Катла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катла
Katla 1918.jpg
Ерупција на Катла во 1918
Највисока точка
Надм. вис. 1512 м [1]
Заведена како Список на вулкани во Исланд
Координати 63°38′ СГШ 19°03′ ЗГД / 
Географија
Геологија
Вид планина Субглацијален вулкан
Последен избув октомври-ноември 1918

Катла (исландски изговор: [ˈkʰahtla] ( слушнете)) е голем вулкан во јужен Исланд. Тој е многу активен. Дваесет ерупции биле документирани помеѓу 930 и 1918 година, во интервали од 13-95 години. Тој не избувнал силно 99 години, иако можеби имало мали ерупции коишто не ја скршиле покривката од мраз, вклучувајќи ги и оние во 1955 година, во 1999[2] и 2011 .

Претходните ерупции имале вулкански експлозивен индекс (VEI) помеѓу 4 и 6 на скала од 0 до 8. Во споредба, ерупцијата на Ејафјадлајекидл во 2010 имала VEI-4. Поголемите VEI-6 ерупции можат да се споредат со ерупцијата на Пинатубо во 1991 година.

Географија и изглед на вулканот[уреди | уреди извор]

Катла е еден од најголемите вулкани на Исланд. Тоа се наоѓа на север од Вик и Мирдал и источно од помалиот глечер Ејафјадлајекидл. Врвот достигнува 1.512 метри и делумно е покриен со глечерот  Мирдалсјекидл. Системот има површина од 595 км2. Кањонот Елдгја е дел од истиот вулкански систем[3][4].

Купата на вулканот Катла има дијаметар од 10 километри и вулканот е покриен со 200-700 метри мраз. Вулканот нормално еруптира на секои 40-80 години. Поплавата што надошла при ерупцијата во 1755 се проценува на 200,000–400,000 m3/s (7.1–14.1 милиони cu ft/сек) и може да се спореди со комбинирано просечно излевање на реките Амазон, Мисисипи, Нил, и Јангцекјанг (околу 266.000 m3/s (9.4 милиони cu ft/sec)).

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името Катла потекнува од исландскиот збор ketill ("чајник") и се однесува на формата на вулканот. Катла исто така се користи и како женско име[5].

Праисториска активност[уреди | уреди извор]

Се смета дека Катла е извор на Веде пепелта[6]. На повеќе од 6 до 7 километри кубни тефра датирано било потекло пред 10,600 години и истата е најдена на голем број локации[1][7][8], вклучително и Веде пепелта во Норвешка, Данска, Шкотска и Северноатлантските јадра.

Историска активност[уреди | уреди извор]

Шеснаесет ерупции биле запишани за Катла од 930. Последната голема ерупција започнала на 12 октомври 1918 година и траела 24 дена.[9] Тоа веројатно била ерупција со индекс VEI-5. Ерупцијата од 1918 ерупција довела до проширување на јужниот брег од 5 км. поради лахарни талози од поплава. Сегашната хибернација е меѓу најдолгите во познатата историја[10].

Локации на купата и претходни ерупции

Помали (VEI-1?) ерупции се случиле во:

  • 2011 – VEI-1?
  • 1999 – VEI-1?
  • 1955 – VEI-1?

Поголеми ерупции се случиле во:

  • 934 – VEI-5 или VEI-6, 5 кубни километри тефра 18 кубни километри лава.
  • 1580 – VEI-4
  • 1660 – VEI-4
  • 1612 – VEI-4
  • 1625 – VEI-5
  • 1721 – VEI-5
  • 1755 – VEI-5; 1.5 кубни километри исфрлен материјал. Поплава 200,000–400,000 m³/s
  • 1823 – VEI-3
  • 1860 – VEI-4
  • 1918 – VEI-4 или VEI-5; околу 0.7 кубни километри исфрлен материјал

Повеќето од овие ерупции резултирале со леднички поплави. Тешка пукнатинска ерупција во 934 била една од најголемите лавински ерупции во минатите 10,000 години.[11] Пред да се изгради исландската обиколница во 1974, луѓето се плашеле да поминуваат во близина на вулканот поради честите јекулхлаупи (односно, глечерски поплави). Особено опасна била глечерската поплава по ерупцијата во 1918.

Денешна активност[уреди | уреди извор]

Шематски приказ на Ејафјадлајекидл и на Катла. Магмата е во црвено, риолитските карпи во жолто а ледникот е покажан со светло сина боја.

