Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вевчани

Координати: 41°15′03.5″N 20°37′54.8″E / 41.250972° СГШ; 20.631889° ИГД / 41.250972; 20.631889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“ на влезот во Вевчани

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вевчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°15′03.5″N 20°37′54.8″E / 41.250972° СГШ; 20.631889° ИГД / 41.250972; 20.631889
Место Вевчани
Општина Вевчани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 2013
Ктитор Верниците при црквата „Св. Никола“
Рушење 1913
Архитектонски опис

Свети Великомаченик Георгиј - Победоносец — најнова црква во селото Вевчани. Црквата е возобновена на местото на стар манастир кој постоел во минатото. Се наоѓа на самиот влез веднаш до портата на Општина Вевчани и непосредно до крстосницата со регионалниот пат Струга-Дебар недалеку од првите куќи на селото Велешта.

Историја и возобновување[уреди | уреди извор]

Информативна табла за изградбата.

Црквата „Свети Великомаченик Георгиј - Победоносец“ е возобновувана по точно 100 години на темелите на некогашниот манастир „Свети Ѓорѓија“ кој бил целосно разрушен во Охридско-дебарското востание од 1913 година.[1] Обновата е на иницијатива на градоначалникот на Општина Вевчани според кого тоа е многу значајно не само за вевчанци туку и за целиот дримколски крај бидејќи тука се одвивало испраќањето на печалбарите.[1] Темелите за изградбата на црквата биле поставени на 6 мај 2013[1] година во присуство на тогашниот премиер Никола Груевски и митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски, како и на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.[2] На ѕидањето работеле осуммина искусни вевчански мајстори кои рачно го обработувале најквалитетниот камен за фасадата.[1] Според проектот за изградба, црквата треба да претставува привлечна градба за верниците и посетителите[1]. Храмот се гради со средства од месните жители и други донации и требало да чини околу 300 илјади евра.[1] Архитект бил Стојче Наумовски, додека градежен изведувач биле „Виа“ ДОО - Вевчани.

Поради местоположбата на која е изградена црквата се појавил спор помеѓу Општина Струга и Општина Вевчани, за кој тогашниот министер за локална самоуправа Тахир Хани потврдил дека црквата и портата се наоѓаат на територијата на Општина Вевчани.[3] Земјиштето каде што се гради црквата порано и припаѓало на државата, но според тогашниот месен парохиски свештеник Зоран Попоски, направена е замена за црковен имот од 9 хектари земја каде што постоел разрушениот манастир посветен на Светиот великомаченик Ѓорѓи, според тапијата од 1925 година.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црковниот храм е висок 15 метри, со внатрешна површина од 100 м2 и погледната од воздух, наликува на православен крст.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Ристоска, Александра (1 октомври 2013). „Најквалитетен камен за црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓија" во Вевчани“. МИА. Посетено на 5 мај 2016.[мртва врска]
  2. „Вевчани доби порта, а се обнови и црква“. Дневник. 6 мај 2013. Посетено на 5 мај 2016.[мртва врска]
  3. „Хани до Села: Портата и црквата се на територија на Вевчани“. МКД:мк. 21 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-19. Посетено на 5 мај 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]