Олско Езеро (грчки: Λίμνη Πλατανόβρυσης, Лимни Платановрисис) — вештачко езеро создадено со изградба на брана на реката Места[1] во Драмско, Егејска Македонија. Наречено е по селото Ола (Платановриси). Зафаќа површина од 3,25 км2. Од север, во езерото се влева и Лештенска Река (тука позната како Шејтан Дере, грч. Фарасинос или Дјаволорема), што впрочем претставува нејзина утока во Места.
Недалеку спротиводно по реката се протега поголемата акумулација Черешовско Езеро.