Прејди на содржината

Слон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фил (животно))
Слонови
Африкански слон.
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Рилчари
Натсемејство: Elephantoidea
Семејство: Elephantidae
Греј, 1821
Потсемејство

Слон[1][2] (лат. Elephantidae), архаично фил[3][4] — голем цицач што се одликува со присуство на долга и мускулеста сурла и две долги и извиени коски. Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето. Слоновите, исто така се единствените цицачи кои не можат да скокаат.

Историска распространетост

[уреди | уреди извор]

Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите.

Во изминатите 40 милиони години, повеќе од 600 видови на слонови живееле на Земјата. Денес останале само три вида - саванскиот слон, шумскиот африкански слон и азискиот слон. Климатските флуктуации низ милениумите и смената на растителноста биле причина за изумирањето на многу видови слонови, но човечкото влијание исто така имало свој удел. Во XX век, бројот на слоновите на Земјата бил меѓу 5 и 10 милиони, но со ловот и уништувањето на живеалиштата, нивниот број се намалил на 400.000 до 500.000 при крајот на векот. Денешните напори да се спасат слоновите може да се неадекватни и биолозите не се сигурни дали слонот како вид ќе преживее.

Физички опис

[уреди | уреди извор]
Азиски слон.

Трите видови слонови се слични по изглед, но меѓу нив постојат и помали разлики во големината, бојата и други физички одлики. Саванскиот слон е поголем од шумскиот и азискиот. Мажјаците може да достигнат и до 4 m во височина и да тежат околу 7000 кг. Женките се покуси, со височина од околу 2,8 m и тежина од околу 3600 кг. Саванските слонови се светлосиви по боја, иако можат да се сретнат и темносиви, црвени или кафеави од калта во која се бањаат. Имаат ниско, рамно чело и малку свиткан грб. Нивните масивни уши висат врз нивните рамења. Ушите на слоновите од саваните се долги 1,5 m и широки 1,2 m. И машките и женските единки имаат долги, тенки и извиени сурли.

Шумските слонови се помали од саванските. Мажјаците достигнуваат околу 2,5 m во височина и тежат околу 900 кг. Женките се само малку помали. Шумските слонови исто така имаат големи уши, но тие се целосно тркалезни. Овие слонови имаат темносива боја. И машките и женските форми имаат долги, тесни и прави сурли, а бојата на слоновата коска е виолетово.

Азиските слонови се пократки и потенки од нивните африкански роднини, со уши што не ги достигнуваат рамењата. Азискиот мажјак е висок од 2 до 3,5 m и тежок од 2000 до 5000 кг. Женките достигнуваат просечна височина од 2,4 m и просечна тежина од 3000 кг. Азиските слонови имаат темносива кожа, топчесто чело и тркалезен грб. Големината на ушите се движи од 0,75 m должина и 0,6 m широчина. Сурлата кај женките може да ја нема или да не е развиена.

Слонот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. „слон“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „слон“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „фил“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „фил“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 18-19.
  6. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 26.
  7. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 108-109.
  8. Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 21-22.
  9. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 103-106.
  10. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 244.
  11. Saramago, Putovanje jednog slona. Laguna, Beograd, 2012.
  12. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 283-284.
  13. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 24.
  14. IMBd, The Elephant Man (1980), Awards (пристапено на 13.6.2017)
  15. YouTube, The White Stripes Elephant album completo (пристапено на 8.4.2017)
  16. DISCOGS, Tame Impala – Lonerism (пристапено на 4.4.2021)
  17. Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023)