Фатмир Дехари
Фатмир Дехари | |
---|---|
Градоначалник на Општина Кичево | |
На должноста | |
Стапил 7 април 2013 | |
Претходник | Благоја Деспотовски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 септември 1974 Србица, Кичевско |
Националност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Деца | 3 |
Установа | универзитет во Приштина |
Занимање | политичар |
Вероисповед | ислам |
Фатмир Дехари (16 септември 1974 во Србица) — македонски политичар од редовите на ДУИ и поранешен припадник на ОНА.
Животопис
[уреди | уреди извор]Учество во терористичката ОНА за време на воениот конфликт 2001 година
[уреди | уреди извор]Во 2001 година Дехари преминал во редовите на Ослободителната Народна Армија (ОНА), каде дејствувал како воен офицер. Пред почетокот на војната во Македонија Дехари во два наврати престојувал во Призрен - Косово, каде што слушал предавање и учествувал во обуката на Косовскиот заштитен корпус, организирана од тајната служба на ОВК, која во тој период беше под водство на Кадри Вејсели. Во досието понатаму пишува дека по враќањето во Македонија, веќе обучен, Дехари организирал два семинари за обука за боречки вештини и ракување лесно оружје во Албанија, во кампот кај Драч. Подоцна, за време на војната во Македонија, по предлог на Гзим Острени, Дехари е избран за шеф на обезбедувањето на главниот штаб на ОНА, со посебни задачи за обезбедување на Али Ахмети и Фазли Велиу. За таа цел тој командува одбрана група од 15 - 20 лица, добро обучени за гаѓање и ракување лесно оружје. Групата е составена од лица од Кичево, Дебар, Струга, која од Дехари во повеќе наврати е нарекувана „раководство на разузнавачката служба на ОНА“. На Косово беше зачленет во т.н. движење за независно Косово.[1] Неговото име, покрај Хазби Лика, често се поврзува со масакрот кај Вејце и според разузнувачки сознанија тој учествувал во злосторството.[2]
После воениот конфликт 2001 година
[уреди | уреди извор]По завршување на воениот конфликт во 2001 бил назначен за заменик директор на УБК (2002–2004), а потоа и за заменик-министер за внатрешни работи (2004–2006).[3] Дехари средно училиште завршил во Елбасан, а дипломирал на факултетот за физичко воспитание при универзитетот во Приштина во 1998 година. По дипломирањето работел како професор во гимназијата „Џевдет Дода“ во Приштина, а во 2001 станал асистент на тетовскиот универзитет.
Во 2008 бил именуван за директор на ЈП Македонски пошти во Кичево. На локалните избори во 2009 станал градоначалник на Општина Осломеј, која во 2013 била припоена кон Општина Кичево. На локалните избори во 2013 станал градоначалник на Кичево победувајќи го заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и дотогашен градоначалник Благоја Деспотовски со околу две илјади гласови разлика. Втор мандат како кичевски градоначалник освоил на локалните избори во 2017 остварувајќи победа во првиот изборен круг.
Дехари говори македонски, албански, и српски, а има делумно познавање од англиски и француски јазик. Тој е оженет и татко на три деца. Во 2011 магистрирал на катедрата за социјални работи и политики при универзитетот во Тирана, а работи и како професор на тетовскиот универзитет.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кој е Фатмир Дехари?“. Дневник. 13 ноември 2002.
- ↑ „Некој сè уште сака да си игра војна!“. Македонско сонце. 2002.[мртва врска]
- ↑ „Биографија на Фатмир Дехари“ (PDF). ЗЕЛС – Заедница на единиците на локалната самоуправа. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-12-05. Посетено на 2017-12-02.
- ↑ „Биографија на Фатмир Дехари“. Општина Кичево. Архивирано од изворникот на 2018-01-20. Посетено на 2017-12-02.