АК-47
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| АК-47 | |
|---|---|
| Тип | Автоматска пушка |
| Потекло | СССР |
| Службена историја | |
| Го користи | Варшавски пакт
Македонија и многу други |
| Производна историја | |
| Конструктор | Михаил Калашников |
| Конструирано | 1947 |
| Произведувач | Ижевски Машински Завод и др. |
| Произведувано | од 1950 |
| Карактеристики | |
| Тежина | празно: 3,8kg
полно: 4,3kg |
| Должина | 870mm |
| Должина на цевка | 415mm |
|
|
|
| Куршум | 7,62x39mm M43 |
| Механизам | Позајмица на гасови, ротирачки затворач |
| Каденца | 600 истрели/min |
| Почетна брзина | 600m/s |
| Полнење | рамка со 30 куршуми; рамка со 40 куршуми од РПК; барабан со 75 куршуми |
| Нишани | Подеслив маханички нишан, оптички нишан (опција) |
АК-47 или Автоматска пушка Калашников модел од 1947 година (руски: Автомат Калашникова образца 1947 года) е автоматска пушка од советско производство која се користи и во македонската армија. Ја дизајнирал Михаил Калашников и е една од најпознатите и најраспространетите автоматски пушки денес. Оваа пушка се покажала како многу добра во војната во Виетнам каде што американските војници кажувале дека АК-47 е многу поиздржлива од нивната М16 јуришна пушка. Тие тврделе дека, на пример, ако се стави М16 во кал, ќе се закочи, а со АК-47 не е така. Оваа пушка е најраспространетата пушка во светот на сите времиња.
Ознаката АК-47 е раширена во западните извори, но никогаш не била официјална во СССР и во Русија. Официјалната ознака е АК.
Содржина |
Дизајнерски концепт[уреди]
Дизајнерскиот концепт се базира на германската пушка StG44 (Штрумгевер 44), што лесно може да се забележи. Сепак, АК не е копија на StG44, што се гледа пред сѐ во разликите во ударниот механизам и во затворачот, како и во употребените материјали и технологијата на производство.
AК-47 во културата[уреди]
АК-47 е светски најпознато оружје на сите времиња и е исто така едно од најприозведуваните. Калашниковиот учествувал во многу војни околу светот. Тоа предизвикало да некои народи и држави го освоиле АК-47 како национален симбол. Така на пример, на знамето и грбот на Мозамбик може да се види АК-47 како симбол на револуцијата, потоа на грбот на Зимбабве, Источен Тимор, Буркина Фасо и други комунистички и пост-комунистички земји како што се Виетнам. АК-47 ги симболизира комунистите од Виетнамската војна и од многу други војни.
Корисници[уреди]
АК-47 се користи во многу земји во светот:
- Авганистан
- Албанија
- Алжир
- Ерменија
- Азербејџан
- Бангладеш
- Бутан
- Босна и Херцеговина
- Бугарија
- Камбоџа
- Камерун
- Зелено`ртски Острови
- Чад
- Кина
- Хрватска
- Колумбија
- Куба
- Кипар
- Источна Германија
- Египет
- Еритреа
- Етиопија
- Финска
- Хондурас
- Унгарија
- Индонезија
- Индија
- Иран
- Ирак
- Казахстан
- Кенија
- Косово
- Лаос
- Либан
- Либија
- Македонија
- Мадагаскар
- Монголија
- Црна Гора
- Мозамбик
- Намибија
- Никарагва
- Нигерија
- С. Кореа
- Пакистан
- Панама
- Полска
- Романија
- Србија
- Сиера Леоне
- Русија
- Словенија
- СССР
- Сомалија
- Шри Ланка
- Судан
- Сирија
- Турција
- Тајланд
- Украина
- ОАЕ
- Узбекистан
- Виетнам
- Јемен
Надворешни врски[уреди]