Северина Вучковиќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, викификација
Ред 63: Ред 63:
[[Категорија:Хрватски пејачи]]
[[Категорија:Хрватски пејачи]]
[[Категорија:Римокатолички христијани од Хрватска]]
[[Категорија:Римокатолички христијани од Хрватска]]
[[Категорија:Поп-фолк пејачи]]

Преработка од 21:56, 7 јули 2018

Северина Вучковиќ
Severina Vučković
Родено имеСеверина Вучковиќ
Познат(а) и какоСеверина
ПотеклоСплит, Хрватска
Жанр(ови)поп, фолк, кабаре
Занимање/њапејачка, актерка
Години на активност1989 - сегашност
Мрежно местоwww.severina.com

Северина Вучковиќ (на хрватски: Severina Vučković; родена на 21 април 1972 год. во Сплит, СР Хрватска, Југославија) e хрватска пејачка и актерка. На музичката сцена е попозната како Северина.

Биографија

Северина имала два брака. Најпрвин се омажила со Милан Поповиќ, со кого го родила синот Александар, но подоцна бракот завршил со развод. На 25 септември 2015 година, во црквата во местото Бале во Истра, Северина тајно се венчала со фудбалскиот менаџер Игор Коиќ (Igor Kojić), син на пејачот Драган Коиќ - Кеба. Подоцна, на 22 ноември истата година, брачниот пар организирале венчавка и прослава во Белград, која била наречена „Моето српско венчање“ (Moje srpsko venčanje), а венчавката ја режирал словенечкиот режисер Томаж Пандур. Претходно, Северина и Игор се запознале на еден концерт, а ги запознал менаџерот Едвин Софтиќ.[1]

Музичка кариера

Стилот на Северина може да се опише како поп со елементи на фолк и кабаре. Како дете зазела мал дел во театарски и оперски продукции во нејзиниот роден Сплит. За време на 1980-тите, добивајќи неколку награди на локални фестивали, таа ја претстави нејзината рана професионална кариера на, чиј резултат беше нејзина преселба во Загреб во 1989 со цел да направи поголеми чекори. Истата година таа го снима нејзиниот прв студио албум насловен по нејзиното име Северина. Во следните години таа создаде имиџ на национална поп икона со број 1 хитови како „Далматинка“ (1993), „Палома нера“ (1993), „Трава Зелена“ (1995), „Од роѓендан до роѓендана“ (1996), „Дјевојка са села“ (1998), „Пријатељице“ (1998), „Ја само пјевам“ (1999), „Анте“ (1999) и (2012) ,,italijana"

Следуваше огромниот успех на нејзиниот албум од 2001 насловен како Поглед испод обрве, а по него следеше турнејата Вијурен у те. Со тоа Северина го потврди нејзиниот статус како една од најпопуларните хрватски артисти. По неколку години пауза таа го издаде и нејзиниот 8 по ред албум под насловот Севергрин (2004). Во 2006 година победи на хрватскиот избор за песна за Евровизија Дора и ја претставуваше Хрватска во Атина, Грција на 20 мај 2006 со песната „Моја штикла“. Заврши на 13-тото место со 56 поени. Големи контраверзни реакција се јавија за стилот на песната, посебно од хрватските фанови, критичари и новинари. Критиките се однесуваа на аранжманот за кој се велеше дека потсетува на традиционална српска ритмика. Тоа Северина и авторите на песната го негираа и произлегоја со став дека тој е хрватски ритам и потекнува од Загора.

Дологоочекуваниот 10-ти албум на Северина насловен како Здраво Маријо, во кој поголем дел од песните се дело на Горан Бреговиќ, беше издаден во мај 2008. Првиот сингл од албумот е „Гас, гас“ кој стекна голема популарност, не само во Хрватска, туку низ целиот балкан. Музиката на оваа песна потсетува на српски турбофолк. Албумот доби негативни критики бидејќи Северина со имиџот кој го создаде за албумот имаше цел да го исмејува христијанството. Сепак албумот достигна голема популарност и Северина сними музички видеа за повеќе песни како „Тридесете“, „Гаде“, „Хаљиница боје лила“ и „Здраво Маријо“. На 15 декември 2009 Северина реализираше нов сингл - „Лола“ кој е дел од Милиграм компилацијата.

Дискографија

  • Северина – 1989
  • Далматинка – 1993
  • Трава зелена – 1995
  • Моја ствар – 1996
  • Дјевојка са села – 1998
  • Палома нера - Live album – 1999
  • Ја само пјевам – 1999
  • Поглед испод обрва – 2001
  • 18 великих хитова – 2002
  • Вирујен у те - живо – 2002
  • Вирујен у те - DVD – 2003
  • Севергрин – 2004
  • Моја Штикла – 2006
  • Здраво Маријо – 2008

Надворешни врски

Наводи

  1. Igor Karanov, „Godišnjica tajnog venčanja“, Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 12-15.