Прејди на содржината

Манаслу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Manaslu
Манаслу
Највисока точка
Надм. вис.8156 м 
8-мо место
Истакнатост3092 м 
80-то место
Заведена какоОсумилјадник
Име
ПреводПланина на Духот (Санскрит)
Географија
Manaslu на карта

Карта

МестоНепал
ПокраинаNP
Матичен венецМансири Химал, Хималаи
Искачување
Најлесен патснег/качување по мраз

Манаслу (непалски: मनास्लु) — планина во Непал, што спаѓа во планинскиот венец Мансири Химал, кој пак е дел од ланецот Хималаи. Еден е од вкупно четиринаесетте планини повисоки од 8000 метри, а со својата надморска височина од 8156 метри, претставува осма највисока планина во светот.

Манаслу, чик назив влече корени од санскиртскиот збор Манса (Mansa), што во превод значи „Планина на Духот“, претставува највисока планина во дистриктот Ламјунг. Сместена е околу 65 километри источно од Анапурна, десеттата највисока планина на светот.

Македонски искачувања на Манаслу

[уреди | уреди извор]

Во 1986 година на Манаслу се организира првата Македонска алпинистичка експедиција во Хималаите, Македонска Македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу '86“. како главна цел на оваа експдиција било искачување на нова првенствена алпинистичка насока на Манаслу, но поради многу лошите услови и изложеностна алпинистите н објективни опасноти, се префрлуваат на Полската насока, комплетно правејќи прво повторување на оваа насока, во далеку полоши услови одошто што ги имале полјаците при нивното првествено искачување. Тие достигнуваат височина од околу 7 480 m н.в. и се приморани да се симнат поради премногу лошите услови и големи објективни опасности.

Прв Македонец којшто се искачил на врвот Манаслу е Сашко Кедев.


Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]