Никола Гелевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Гелевски, познат и под псевдонимот Пандалф Вулкански (1964) — македонски уредник, писател, поет, преведувач и колумнист.

Творештво[уреди | уреди извор]

Гелевски е автор на следниве дела: „Призрак против сенка“ (раскази, 1993), „Сурогати“ (450 картички во шест кутии, 2000-2004), „Никола Груевски — 250 хаику“ (2011), „Скопски приказни од 2014“ (2011), „Девет преобразби во чудната шума“ (песни, 2021). Тој е еден од приредувачите на антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022) во која се објавени три негови кратки раскази Под псевдонимот Пандалф Вулкански).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 155-159 и 360.