Кочо Рацин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19: Ред 19:
| деца =
| деца =
}}
}}
'''Кочо Рацин''' ('''да ти ебам Koста Апостолов Солев''') ([[Велес]], [[22 декември]] [[1908]] - [[Лопушник]], [[13 јуни]] [[1943]]) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „[[Бели мугри]]“ ([[Загреб]], [[1939]]) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.
'''Кочо Рацин'''([[Велес]], [[22 декември]] [[1908]] - [[Лопушник]], [[13 јуни]] [[1943]]) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „[[Бели мугри]]“ ([[Загреб]], [[1939]]) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.


Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг синоним, Невен Пејко, кое го зеде од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.
Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг синоним, Невен Пејко, кое го зеде од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.

Преработка од 19:05, 5 октомври 2010

Кочо Рацин
Податотека:Racin.jpg
Роден Коста Апостолов Солев
22 декември 1908
Велес, Отоманска империја
Починал 13 јуни 1943
Лопушник, Македонија
убиство
Занимање македонски книжевен деец и комунистички активист.

Кочо Рацин(Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.

Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг синоним, Невен Пејко, кое го зеде од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.

Живот

Кочо (Коста Солев) Рацин се родил во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесета година бил присилен да му се посвети сосема на татковиот занает.

Активист во комунистичкото движење

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 станува дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ. Во 1926 Рацин станува и член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац.

По воведувањето на диктатурата во Југославија во 1929, партиската организација во Македонија е целосно разбиена. Дури во 1932 започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во август 1933 се создава и Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегуваат: Никола Оровчанец, Кочо Рацин и Живоин Ќурчиќ. Од ноември истата година ОК започнува да го издава месечниот весник „Искра”, чиј уредник е Рацин. Излегуваат само два броја на весникот, бидејќи на почетокот на јануари 1934 се случува провала во која се уапсени 15 македонски комунисти, вклучително и Рацин. Рацин е подложен на дури 42 испрашувања, при што морал да признае многу од она што не смеел да го каже.[1] Во септември истата година Рацин е осуден на четири години робија во Сремска Митровица, но таму останува околу една година. Имено, во декември 1935, по донесувањето на закон за амнестија, е ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на учење. Меѓу другото, со останатите затвореници Македонци се обидува да состави речник на македонскиот јазик и учествува во преводот на „Комунистичкиот манифест“ на македонски јазик.

Подем и пад: „Бели мугри“ и исклучување од Партијата

По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога ја објавува својата стихозбирка „Бели мугри“. Во меѓувреме пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, философијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша Југославија.

Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940 година кога има нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен бан на Вардарската бановина и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940 (на која Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае до март 1942 кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.

При нападот врз Југославија од Силите на Оската, Рацин е на кумановскиот фронт, на месноста Страцин, каде и е заробен од страна на Германците. Заедно со другите заробеници е спроведен во воениот логор во Куманово. Ценејќи ја личноста на Рацин, партиската организација на Куманово организира бегство на Рацин од логорот.[се бара извор] По бегството, Рацин еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин Коле Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје е уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, Неврокопско.

Вклучување во НОБ и загинување

Во 1943 година Рацин успева да се врати во Скопје и во мај заминува во партизани, во одредот „Кораб”. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народни песни.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Вечерта[2] на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од стражарот којшто го чувал пристапот кон печатницата. Има две верзии околу неговата смрт. Според првата, станува збор за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен. Според некои наводи, Страхил Гигов политички го изолирал Рацин и го организирал неговото убиство,[3] а сомнежи дека се работи за наместен случај фрла и податокот дека Рацин, пред заминувањето во партизани и на патот до партизанскиот одред, веројатно влегол во судир со Добривое Радосавлевиќ, како и податокот според кој на Рацин му бил одземен пиштолот додека бил во партизанскиот одред.[4]

Творештво

Бели мугри

Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, философски списи, литературна критика и есеи. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата стихозбирка „Бели мугри“, објавена во Загреб, 1939. Неговите придонеси и во останатите области се важни, но тие главно се во сенка на неговото поетско творештво.

