Среќна Нова ’49: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: cite web -> цитирана веб страница
с Бот Додава: sr:Срећна нова '49.
Ред 76: Ред 76:


{{МакедонскиФилм}}
{{МакедонскиФилм}}

[[en:Srećna nova '49.]]


[[Категорија:Филмови на Столе Попов]]
[[Категорија:Филмови на Столе Попов]]
[[Категорија:Филмови од 1986]]
[[Категорија:Филмови од 1986]]
[[Категорија:Македонски филмови]]
[[Категорија:Македонски филмови]]

[[en:Srećna nova '49.]]
[[sr:Срећна нова '49.]]

Преработка од 02:18, 17 јануари 2010

„Среќна нова ’49“
плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
Главни улогиПетар Арсовски
Мите Грозданов
Александар Ѓорчев
Мето Јовановски
Душко Костовски
Владица Милосављевиќ
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикMакедонски
Српско-хрватски

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов, со Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Душко Костовски во главните улоги. Се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај Црно семе на Кирил Ценески[4], што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Добитник е на низа награди и признанија, меѓу кои, како особено значајни се издвојуваат Гран при-то, „Голема златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм, оддржан во Пула во 1986 година, како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре од 1991 година.[2]

Содржина

Основна тема е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во нашата општествена средина.

Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, тоа е сторија за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кого единствено што го интересира е да има што повеќе долари и кој се подготвува да побегне преку граница. Уште еден предмет на неговиот интерес е и младата, убава и привлечна девојка на постариот брат Вера (Владица Милосављевиќ) за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, таа се самоубива. Коста успева да избега од својата земја во непознат правец и никогаш нема да се дознае ниту каде заминал ниту што се случило потоа со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Реакции и награди

Реакции

Среќна Нова ’49 го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Избран е за Најдобар југословенски филм за 1986 година и како таков, предложен е да биде Југословенски кандидат за Оскар. Сепак, не успева да влезе во потесниот избор.

Награди

Белешки

Надворешни врски