Магаре
Домашно магаре | |
---|---|
домашно магаре | |
припитомен
| |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Потцарство: | Ткивни животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ‘Рбетници |
Класа: | Цицачи |
Поткласа: | Живородни цицачи |
Ред: | Непарнокопитни |
Семејство: | Коњи |
Род: | Коњи |
Вид: | Африканско диво магаре |
Магаре (Equus asinus f. asinus, Equus asinus asinus) ― домашно животно со распространетост по целиот свет. Нивниот изворен облик е африканското магаре (Equus asinus), додека азиското магаре, (Equus hemionus), не е никогаш припитомено.
Младото на магарето се нарекува прле.[1]
Сегашен статус
[уреди | уреди извор]Во светот биле пријавени околу 41 милиони магариња во 2006 година.[2] Кина имала најмногу со 11 милиони, проследена од Пакистан, Етиопија и Мексико. Меѓутоа, заклучно со 2017 година, кинеското население се намалило на 3 милиони, а под притисок биле и африканските населенија, како резултат на зголемената трговија и побарувачката за производи од магаре во Кина.[3] Некои истражувачи веруваат дека вистинскиот број може да биде нешто поголем бидејќи многу магариња не се броени.[4] Бројот на раси и процент на светското население за секој од светските региони според ОХЗ во 2006 година бил:[2]
Регион | Бр. на раси | % на светско нас. |
---|---|---|
Африка | 26 | 26.9 |
Азија и Тихи Океан | 32 | 37.6 |
Европа и Кавказ | 51 | 3.7 |
Латинска Америка и Кариби | 24 | 19.9 |
Близок Исток | 47 | 11.8 |
Соединети Држави и Канада | 5 | 0.1 |
Свет | 185 | 41 милиони глави |
Во 1997 година, бројот на магариња во светот бил објавен дека продолжува да расте, како што тоа го правеле стабилно низ поголемиот дел од историјата; фактори наведени како придонесувачи за ова се зголемувањето на човечкото население, напредокот во економскиот развој и социјалната стабилност кај некои посиромашни држави, претворањето на шумите во земјоделско земјиште и опсегот на земјиштето, зголемувањето на цените на моторните возила и горивата и популарноста на магарињата како домашни миленици.[4][5] Оттогаш, според извештајот, светското население на магариња брзо се намалува, паѓајќи од 43,7 милиони на 43,5 милиони во периодот од 1995 до 2000 година, и на само 41 милион во 2006 година.[2] Падот на населението бил изразен во развиените земји; во Европа, вкупниот број на магариња паднал од 3 милиони во 1944 година на нешто повеќе од 1 милион во 1994 година.[6]
Информативниот систем за домашна животинска разновидност (ИС-ДЖР) на ОХЗ навел 189 магарешки раси во јуни 2011 година.[7] Во 2000 година, бројот на магарешки раси евидентирани ширум светот бил 97, а во 1995 година бил 77. Брзото зголемување се должи на вниманието посветено на идентификацијата и препознавањето на расите на магариња од страна на проектот на животински генетски ресурси на ОХЗ. [37] Стапката на препознавање на нови раси е особено висока во некои развиени земји. На пример, во Франција, само една раса, Баудет де Поату, била призната пред раните 90-ти; до 2005 година, уште шест раси на магариња имаа службено признавање.[8]
Во просперитетните земји, грижата за магарињата и дома и во странство станала загрижувачка, а поставени биле и голем број прифатилишта за пензионирани и спасени магариња. Најголемото е „Магарешкото прифатилиште“ (The Donkey Sanctuary) во близина на Сидмаут, Англија, кое исто така поддржува проекти за благосостојба на магарињата во Египет, Етиопија, Индија, Кенија и Мексико.[9]
Магарето како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Магарето како мотив во народното творештво
[уреди | уреди извор]- „Магарето што јадело грав“ - македонска народна приказна.[10]
- „Магаре јавај, магаре барај“ - македонска народна приказна.[11]
- „Загинатото магаре“ - македонска народна приказна.[12]
- „Прилепски бербер обрикол магаре“ - македонска народна приказна.[13]
- „Глава од магаре“ - суфиска приказна.[14]
- „Волшебната масичка, златоносното магаре и колецот од вреќата“ – сказна на браќата Грим.[15]
Магарето како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Магарешка работа“ — басна на Михо Атанасовски.[16]
- „Магарето и штурците“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[17]
- „Лавот, петелот и магарето“ - басна на Емброуз Бирс.[18]
- „Магарето што го носело идолот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[19]
- „Магарето и жабите“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[20]
