Лешки: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°58′40″N 22°22′36″E / 41.97778° СГШ; 22.37667° ИГД / 41.97778; 22.37667
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 71: Ред 71:


== Администрација и политика ==
== Администрација и политика ==

Во селото постои изборното место бр. 0869 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на основното училиште с.лешки

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 18 гласачи.


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==

Преработка од 14:14, 8 август 2019

Лешки

Лешки

Лешки во рамките на Македонија
Лешки
Местоположба на Лешки во Македонија
Лешки на карта

Карта

Координати 41°58′40″N 22°22′36″E / 41.97778° СГШ; 22.37667° ИГД / 41.97778; 22.37667
Општина Општина Кочани
Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13021
Надм. вис. 897 м
Лешки на општинската карта

Атарот на Лешки во рамките на општината
Лешки на Ризницата

Лешки е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.


Географиja и местоположба

Селото Лешки се наоѓа длабоко во планинскиот дел на Осоговските планини. Некаде на нешто помалку од 10 километри северно од Кочани. Лешки е поврзано со добра патна инфраструктура со Кочани, преку патниот правец Кочани-Пониква. Од селото има отворен видик кон Осоговските планини, Плачковица, дел од Кочанско Поле, Голак, а кога е сончево и со голема видливост можат да е видат Пирин и Рила во Пиринска Македонија.

Историja

Во XIX век селото е дел од Кочанската каза во Отоманската Империја.

Економија

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лешки живееле 144 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешки имало 144 Македонци, патријаршисти.[2]

Во 2002 година во селото живееле 29 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 144[1] 144[2] 283 277 273 244 136 56 70 29

Родови

Лешки е македонско село.

Родови во селото: Наковци (4 к.) и Цековци (2 к.) најстари родови во селото, доселени се однекаде; Цинцари (8 к.) доселени се однекаде. Иако се викаат Цинцари, сепак они не се од влашко потекло, се доселил некој дедо Мицо; Костадиновци (4 к.) и Ѓуровци (2 к.) порано биле еден род, доселени се од соседното село Пашаџиково; Чортановци (5 к.) и они се доселени од селото Пашаџиково; Трајчовци (3 к.) доселени се од раселеното село Десовица, се наоѓало помеѓу селата Нивичани и Бања; Ефтимовци (3 к.) доселени се од планинското село Спанчево; Белевци (6 к.), Цветковци (5 к.), Божиновци (2 к.), Димчовци (1 к.) и Даниловци (1 к.) доселени се однекаде.[5]

Општествени институции

Администрација и политика

Во селото постои изборното место бр. 0869 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на основното училиште с.лешки

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 18 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски

Предлошка:Села во Општина Кочани

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.