Зајаковидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зајаковидни
Период: Доцен палеоцен - денес
Обичен зајак, Lepus europaeus.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Инфракласа: Eutheria
Магноред: Boreoeutheria
Надред: Euarchontoglires
Ред: Lagomorpha
Brandt, 1855
Семејства

Leporidae
Ochotonidae
Prolagidae (изумрена)

Зајаковидните цицачи (латински: Lagomorpha) образуваат ред на вистински цицачи.

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Зајаковидните цицачи се мали животни, со кратка опашка, која може да отсуствува. Нивните заби имаат неколку сличности со забите на глодачите. До неодамна групата на зајаковидни цицачи (во која покрај зајците припаѓаат и пиките) ги вклучувала и глодачите како подред. Но уште во 1912 година Џејмс Вилијам Гидли ги воочил многуте специфични одлики во градбата и еволутивната историја на зајаковидните и предложил тие да се сместат во самостоен ред, бидејќи неколкуте сличности со глодачите имаат само надворешен (конвергентен) карактер. Ова гледиште денес се смета за општоприфатено. Филогенетски, зајаковидните се блиски со примитивните копитари од терциерот.

Од глодачите зајаковидните цицачи принципиелно се разликуваат по тоа што на горната вилица кај нив нема еден, туку два пара на секачи. Вториот пар на секачи кај зајаковидните е послабо развиен и се наоѓа зад основниот пар; нивните врвови не достигнуваат до врвовите на основните (предни) секачи. Исто така, тврдото непце кај зајаковидните е изградено на многу посебен начин. Тоа има вид на тесен напречен мост меѓу левиот и десниот ред на катници. За разлика од зајаковидните, кај глодачите тврдото непце претставува цврста платформа која достигнува напред до секачите. Постојат основни разлики во градбата на желудникот. Кај зајаковидните тој се состои (физиолошки, но не и морфолошки) од два оддела, од кои во едниот се одвива бактериско разградување на храната, а во другиот, близу до влезот во цревото, храната се дигерира со ензимот пепсин. Основната сличност меѓу зајаковидните и глодачите се состои во тоа што кај нив отсуствуваат песјаци, а секачите и катниците се разделени со широк беззабен простор — дијастема. Забите кај зајаковидните немаат прекриени корени и постојано растат, што е поврзано со брзото обновување на нивните коронки.

Систематика[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hoffmann, Robert S.; Andrew T. Smith (2005-11-16). Order Lagomorpha