Иван Нинковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Нинковски
Роден Иван Нинковски
2 октомври 1921
Охрид, Кралство Југославија
Починал 5 мај 2010 (88 години)
Белград, Србија)
Националност Македонец
Занимање агроном, публицист, професор и новинар.
Деца Русанка Здравеска и Здравко Нинковски

Д-р Иван Нинковски (Охрид, Кралство Југославија на 2 октомври 1921Белград, Србија на 6 мај 2010) — југословенски и македонски агроном, еден од пионерите на овоштарството во Охридско и Преспанско. Објавил шест книги со стручна литература од областа на агрономијата и овоштарството.

Живот и дејност[уреди | уреди извор]

Роден крај Охридското Езеро во 1921 година во стара охридска фамилија како син на Тодос Нинко и Ксантипи Теодоси, имал 19 години кога под налетот на бугарските фашистички окупаторски сили во 1941 година го напуштил родниот крај и пребегал во Тирана, Албанија кај неговиот вујко Јанко Теодоси. Таму посетувал италијанско училиште заедно со неговите четири братучеди и го научил италијанскиот јазик кој подоцна му овозможил да се усоврши во областа на овоштарството.

По завршувањето на студиите на Земјоделскиот факултет во Земун кон крајот на 1949 година почнал да работи како професор по овоштарство и лозарство во едно училиште во Македонија. Потоа бил градски агроном во Охрид и главен агроном во Кооперативниот синдикат на охридскиот округ, па директор на Лозарскиот расадник во Струга и главен агроном на Кооперативниот синдикат на охридско-струшкиот округ. Едно време бил потпретседател и претседател на Општина Охрид. Во 1960 година добил стипендија за тримесечно студиско патување низ расадниците во Италија, која тој период почнала да зазема главна улога во развојот на овоштарството во Европа. Тоа искуство му помогнало да подигне плантажи во Охрид и Преспа. Есента 1964 година се префрлил во Скопје и работел како уредник на земјоделската емисија на ТВ Скопје. Во агрономскиот институт П.К. Белград почнал со работа во 1967 година и тоа на проблемите со интеграцијата на ПКБ со овошните организации во атарот на градот Белград. Бил директор на Заводот за овоштарство и лозарство.

Посебно внимание посветил на проучувањето на видот нектарини. Во 1982 година ја објавил книгата „Nektarina“ во издание на Нолит, книга која била преведена и на унгарски[1].

По пензионирањето сè до својата смрт во 2010 година, работел како надворешен соработник на српското списание за здрав живот и природа „Моћ Природе“. Сите негови книги се објавени на српскохрватски или на српски јазик, освен првата која ја објавил преку Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, па најголемата желба некое негово дело да биде објавено на македонски јазик му остана неостварена. Книгата Трешња е преведена на македонски од страна на неговата ќерка, меѓутоа никогаш не излезе од печат.

Неговиот син Здравко Нинковски е пензиониран рели возач од 80-тите 90-тите години кој се натпреварувал во државните првенства во автомобилизам на Автомото сојузот на Македонија. Неговиот внук од ќерка, Филип Здравески, е спортски новинар и фудбалер на ФК Слободен

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Оплодувањето на керешка вишна во услови на слободно опрашување (1974)[2],
  • Nektarina (1982)[3],
  • Kajsija (1987)[4],
  • Breskva i nektarina (1988)[5],
  • Трешња (1998)[6],
  • Савремено калемарство (2005)[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]