Емануел Макрон
Емануел Макрон Emmanuel Macron | |
---|---|
25ти претседател на Франција | |
Стапува 14 мај 2017 | |
Претходник | Франсоа Оланд |
Копринц на Андора | |
Стапува 14 мај 2017 | |
Премиер | Антони Марти |
Representative | Жан-Пјер Иг |
Претходник | Франсоа Оланд |
Министер за економија, индустрија и дигитални работи | |
На должноста 26 август 2014 – 30 август2016 | |
Премиер | Мануел Валс |
Претходник | Арно Монтебур |
Наследник | Мишел Сапен |
Лични податоци | |
Роден(а) | Емануел Жан-Мишел Фредерик Макрон 21 декември 1977 Амјен, Франција |
Партија | Напред! (En Marche!)(2016–до денес) |
Други припадности | Независен политичар (2009–2016) Социјалистичка партија (2006–2009) |
Сопружник | Брижит Троње (2007–досега) |
Родители | Жан-Мишел Макрон Франсоаз Ногес-Макрон |
Установа | Париз X Нантер Политички науки |
Вероисповед | католичка |
Потпис |
Емануел Макрон (француски: Emmanuel Macron), (Амјен, 21 декември 1977) – француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.
Кратка биографија
[уреди | уреди извор]Студирал филозофија на универзитетот Париз Нантер, а во 2004 година дипломирал на Националната школа за администрација. Станал финансиски инспектор во Инспекторатот за финансии на Франција, а подоцна станал инвестициски банкар.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Бил член на Социјалистичката партија од 2006 до 2009 година и за време на првата влада на Франсоа Оланд, во 2012 година, бил назначен за заменик секретар пред да стане Министер за економија, индустрија и дигитални работи за време на втората влада на Мануел Валс,[1] кога тој протуркал реформи наклонети за бизнисот. Макрон дал оставка во август 2016 година[2] за да поднесе социјал-либерална[3][4][5] кандидатура на претседателските избори 2017.[6] Во ноември 2016 година, Макрон објави дека на изборите ќе биде под знамето на „Напред!“ (En Marche!), движење кое тој го основа во април 2016 година.
Претседател на Франција
[уреди | уреди извор]Макрон се квалификувал за вториот круг на избори во првиот круг на 23 април 2017 година. Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика. [7][8] Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон. [9][10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sylvie Corbet and Elaine Ganley « French gov't reshuffle expels dissident ministers » , Associated Press, 26 August 2014
- ↑ Julien Licourt; Yohan Blavignat (30 August 2016). „EN DIRECT - Macron évite soigneusement d'évoquer sa candidature“ (француски). Le Figaro.
- ↑ „Emmanuel Macron: portrait d'un social-libéral - L'Hebdo“. Архивирано од изворникот на 2015-12-28. Посетено на 23 February 2017.
- ↑ Devecchio, Alexandre (31 August 2016). „"Le social-libéralisme d'Emmanuel Macron représente... 6% du corps électoral"“. Посетено на 23 February 2017 – преку Le Figaro.
- ↑ „La démonstration de force du social-libéral Emmanuel Macron“. 10 December 2016. Архивирано од изворникот на 2017-01-13. Посетено на 23 February 2017.
- ↑ „Macron quits to clear way for French presidential bid“. BBC. 30 August 2016.
- ↑ Plowright, Adam (7 May 2017). „Emmanuel Macron: a 39-year-old political prodigy“. MSN.
- ↑ „En direct, Emmanuel Macron élu président : " Je défendrai la France, ses intérêts vitaux, son image "“. Le Monde. 7 May 2017. Посетено на 7 May 2017.
- ↑ Schnur, Dan. „Anger underlying French elections is roiling California too“. San Francisco Chronicle. Посетено на 7 May 2017.
- ↑ http://www.reuters.com/article/us-france-election-macron-profile-idUSKBN1830XP
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Емануел Макрон на Ризницата ?
|