Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Филолошкиот факултет „Блаже Конески“''' при [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]] е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на [[филолошки науки|филолошките науки]] ([[наука за јазикот|науката за јазикот]], [[литература]] и [[дидактика]]та) во [[Република Македонија]].
'''Филолошкиот факултет „Блаже Конески“''' при [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]] е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на [[филолошки науки|филолошките науки]] ([[наука за јазикот|науката за јазикот]], [[литература]] и [[дидактика]]та) во [[Република Македонија]].


== Историјат ==
== Основање ==
Филолошкиот факултет е основан со закон што го донесе Владата на НР Македонија за организирање универзитет во Скопје во [[1945]] година и со посебно решение во [[1946]] година, а првите предавања започнале на [[16 декември]] [[1946]] г. како дел од тогашниот прв македонски факултет - [[Филозофски факултет|Филозофскиот]], кој е темелник на идниот македонски универзитет, денешниот „Св. Кирил и Методиј”. Од тој ден, Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” егзистира 60 години (од [[1974]] г. како самостојна институција), и функционира на полето на македонското образование.
Филолошкиот факултет е основан со закон што го донела Владата на [[НР Македонија]] за организирање универзитет во Скопје во [[1945]] година и со посебно решение во [[1946]] година, а првите предавања започнале на [[16 декември]] [[1946]] како дел од тогашниот прв македонски факултет - [[Филозофски факултет - Скопје|филозофскиот факултет]], кој е темелник на тогаш идниот македонски универзитет, денешниот [[УКИМ|„Св. Кирил и Методиј”]]. Од тој ден, Филолошкиот факултет Блаже Конески” постои 60 години (од [[1974]] г. како самостојна институција), и функционира на полето на македонското образование.
Основачката комисија ја сочинувале првите македонски и тогаш речиси единствени научни и професорски профили - [[Блаже Конески]], д-р [[Михаил Петрушевски]], д-р [[Харалампие Поленаковиќ]], д-р [[Ѓорѓи Шоптрајанов]] и [[Љубен Лапе]].
Основачката комисија ја сочинувале првите македонски и тогаш речиси единствени научни и професорски профили - [[Блаже Конески]], д-р [[Михаил Петрушевски]], д-р [[Харалампие Поленаковиќ]], д-р [[Ѓорѓи Шоптрајанов]] и [[Љубен Лапе]].
Од [[1995]] година Филолошкиот факултет е преименуван во Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Од [[1995]] година Филолошкиот факултет е преименуван во Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Преработка од 17:42, 24 април 2009

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на филолошките науки (науката за јазикот, литература и дидактиката) во Република Македонија.

Основање

Филолошкиот факултет е основан со закон што го донела Владата на НР Македонија за организирање универзитет во Скопје во 1945 година и со посебно решение во 1946 година, а првите предавања започнале на 16 декември 1946 како дел од тогашниот прв македонски факултет - филозофскиот факултет, кој е темелник на тогаш идниот македонски универзитет, денешниот „Св. Кирил и Методиј”. Од тој ден, Филолошкиот факултет Блаже Конески” постои 60 години (од 1974 г. како самостојна институција), и функционира на полето на македонското образование. Основачката комисија ја сочинувале првите македонски и тогаш речиси единствени научни и професорски профили - Блаже Конески, д-р Михаил Петрушевски, д-р Харалампие Поленаковиќ, д-р Ѓорѓи Шоптрајанов и Љубен Лапе. Од 1995 година Филолошкиот факултет е преименуван во Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Домен на работа

Додипломските студии на Филолошкиот факултет траат четири години, а од 2005 година наставата се изведува според критериумите на ЕКТ-системот и Болоњската декларација. Наставно-научната работа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е организирана и се изведува преку десет катедри. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се организираат последипломски студии од научните области јазик и книжевност, и тоа: македонски јазик, македонска книжевност; јазик и книжевност: англиски јазик и книжевност, романски јазици и книжевности, германски јазик и книжевност, источнословенски и западнословенски јазици и книжевности, општа и компаративна книжевност, турски јазик и книжевност и албански јазик и книжевност.

Издавачка дејност

Факултетот поседува и своја издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, речници и други лексикографски трудови.

Библиотечен фонд

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ располага со девет библиотеки при соодветните катедри. Библиотеките располагаат со богат фонд на книги и списанија што го користат голем број студенти, наставници и научни работници од Факултетот и надвор од него. Фондот на книги и списанија се обновува постојано со средства од Факултетот, но и со подароци од странски амбасади, културни центри и други институции на земји чии јазици се изучуваат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Надворешни врски