Прејди на содржината

Торфајекидл

Координати: 63°55′00″N 19°10′00″W / 63.91667° СГШ; 19.16667° ЗГД / 63.91667; -19.16667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Торфајекидл
Областа Торфајекидл
Највисока точка
Надм. вис.1,259 м
Координати63°55′00″N 19°10′00″W / 63.91667° СГШ; 19.16667° ЗГД / 63.91667; -19.16667
Географија
Торфајекидл на карта

Карта

Геологија
Старост на карпатаПлеистоцен
ВидСтратовулкан
Последен избув1477

Торфајекидл (исландски за „Ледникот на Торфи“) — е риолитски стратовулкан и комплекс од подледнички вулкани, сместен северно од Мирдалсјекидл и јужно од езерото Торисватн, Исланд. Торфајекидл вулканскиот систем бил умерено активен во Холоценот со последна ерупција која се случила во 1477 година а вулканот е дел од источната вулканска зона. Системот се состои од централен вулкан и пукнатина во правец североисток-југозапад, долг 40 километри и 30 км широк. Купата лежи врз централниот вулкан. Тука се протега најголемата геотермална област на Исланд од околу 150 km2.[1] Во областа на централниот вулкан карпите се главно риолитски додека по пукнатината тие се базалтни. Торфајекидл последен пат еруптирал во 1477 година.

Ерупцијата на вулканот околу 870 година оставила тенок слој на тефра низ цел Исланд. Овој слој овозможил да се определат точните датуми за многу археолошки наоди.

Според легендата, ледникот го добил името по Торфи Јонсон и Клофа, историска личност на Исланд. Кога чумата пристигнала на Исланд во 1493, Торфи заедно со семејството побегнал и се населил во долината опкружена со ледникот.[2] Според друга легенда ледникот бил именуван според Торфи, обичен работник на блиската фарма кој побегнал на ледникот заедно со ќерката на фармерот.

Историја на вулканот

[уреди | уреди извор]

Торфајекидл се состои од најшироката област на силициски и средни исландски вулкани.[3] Изложени се околу 225 км3 силициумски екструзивни карпи. Овој главно риолитски комплекс се издига околу 500 метри над околните базалтски рамнини и се протега во правец запад-северозапад - исток-југоисток. Повеќето риолитски лавини текови избиле подледнички образувајќи силициумски хиалокластити кои формираат гребени и бречи во форма на куполи.[4]

Во тек на поледничкиот период била активна само тесна пукнатина на крајниот запад, произведувајќи главно силициумски лавини текови и тефра. Најскорешната силициумска ерупција предизвикала лавин тек во околу 900 година. Системот на кратери се засновали бил активен во исто време со базалтниот систем на Бардарбунга централниот вулкан во 1477 година. Малата ледена капа на Торфајекидл се протега претежно надвор од југоисточниот раб на купата, кое е место на силни топлински активности на површина од 130-140 км2.[4][5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Torfajökull Volcano - TouristTV Iceland“. TouristTV Iceland (англиски). Посетено на 2017-12-10.
  2. „Sagnir af Torfa í Klofa“. www.snerpa.is. Посетено на 2017-12-10.
  3. „TORFAJOKULL VOLCANO ICELAND INTERIOR“. www.nat.is. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 2017-12-10.
  4. 4,0 4,1 „Torfajökull“. www.volcanodiscovery.com. Посетено на 2017-12-10.
  5. „Global Volcanism Program | Torfajökull“. volcano.si.edu (англиски). Посетено на 2017-12-10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • „Torfajökull“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)