Катла покажувала знаци на активност уште од 1999 а геолозите сметале дека може да еруптира во блиска иднина.[12] Набљудувањето на вулканот посебно се засилил по ерупцијата во март 2010 на помалиот соседен вулкан, глечерот Ејафјадлајекидл.[13] Ерупцијата на овој вулкан во близина кој одамна бил во хибернација (во март и април 2010) загрижила дел од геофизичарите дека може да разбуди ерупција на поголемиот и поопасен вулкан Катла.[14][15][16] Во минатите 1,000 години, сите три познати ерупции на Ејафјадлајекидл поттикнале супсеквентни ерупции на Катла[15].

По ерупциите во 2010 на Ејафјадлајекидл, на 20 април 2010, исландскиот претседател Олафур Гримсон изјавил:

"се ближи времето Катла да избувне ... ние [Исланд] се подготвивме ...време е европските влади и авионските власти низ цела Европа и светот да почнат да планираат евентуална ерупција на Катла".[17]

Зголемена сеизмичка активност се забележала на Катла по ерупцијата на Ејафјадлајекид но немало други знаци за некаква блиска ерупција. Овие земјотреси биле лоцирани главно на северозападниот раб на купата. На 9 октомври 2010, нагло тресење било забележано во станицата околу Катла како знак за можна ерупција.[18] Во 2010 вулканолозите продолжиле да ја набљудуваат Катла свесни дека секоја нејзина ерупција историски се случувала неколку месеципо по ерупција на Ејафјадлајекидл. Исландската метеоролошка канцеларија на својата веб страница ги става извештаите за потресите во Ејафјадлајекидл и Катла.[19]

Ледникот Мирдалсјекидл во 2005

Активност во 2011 [уреди | уреди извор]

Во 2011, геолошката активност довела до шпекулација дека се случила некаква многу мала субглацијална ерупција. Во јуни 2011, хармонични потреси уште еднаш биле детектирани во вулканот Катла. По неколку дена рој од земјотреси бил забележан во купата, покажувајќи насобирање магма внатре во вулканост со што се зголемиле страхувањата од можна ерупција во некоја блиска иднина[20].

На 8 и 9 јули 2011 друг бран потреси се случил, кој наликувал на мала ерупција на Катла.[21] Исландските медиуми известиле дека можеби почнува мала субглацијална ерупција.[22] Утрото на 9 јули 2011 имало извештај за глечерска поплава во реката Мулаквисл, и подоцна во реката Скалм. Мостот преку Мулаквисл бил уништен како и други делови од патот (Пат 1) на исландската обиколница. Хеликоптерските пилоти кои го прелетувале глечерот пријавиле пукнатини.[23] Научниците кои ја набљудувале активноста шпекулирале за "многу мала" субглацијална ерупција но истото не било потврдено со визуелен и сеизмички доказ.[24]

Вулкан Катла, фотографија од август 2014

Активност во 2016 и 2017 [уреди | уреди извор]

Потреси биле детектирани под Катла во август 2016.[25][26] При описот на активноста, во извештај од 29 август 2016, било наведено дека имало "сеизмички потрес во Мирдалсјекидл на 29 август со два настана во северниот дел на купата на Катла измерени со магнитуда 4.5. Тие биле најголемите земјотреси во Катла по 1977. Повеќето земјотреси се случиле помеѓу 0:40 и 1:50 попладне. Поголемите земјотреси биле околу 30 секунди разделени во 1:47. По нив следеле 50 помали удари до 15:12 попладне, кога бил забележан земјотрес со магнитуда од 3.3 а потоа циклусот на сеизмичка активност во регионот повторно се намалил. Геотермичката состојба била намалена во текот на седмицата и станала занемарлива.[27]

Во друг извештај на 11 септември било наведено дека дента пред 14:00, мал рој земјотреси започнал во Мирдалсјекидл. Најголемиот земјотрес во ројот бил со магнитуда 3.3 и 3.0 во 16:12 и15:57. Повеќе од 10 помали земјотреси биле детектирани во ројот.[28] Во февруари 2017, сеизмичката активност на вулканот продолжила.[29]