Поезија

Рацин започнува да пишува поезија во 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова ѝ ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Картичките денес се чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се напишани на српскохрватски јазик, освен шест, кои се напишани на бугарски („Разнеженост“, „Рухнаха се надеждите мои“, „Плач в безмощие“, „Все пак...“, „Мечти в полунощ“, „И пак тъга раздира ми гърдите“). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српскохрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932 година во Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година. Во 1937 година, по повод загинувањето на велешанецот Ганчо Хаџипанзов во Шпанската граѓанска војна, ќе ја напише „Испанска балада“, а во 1938 година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“.

Најголемиот успех го постигнува во 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај 1943, во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.

Проза

Рациновиот прв објавен прилог е неговата прозна исповест „Резултат“, објавена во двобројот за август-септември 1928 на загрепското списание „Критика“. Во 1932 година учествува на конкурсот на загрепската „Литература” и е награден за својот расказ „У каменолому“, кој подоцна е и објавен во ова списание. Во 1933 истото списание објавува фрагменти од неговиот роман „Опиум“ (преведен како „Афион“ на македонски). Овој роман Рацин почнал да го пишува околу 1931 година, но ракописот настрадал при провалата и апсењето на Рацин. Другите раскази на Рацин се: „Тутуноберачи“ (1937), „Пладне“ (1937), „Еден живот“ (1937), „Златен занает“ (1939), како и „Татко“ и „Радоста е голема“, кои се објавени постхумно.

Историја

Од историјата Рацин покажа посебен интерес за богомилското движење и напиша три трудови посветени на него: „Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во 1939 година во списанието „Народна читанка“, а трудот „Богомилите“ е напишан на македонски јазик.

Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни. Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење..

Философски прилози

Квалитетот и способностите на овој самоук работник најдобро го покажува неговото интересирање за Хегеловата философија. Настрана од фактот дека философијата на Хегел се одликува со посебна сложеност, позитивно изненадува и податокот дека Рацин се интересираше за овој германски идеалистички философ во времето кога овој Марксов учител во услови на растечка догматизација на комунистичкото движење под притисок на Сталин не беше на голема цена.

Рацин објавува две статии посветени на Хегел. Првата, насловена „Хегел“ е објавена по повод 100-годишнината од смртта на германскиот философ, во декември 1931 година, во загрепската „Литература“. Втората статија, „Значењето на Хегеловата философија“, е објавена во белградската „Нова култура“ во 1939 година. Посебен куриозитет е што овие Рацинови статии за Хегел се можеби првите философски статии на некој македонски автор.

Литературна критика

Од областа на литературната критика Рацин ги напишал следните трудови и статии: „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ (1940), „Анѓелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенац“ (1939) и Реализмот на А. Крстиќ“ (постхумно), „Блазираните глупости за насмевката на Мона Лиза“ (1939) и „Уметноста и работничката класа“ (постхумно).

Во чест на Рацин

Споменик на Кочо Рацин во Самобор, Хрватска

Во чест на Кочо Рацин од 1964 година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од 1992 стана поетска манифестација на балканско ниво.

Родната куќа на Рацин во Велес во 1956 година е претворена во спомен - музеј.

Во 1952 година Трајче Попов ја снима филмска поема „Бели мугри“ врз основа на стиховите од истоимената Рацинова стихозбирка, а во 2007 година, на денот на загинувањето на Рацин е промовиран филмот „Елегија за тебе“, авторски проект на Васил Зафирчев и Данчо Стефков.

Надворешни врски

Наводи

  1. Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 107 стр.
  2. Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 393 стр.
  3. Вест, 21.4.2007: „Половина век борба на Виктор Аќимовиќ за вистината за Македонија“
  4. Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 423-424 стр.

Предлошка:Македонска Литература

Статијата „Кочо Рацин“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).