Снајфедлсјекидл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Снајфедлсјекидл
Snæfellsjökull in the Morning (7622876302).jpg
Снајфедлсјекидл
Највисока точка
Надм. вис. 1446 м
Истакнатост >1,200 м
Координати 64°48′ СГШ 23°47′ ЗГД / 
Географија
полуостровот Снајфелснес, западен Исланд
Геологија
Вид Стратовулкан[1]
Последен избив 200 п.н.е. ± 150 години[1]

Снајфедлсјекидл (исландски: ˈstn̥aiːfɛlsˌjœːkʏtl̥, снежен ледник) — 700.000 години стар стратовулкан покриен од ледник кој што се наоѓа во западен Исланд.[2] Името на планината е всушност Снајфел, но најчесто е именуван „Снајфедлсјекидл“ за да се разликува од другата планина со истото име. Се наоѓа во најзападниот дел на полуостровот Снајфелснес во Исланд. Понекогаш може да се види од главниот гра на Исланд, Рејкјавик, на далечина од 120 километри.

Планината е една од најпознатите места на островот, главно поради новелата Патување до Центарот на Земјата (1864) од Жил Верн, во која протагонистите го наоѓаат влезот на патот кој што води до центарот на земјата преку Снајфедлсјекидл.

Планината е дел од Националниот парк Снајфедлсјекидл (исландски: Þjóðgarðurinn Snæfellsjökull).[3]

Во август 2012 година за првпат во историјата на врвот не било забележано никакво присуство на лед.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]