Мирдалсјекидл
Изглед
Мирдалсјекидл (исландски: Mýrdalsjökull) — ледник во јужниот дел на Исланд. Се наоѓа источно од Ејафјадлајекидл. Неговиот највисок врв достигнува висина од 1.493 метри, а зафаќа површина од околу 600 км2. Ледникот го прекрива активниот вулкан Катла, кој од 930 година имал 16 ерупции, од кои последната во 1918. Буквалното значење на името Мирдалсјекидл е „леден врв во мочуришната долина“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мирдалсјекидл“ на Ризницата ? |