Бранко Прља

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бранко Прља (Branko Prlja; 13 август 1977) е македонски писател и графички дизајнер, основач на првиот литературен електронски конкурс во Македонија „Електролит“ [1] и основач на креативниот колектив „Капка“ [2] и на порталот Арно.мк [3]. Во македонската литература има воведено неколку жанрови, како измислени вести, едукативна проза и дистопија. Пишува и под псевдонимот Берт Стајн и се занимава со графички дизајн. Активно работи на полето на реупотреба и екологија на социјалните медиуми со групите како Дај, не фрлај [4].


Биографија[уреди | уреди извор]

Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година, а од 1990 година живее и работи во Скопје. Завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито,“ во Скопје и дипломирал на факултетот за „Арт и дизајн“ на ЕУРМ, отсек Графички дизајн во Скопје. Неговата прва книга „За секого по нешто, за некого ништо“ [5] беше објавена во 2003, а оттогаш активно објавува во различни прозни жанрови.

Во 2005 го има создадено креативниот колектив КАПКА (Креативен активизам преку пародија, критика и алегорија) и се здружува со повеќе уметници, како Владимир Лукаш - илустрации и работилници, Олгица Димитровска - рачно работена хартија, Владимир Димчев - инсталации и перформанси, Никола Пчински - текст, Александра Кардалевска - режија, Нада Прља - визуелна уметност и други. Заедно имаат организирано изложби, работилници и перформанси [6], а под името Капка, Бранко има издадено повеќе изданија, како на пример неговите весници со измислени вести „Вести во земјата на чудата“ [7].

Во 2006 го создаде првиот електронски конкурс за литература во Македонија и под покровителство на Темплум и Никола Гелевски конкурсот се одвиваше две години, при што расказите на наградените автори беа собрани во две годишни книги. На овој конкурс се јавуваат повеќе автори кои подоцна во следните десетина години ќе се афирмираат на македонската книжевна сцена и ќе освојуваат повеќе награди [8].

Како графички дизајнер има искуство од 2003 година, повеќе стотици дизајнирани книги, и има работено за повеќе издавачки куќи, адвертајзинг агенции, како и самостојно.

Два пати бил финалист за наградата „Роман на годината“, на Утрински весник за 2015 година со делото „3 минути и 53 секунди“ објавено под псевдонимот Берт Стајн [9] и на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2017 со делото „Апокалипса.мк“ [10].

Творештво[уреди | уреди извор]

Бранко Прља е автор на повеќе од 15 дела кои ги дели во повеќе циклуси, најчесто станува збор за трилогии заокружени со една збирка или со дополнително четврто дело. Извадоци од делата може да се прочитаат на сајтот Капка [11].

Многу куси раскази[уреди | уреди извор]

  • За секого по нешто, за некого ништо (2003)
  • Приказни обични за луѓе необични (2012)
  • Чадор без рака да го држи (2013)
  • Како да држиш чадор без рака (2016)

Едукативна проза[уреди | уреди извор]

  • Досие: Планета Икс (2009)
  • Досие: Ѕвезда Немезис (2011)
  • Досие: Универз Ум (2012)
  • Атом и Ева (2012)
  • Азбука за нефизичари (2013)

Измислени вести[уреди | уреди извор]

  • Вести во земјата на чудата (2005)
  • Парите се отепувачка (2006)
  • Вести од подрумот на баба ми (2007)
  • Вест од Несвест (2010)

Соработка со Нина Прља[уреди | уреди извор]

  • Азбука на игранка (2014)
  • Букви, во збор! (2015)
  • Коњи, или прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка (2015)

Под псевдоним Берт Стајн[уреди | уреди извор]

  • 3 минути и 53 секунди (2015, како Берт Стајн)
  • 1 час и 30 минути (2016, Берт Стајн)

Фактопедии[уреди | уреди извор]

  • Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017)
  • Необични факти од животот на Никола Тесла (2017)
  • Јаболкото на Њутн (2018)

Дистописки романи[уреди | уреди извор]

  • Апокалипса.мк (2017)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.kapka.com.mk/Elektrolit/index.htm
  2. https://okno.mk/node/15899
  3. https://arno.mk
  4. https://www.facebook.com/groups/dajnefrlaj/
  5. https://okno.mk/node/2645
  6. https://okno.mk/node/15907
  7. http://pirej.mk/branko-prlja-vest-od-nesvest/
  8. https://okno.mk/node/75264
  9. https://vecer.mk/kultura/teloto-vo-koe-treba-da-se-zhivee-e-roman-na-godinata
  10. https://www.crnobelo.com/novosti/knigi/57220-parmakovska-stanojoski-prlja-vo-posledniot-krug-od-izbor-za-roman-na-godina-za-2017
  11. https://www.kapka.com.mk/MK/share/%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B8/