- „Лавот, магарето и лисицата“ - басна на Езоп.[21]
- „Магарето и штурците“ — басна на Езоп.[22]
- „Магарето и офицерскиот коњ“ - басна на Езоп.[23]
- „Коњот и магарето“ - басна на Езоп.[24]
- „Лавот и магарето“ - басна на Езоп.[25]
- „Магарето, петелот и лавот“ - басна на Езоп.[26]
- „Магарето во лавовска кожа“ - басна на Езоп.[27]
- „Четириножните другарчиња“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[28]
- „Балада за долгите уши“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[29]
- „Животот на едно богато магаре“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[30]
- „Животот на едно сиромашно магаре“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[31]
- „Магариња“ (латински: Asinaria)- комедија на староримскиот писател Плавт.[32]
- „Згода и незгода“ — басна на Бошко Смаќоски.[33]
- „Три лалиња пред три магариња“ — басна во стихови на Бошко Смаќоски.[34]
- „Насамарено магаре“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[35]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Магаре во село Раштак
-
Магариња во Зоо Скопје
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „прле“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Waltraud Kugler; Hans-Peter Grunenfelder; Elli Broxham (2008). Donkey Breeds in Europe: Inventory, Description, Need for Action, Conservation; Report 2007/2008 (PDF). Санкт Гален, Швајцарија: Monitoring Institute for Rare Breeds and Seeds in Europe. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 септември 2009.
- ↑ Leithead, Alastair (7 октомври 2017). „Donkeys face 'biggest ever crisis'“. BBC News (англиски). Посетено на 20 април 2021.
- ↑ 4,0 4,1 Starkey, P. and M. Starkey. 1997. Regional and World trends in Donkey Populations. Animal Traction Network for Eastern and Southern Africa (ATNESA)[мртва врска]
- ↑ Blench, R. 2000. The History and Spread of Donkeys in Africa. Animal Traction Network for Eastern and Southern Africa (ATNESA)
- ↑ Starkey, Paul (1997) "Donkey Work", in Elisabeth Svendsen (ed.), The professional handbook of the donkey, 3. издание. Лондон: Whittet Books. ISBN 978-1-873580-37-0. стр. 183–206.
- ↑ „DAD-IS — Domestic Animal Diversity Information System“. Food and Agriculture Organization of the United Nations. Посетено на June 1, 2011.
- ↑ Bérard, Laurence; Marie Cegarra; Marcel Djama; Sélim Louafi; Philippe Marchenay; Bernard Roussel; François Verdeaux (2005) Biodiversity and Local Ecological Knowledge in France[мртва врска] Institut National de la Recherche Agronomique; Centre de Coopération Internationale en Recherche Agronomique pour le Développement; Institut du Développement Durable et des Relations Internationales; Institut Français de la Biodiversité. ISBN 2-915819-06-8 стр. 109. Посетено на 20 април 2021.
- ↑ „Home“. The Donkey Sanctuary. Посетено на 20 април 2021.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 10-11.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 43-44.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 45-46.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 27-28.
- ↑ Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 46.
- ↑ Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 46.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 32.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 88.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 39.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 40.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 99.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 12.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 87-88.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 57.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 97.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 72.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 42.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 110-112.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 50.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 12.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 13.
- ↑ „Белешка за писателот“, во: Т. М. Плаут, Скржавецот (Аулулариа). Скопје: Детска радост, 2013, стр. 134-135.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 50-51.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 51.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 36.
|