Универзитет Коч
Вид | Приватен универзитет |
---|---|
Основан | 1993 |
Буџет | U.S. $29.2 билион |
Претседател | Умар Инан |
Кадар | 364 |
Студенти | 3945 |
Додипломци | 3383 |
Постдипломци | 562 |
Место | Истанбул, Турција |
www.ku.edu.tr |
Универзитетот Коч (турски: Koç Üniversitesi) е приватен непрофитен универзитет, кој бил основан во 1993 година во Истанбул, Турција. Универзитетот е основан од страна на фондација Вехби Коч, чијшто основач е еден од најголлемите турски стопанственици. Во 2000 година седиштето на универзитетот било преместено во Саријер. Денеска, објектот располага со голем број на згради во кои се сместени разни лаборатории, библиотеки, администрации, спортски и општествени објекти итн.
Започнувајќи од 2009 година, универзитетот има 3.945 студенти и 451 постдипломци. Половина од студентите живеат во училишниот комплекс. Универзитетот има персонал од 364 професори, од кои скоро сите се со полно работно време. 95% од персоналот, својот факултет го имаат завршено на европските или американските универзитети. Од вкупно 80 членови на Турската академија на науките и уметностите, 10 предаваат на универзитетот Коч. голем дел од професорите се наградувани за научни и технички истржувања.[1] Многу истражувачки проекти на Универзитетот Коч се поддржани од Европскиот истражувачки совет.[2]
Овој универзитет е еден од водечките едукативни и истражувачки институции во Турција. Во последните пет години, универзитетот е меѓу првите три во земјата по бројот на статии објавени на факултетниот совет.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://www.ku.edu.tr/ku/index.php?option=com_content&task=view&id=764&Itemid=1275
- ↑ http://www.ku.edu.tr/ku/index.php?option=com_content&task=view&id=623&Itemid=461
- ↑ http://www.yok.gov.tr/content/view/320/118
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална интернет страна
- Библиотеката во универзитетот
- Блог на студентите
- Industrial Engineering Society
- Руски клув - Rusça Kulübü
Координати: 41°12′18″ N; 29°04′26″ E / 41.204958° N; 29.073858° E