Разговор со корисник:Hristijan Kicho

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојде!

Здраво, Hristijan Kicho, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на страниците за разговор со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 18:01, 20 декември 2017 (CET)

Извори[уреди извор]

Здраво Христијан, браво за уредувањата за кичевските села, само би укажал дека се потребни и извори за напишаното, односно наведување на употребената литература, наводи или фусноти. На пример статијата за битката кај Ѓурѓејца е добра, но недостигаат извори. Те молам додади соодветни извори кои си ги користел при создавањето на статијата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:01, 20 декември 2017 (CET)

Здраво, Најнапред, Ви благодарам на поддршката. Се' уште не можам да најдам како се ставаат фусноти, за да можам да обележам дел од текстот кој е преземен. Поголемиот дел од статијата за „Битката на Ѓурѓејца“ е преземен од текст објавен на една кичевска веб страна kicevo.mk, каде што е наведен и авторот на самиот текст. Би можело да се објави и тоа како наводи така? Што се однесува до статијата за областа Копачка, текстот е лично мој, како и табелата на сите копачки села и податоците за сите пописни години. За сите области во Македонија, имам направено такви табели за сите пописни години (1948-2002), па би можеле да бидат објавени и на Википедија. Поздрав. Hristijan Kicho (разговор) 21:45, 20 декември 2017 (CET)Hristijan Kicho

Наводи[уреди извор]

Здраво, гледам дека имаш потешкотии во врска со наведувањето извори. За истата потреба може да се консултираш со оваа страница. На кратко објаснето, изворите се ставаат со додавање на < ref > извор < /ref > (споено) [1] на крајот од реченицата за која ставаш извор. Поздрав и пријатно уредување. Идеологист (разговор) 19:03, 5 јануари 2018 (CET)

Здраво, во право си, не ги владеам изворите иако сум се обидел на неколку начини, но неуспешно. Ќе се водам по твоите инструкции. Благодарам, поздрав Hristijan Kicho (разговор) 19:07, 5 јануари 2018 (CET)

Без сопствени истражувања[уреди извор]

Здраво Христијан, видов дека во статијата Трновци имате додадено измени во кои изворот е лично Ваш. Википедија како слободна енциклопедија не прифаќа сопствени истражувања туку бара истите да бидат од веродостојни извори. Доколку имате такви извори со истите може да го потврдите Вашето уредување, а доколку не тогаш истото не може да биде прифатено како соодветна содржина за спомнатата статија. Среќни празници и пријатно уредување. :) Идеологист (разговор) 18:47, 6 јануари 2018 (CET)

Здраво, изворот не е мој, туку по грешка не се објавил целосниот текст од изворот. Текстот е извадок, не е лично мое истражување. Целосниот извор треба да изгледа вака:

Godisěn zbornik (1969). Volumes 17-18. Univerzitet vo Skopje. Geografski institut. p. 146. "По моите теренски проучувања оживела нова акција за иселување на Торбешите. И тие иселувања водат во Турција. Од 1954 до 1960 г. најјаки биле иселувањата од Трновци, Дебреште и Пешталево. Само од првото село 1954 и 1955 г. се иселиле 70 торбешски домаќинства. На местата од иселените Торбеши се населуваат Македонци од Демир Xисар (во Трновци) и Порече (во Дебреште и Пешталево), како и муслимани од Санџак (во Дебреште)."

Jump up ^

Ќе го поправам сега. Добро што забележавте. Поздрав и среќни празници :D Hristijan Kicho (разговор) 18:54, 6 јануари 2018 (CET)

Марко Цепенков[уреди извор]

Здраво. Најпрво добредојде и од мене, прв пат контактирам официјално иако те следам што уредуваш. Баш ми е мило што и некој друг „чепка“ за македонскиот јазик и книжевност. Супер. Второ, го поправив семејното стебло кај Марко Цепенков. Поздрав.--Никола Стоіаноски 20:45, 8 јануари 2018 (CET)

Здраво, благодарам за убавото мислењето. Имам премногу литература која би можела да се додаде и да биде достапна во врска со македонскиот јазик, македонските преродбеници, собирачи, писатели...Сите статии поврзани со македонските дијалекти ќе бидат пошироко обработени. Супер е средено за семејството на Цепенков, исто како кај Миладиновци. За што и да треба ќе бидеме во контакт. Поздрав Hristijan Kicho (разговор) 21:13, 8 јануари 2018 (CET)

Нема проблем. Само внимавај текстовите што ги ставаш да се вадени од научни книги. Да нема проблеми со веродостојноста. Тука сум јас за тие теми за книжевност, јазици :) Поз--Никола Стоіаноски 21:22, 8 јануари 2018 (CET)

Да да, веродостојноста и објективноста се најважни. Штом се замараш за тие области, ќе се консултираме. Би можело во лозата на Миладиновци да се додаде од страната на Султана (татко ѝ Димитрија Поп Јоан - дедо ѝ свештеник Јоан), а од страната на Ристе (Постол Миладин и Митре Миладин - браќа, Ристе му е син на Митре Миладин). Ако можеш ти да ги додадеш да не згрешам нешто во табелите :D Поздрав Hristijan Kicho (разговор) 21:36, 8 јануари 2018 (CET)

Уредник[уреди извор]

Христијан, сакам да те информирам дека ти ги доделив уредничките права, па така сега твоите уредувања автоматски се проверени и се прифатени. Продолжи и понатаму со добрите уредувања, а за совети стојам во секое време. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:50, 18 јануари 2018 (CET)

Благодарам на соработката. Доколку имам потреба, ќе се обратам секако. Поздрав Hristijan Kicho (разговор) 22:53, 18 јануари 2018 (CET)

Немав време за Википедија овие денови но со закаснување сега гледам. Ги имаш правата сега, а до сега ја те проверував. За прилепско-битолскиот не сум видел, но не е важно. Сега автоматски ти се прифаќаат уредувањата. Again, glad to share same interests :D --Никола Стоіаноски 12:18, 20 јануари 2018 (CET)

Тука сме за консултации за било која од областите кои ги застапуваме, поздрав :D Hristijan Kicho (разговор) 02:42, 21 јануари 2018 (CET)

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има[уреди извор]

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)

Здраво, заинтересиран сум да се пријавам, но прво да ми се разјаснат некои работи. Од каков вид уредувани статии ќе се вбројуваат, или поконкретно со кои статии би можело да се земе учество? Дали е тоа ограничено и некаде одредено? Фала, Поздрав. Hristijan Kicho (разговор) 23:52, 31 јануари 2018 (CET)
Сите статии наведени на официјалниот список на Мета, кои се поделени по области (вкупно 1000 статии). Ја имаш наведената врска на проектната страница на натпреварот, како и сите други поединости. Ако те интересира и друго нешто, слободно прашај ме --Ehrlich91 (разговор) 18:02, 1 февруари 2018 (CET)

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018[уреди извор]

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија[уреди извор]

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)

  1. Ова е пример. Овде се става изворот.