Универзитет Галатасарај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Универзитет Галатасарај
GSUniversitesi.jpg
ВидДржавен
Основан1992
ПретседателЕтем Толга
Административен кадар
200
Додипломци2000
Постдипломци500
МестоТурција Истанбул,Турција
КампусУрбански
Боицрвена      жолта     
Маскоталав
Official Website
Универзитет Галатасарај

Галатасарајскиот универзитет или Универзитет Галатасарај (турски: Galatasaray Üniversitesi)) е државен универзитет кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Универзитетот бил основан во 1992 година во присуство на претседателот на Франција, Франсоа Митеран и претседателот на Турција, Тургут Озал. Универзитетот е еден од најважните членови на Галатасарајската заедница, во кои членуваат и Галатасарај Лисеси и Спортскиот клуб Галатасарај.

Галатасарајскиот универзитет е единствениот франкофонски универзитет во Турција. Се состои од пет факултети на којшто се изучуваат економските науки, правните, комуникациските, природните и технолошките науки. Освен тоа, во склопот на универзитетот има и две институции на кој се изучуваат општествените и применети науки. Вкупно, на универзитетот има 200 професори и 2.500 студенти.

Како член на Европската програма за размена на студенти, универзитетот располага со околу 50 т.н. европски студенти. Во меѓувреме, 100 студенти секоја година од универзитетот патуваат во Франција во рамките на оваа програма. Курсевите на универзитетот се одвиваат на три јазици: турски, француски и англиски. Освен фрнцускиот, кој е главен странски јазик, може да се изучува и англискиот јазик.

Универзитетот се наоѓа во Ортаќој, во рамките на Бешикташ на европската страна на Истанбул. Зградата во која се одвива наставата првично била палата, изградена во 1871 година на бреговите. Универзитетот на еден начин е традиционален наследник на Галатасарајското училиште, кое било основано во 1481 година, како едно од најстарите во тогашната Османлиска империја.

Видете исто[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 41°02′44.70″N 29°01′13.80″E / 41.0457500° СГШ; 29.0205000° ИГД / 41.0457500; 29.0205000