Мрваци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мрвацимакедонска етнографска група што ги населува Серско, Валовишко (Демирхисарско) во Егејска Македонија и Неврокопско во Егејска и Пиринска Македонија.[1]

Етнонимот произлегува од поимот мрва[2], што значи ситно парченце јагленова пепел, која останува по обработката на рудата. Во подрачјето наречено Мрвачко, во XIX век многу села се занимавале со рударство и железарство, но кон крајот на векот занаетот замрел. Називот „Мрваци“ првично се однесувал на рударските села, а подоцна го опфатил населението на целото подрачје. Мрваците зборуваат на свој мрвачки говор, кој ѝ припаѓа на групата серско-драмски дијалекти на македонскиот јазик.

Според дипломатот Атанас Шопов мрвачки села се:[3]

Васил К’нчов ги посетил овие места во 1891 г. и напишал:

Мрваците се начелно крупни луѓе со здрав стас; тие се многу поразвиени од околното население и во умствен поглед. Пред Руско-турската војна целото Мрвачко ја отфрлило грчката црква и насекаде имаше добри училишта и убави цркви. Бидејќи таа област зеде најактивно учество во комитските чети по војната, истата и најмногу настрада од турските власти. Најбудните селани пропаднаа по анадолските тврдини, многумина загинаа во превирањата и мнозина избегаа во Бугарија. И денес месните власти гледат најнедоверливо на Мрвачко, и имаат право, бидејќи ова население е најнемирното во Источа Македонија.[4]

Кон крајот на XIX век името Мрвак почнало да се користи погрдно. Во врска со тоа, во 1893 г. Атанас Шопов напишал:

Денес називот „Мрвак“ служи како некаква навреда за луѓето кои, се чини, не сакаат да бидат нарекувани Мрваци. Кога сакаат да понижат, да навредат некого, му велат дека е „Мрвак“. Мрваците се срамат да го носат своето име, кое им се гледа долно, простачко и понижувачко.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Салганджиевъ, Стефанъ (1906). Лични дѣла и спомени по възраждането на Солунскитѣ и Сѣрски Българи или 12-годишна жестока неравна борба съ грьцката пропаганда. Пловдивъ: Печатница „Трудъ“ на П. Бѣловѣждовъ. стр. 109–112.
  2. мрва (ж) — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 114.
  4. Кънчов, Васил. "Избрани произведения", Том I, София, 1970, стр.228.
  5. Шопов, Ат. Из живота и положението на българите във вилаетите, София, 2011, стр. 104.