Чо Оју
Чо Оју Cho Oyu | |
---|---|
Чо Оју | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 8201 м 6-то место |
Истакнатост | 2340 м |
Заведена како | Осумилјадник |
Име | |
Превод | Тиркизно божество (Тибетски) |
Географија | |
Место | Непал / Кина (Тибет) |
Матичен венец | Махалангур Химал, Хималаи |
Искачување | |
Најлесен пат | снег/мраз/качување по ледник |
Cho Oyu (Nepali: चोयु; тибетски: ཇོ་བོ་དབུ་ཡ, Вајли: jo bo dbu yag, пинјин: Qowowuyag: кинески: 卓奧友山; пинјин: Zhuó'àoyǒu Shān) — шеста највисока планина во светот со 8,201 метар надморска височина. Името Чо Оју означува „Тиркизно Божество“ на тибетски јазик. Планината се наоѓа помеѓу Тибет (Кина) и Непал. Се наоѓа на 20 километри западно од Монт Еверест.
Неколку километри западно од самата планина, се наоѓа Нангпа Ла (5.716 м), леден планински премин кој се користи како главен трговски пат помеѓу Тибеќаните и Шерпите од Кумбуа. Поради близината на преминот и генерално благите падини на стандардниот пат на северозападниот дел, се смета дека е најлесната планина за алпинистички искачувања во групата на планини повисоки од 8,000 метри,[1] па затоа е популарно одредиште за професионалните алпинистички групи.
Македонско искачување
[уреди | уреди извор]Прв Македонец којшто се искачил на Чо Оју е Сашко Кедев.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Hillary, Edmund (1955). High Adventure. Bloomsbury Publishing. ISBN 0-7475-6696-8. Архивирано од изворникот на 2014-01-16. Посетено на 2014-01-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статистики за качувањата на планината и бројот на жртви
- Фото-приказна за Чо Оју направена од Лукаш Стебелски
|