. ed. Robert McCarter, New York, 1991

Биографски книги[уреди]

  • Frank Lloyd Wright: Architecture, man in possession of his earth, by Iovanna Lloyd Wright (1962, Doubleday)
  • Many Masks, by Brendan Gill (1987, Putnam; ISBN 0399132325)
  • Frank Lloyd Wright, by Ada Louise Huxtable (2004, Lipper/Viking; ISBN 0670033421)
  • Frank Lloyd Wright: a Biography, by Meryle Secrest (1992, Knopf; ISBN 0394564367)
  • Frank Lloyd Wright: His Life and Architecture, by Robert Twombly (1979, Wiley; ISBN 0471034002)
  • Frank Lloyd Wright: by Vaccaro, Tony, (2002, Kultur-unterm-Schirm)
  • The Fellowship: The Untold Story of Frank Lloyd Wright and the Taliesin Fellowship, by Roger Friedland and Harold Zellman (2006, Regan Books; ISBN 0060393882)
  • Loving Frank, by Nancy Horan, (2008, Random House, Inc; ISBN 0345494997)
  • Пфайффер, Брюс Брукс, Райт, Арт-Родник, Москва, 2006, 96 страници, ISBN 5-9561-0196-2
  • Пфайффер Б, Райт. 1867—1959: Архитектура демократии., Арт-Родник, Москва, 2006
  • Terence Riley (ed.): Frank Lloyd Wright: Architect. Abrams, New York 1994, 344 S., überw. Ill., graph. Darst., ISBN 0-8109-6122-9
  • Bruno Zevi: Frank Lloyd Wright. Birkhäuser Verlag, Basel 1998, ISBN 978-3-7643-5987-4
  • David G. De Long: Frank Lloyd Wright - Die lebendige Stadt. Vitra Design Museum, Weil am Rhein 1998, 320 страници, ISBN 978-3-931936-13-6
  • Daniel Treiber: Frank Lloyd Wright. Birkhäuser Verlag, Basel 2008, ISBN 978-3-7643-8696-2

Книги за творештвото на Рајт[уреди]

  • Architecture of Frank Lloyd Wright, The, by Neil Levine (1996, Princeton University Press; ISBN 0691033714)
  • Architecture of Frank Lloyd Wright: A Complete Catalog, The, by William Allin Storrer (2007 updated 3rd. ed., University of Chicago Press; ISBN 0-226-77620-4)
  • Frank Lloyd Wright, by Robert McCarter (1997, Phaidon, London; ISBN 0 7148 31484 (hardback), ISBN 0714838543 (paperback))
  • Frank Lloyd Wright: America’s Master Architect, by Kathryn Smith (1998, Abbeville Publishing Group (Abbeville Press, Inc.); ISBN 0789202875)
  • Frank Lloyd Wright: Architect, by the Museum of Modern Art (1994, ISBN 087070642X)
  • Frank Lloyd Wright Companion, The, by William Allin Storrer (2006 Rev. Ed., University of Chicago Press; ISBN 0-226-77621-2)
  • Frank Lloyd Wright: Masterworks, by Bruce Brooks Pfeiffer (1993, Rizzoli; ISBN 0847817156)
  • Frank Lloyd Wright: Building for Democracy, by Bruce Brooks Pfeiffer (2004, Taschen; ISBN 3-8228-2757-6)
  • Wrightscapes: Frank Lloyd Wright’s Landscape Designs, by Charles and Berdeana Aguar (2003, McGraw-Hill; ISBN 007140953X)
  • Wright Space: Pattern and Meaning in Frank Lloyd Wright's Houses by Grant Hildebrand (1991, University of Washington Press; ISBN 0295970057)
  • Frank Lloyd Wright Field Guide, by Thomas A. Heinz (1999, Academy Editions; ISBN 0-8101-2244-8)
  • Frank Lloyd Wright's Glass Designs, by Carla Lind (1995, Pomegranate; ISBN 0876544685)
  • Frank Lloyd Wright Complete Works 1943–1959, by Bruce Brooks Pfeiffer and Peter Gössel (editor) (2009, Taschen; ISBN 978-3-8228-5770-0). First in a series of three monographs featuring all of Wright's 1,100 designs, both realized and unrealized.
  • Fallingwater Rising: Frank Lloyd Wright, E. J. Kaufmann, and America's Most Extraordinary House, by Franklin Toker (2003, Knopf; ISBN 1400040264)
  • Фремптон К., Современная архитектура: Критический взгляд на историю развития., Стройиздат, Москва, 1990
  • Иконников А. В., Архитектура XX века. Утопии и реальность., Прогресс-Традиция, Москва, 2001
  • Всеобщая история архитектуры, т. 11., Москва, 1973
  • Alan Hess, Alan Weintraub: Frank Lloyd Wright Häuser. DVA 2007, ISBN 978-3-421-03592-9

Надворешни врски[уреди]

Фотографии