Црква „Св. Никола“ - Вевчани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Главната селска црква во Вевчани.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вевчанска
Местоположба
Координати 41°14′22″N 20°35′24″E / 41.23944° СГШ; 20.59000° ИГД / 41.23944; 20.59000Координати: 41°14′22″N 20°35′24″E / 41.23944° СГШ; 20.59000° ИГД / 41.23944; 20.59000
Населено место Вевчани
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1834
Завршено 1864
Осветување 1876
Живопис 1879
Зограф Аврам Дичов
Архитектонски опис
Архитектонски тип трикорабна
Портал „МПЦ“

Свети Никола (наречена уште и Горна црква) — главна селска црква во селото Вевчани, а воедно и парохиски храм на Вевчанската парохија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата или можеби обновата на оваа црква започнала во 1834 година. Градбата на црквата била завршена во 1864 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата претставува трикорабна базилика со олтар, лаѓа и балкон. Црквата е долга 18, а широка 12,5 метри.

Изградена е со рамен под, што во тоа време не било дозволено од турските власти. Црквата е градена од рачно делкан камен, а влезната врата е ѕидана со калај. Над неа, како и над другите отвори, во каменот се врежани библиски симболи. Каменот бил ваден од Мајдан, во планината над Вевчани, а бил носен со волови.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Зографисувањето е дело на Аврам Дичов, најстариот син на Дичо Зограф, а се работело во истовреме за да заврши во 1879 година. Црквата со импозантни димензии, градена со фантазија и богато зографисана, е еден од најубавите преродбенски споменици во Македонија.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконите во црквата се изработени од Дичо Зограф од село Тресонче. Овој истакнат мијачки зограф во овој свет храм оставил вредни дела. Првата негова икона за црквата најверојатно е изработена во 1849 година. Од раката на Дичо се изработени и престолните икони во 1876 година, која што се смета и за година на осветување на црквата.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Светилишта | Vevchani Info“. vevchani-info.mk. конс. 2018-12-09. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]