Галерија

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Вулкан Катла“. Institute of Earth Sciences. University of Iceland. архивирано од изворникот на 9 ноември 2009 г.. https://web.archive.org/web/20091109030955/http://www.earthice.hi.is/page/ies_katla. посет. 12 март 2010 г. 
  2. „1999 Eruption, jökulhlaup. http://www.volcanolive.com/katla.html. посет. 18 октомври 2014 г. 
  3. „Katla“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1702-03%3D. посет. 26 март 2010 г.  (англиски)
  4. Gudmundsson, Magnús T.; Thórdís Högnadóttir (јануари 2007 г). Volcanic systems and calderas in the Vatnajökull region, central Iceland: Constraints on crustal structure from gravity data. „Journal of Geodynamics“ том  43 (1): 153–169. doi:10.1016/j.jog.2006.09.015. Bibcode2007JGeo...43..153G. 
  5. „Katla – Nordic Names Wiki – Name Origin, Meaning and Statistics“. http://www.nordicnames.de/wiki/Katla. посет. 18 октомври 2014 г. 
  6. Housley, R. A.; Lane, C. S.; Cullen, V. L.; Weber, M. -J.; Riede, F.; Gamble, C. S.; Brock, F. (1 март 2012 г). Icelandic volcanic ash from the Late-glacial open-air archaeological site of Ahrenshöft LA 58 D, North Germany. „Journal of Archaeological Science“ том  39 (3): 708–716. doi:10.1016/j.jas.2011.11.003. http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0305440311004055. 
  7. Mangerud, J., Lie, S.V., Furned, H., Kristiansen, I.L., Lømo, L. (1984) A Younger Dryas Ash Bed in Western Norway, and Its Possible Correlations with Tephra in Cores from the Norwegian Sea and the North Atlantic. Quaternary Research 21 85–104
  8. Grönvold, K.; Oskarsson N.; Johnsen S.J.; Clausen H.B.; Hammer C.U.; Bond G.; Bard E.. Ash layers from Iceland in the Greenland GRIP ice core correlated with oceanic and land sediments. „Earth Planet Sci Lett“ том  135: 149–155. doi:10.1016/0012-821X(95)00145-3. Bibcode1995E&PSL.135..149G. 
  9. „Katla Volcano News“. http://www.katla-volcano.co.uk/. посет. 18 октомври 2014 г. 
  10. „Archived copy“. архивирано од изворникот на 2 ноември 2005 г.. http://wayback.vefsafn.is/wayback/20051102000000/http://www.earthice.hi.is/page/ies_katla1918. посет. 4 мај 2010 г. 
  11. „Global Volcanism Program – Katla“. http://www.volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1702-03=&volpage=erupt. посет. 18 октомври 2014 г. 
  12. Soosalu, Heidi. „Katla seismicity“. Institute of Earth Sciences. University of Iceland. архивирано од изворникот на 4 ноември 2007 г.. https://web.archive.org/web/20071104020116/http://www.earthice.hi.is/page/ies_katlaseismicity. посет. 12 март 2010 г. 
  13. Hard to Predict How Long Iceland Eruption Will Last“, „Iceland Review“, 21 март 2010 (посет. 21 март 2010 г).
  14. Volcano erupts in south Iceland BBC online news. Retrieved 21 March 2010.
  15. 15,0 15,1 Boyes, Roger. „Iceland prepares for second, more devastating volcanic eruption“, Times Online, 21 март 2010 (посет. 22 март 2010 г).
  16. Icelandic Volcano May Cause Bigger Eruption“, Reuters, 22 март 2010 (посет. 20 април 2010 г).
  17. BBC Newsnight interview with President Grímsson of Iceland, 20 April 2010“ (посет. 18 октомври 2014 г).
  18. Frímann, Jón. „Sudden rise in harmonic tremors around Katla and Eyjafjallajökull“. Iceland Volcano and Earthquake Blog. http://www.jonfr.com/volcano/?p=82. посет. 30 декември 2010 г. 
  19. „Iceland Meteorological office – Earthquakes Mýrdalsjökull, Iceland“. Icelandic Meteorological office. http://en.vedur.is/earthquakes-and-volcanism/earthquakes/myrdalsjokull/. посет. 18 октомври 2014 г. 
  20. Frímann, Jón (17 јуни 2011). „Earthquake swarm in Katla volcano“. Iceland Volcano and Earthquake Blog. http://www.jonfr.com/volcano/?p=1062. посет. 18 октомври 2011 г. 
  21. „Global Volcanism Program – Katla“. http://volcano.si.edu/world/vhttps://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=372030&vtab=Weekly. посет. 18 октомври 2014 г. 
  22. Hlaup hafið í Múlakvísl“, „Morgunblaðið“, 9 јули 2011 (посет. 18 октомври 2011 г). (на Icelandic)
  23. Sjá sprungur í jöklinum“, „Morgunblaðið“, 9 јули 2011 (посет. 18 октомври 2011 г). (на Icelandic)
  24. „Katla volcano in Iceland remains dormant“. IceNews. 9 јули 2011. http://www.icenews.is/index.php/2011/07/09/katla-volcano-in-iceland-remains-dormant/. 
  25. „Icelandic Met Service Earthquake Activity Page (In English)“. The Icelandic Met Service. http://en.vedur.is/#tab=skjalftar. посет. 29 август 2016 г. 
  26. „Largest Quakes to Hit Katla Volcano in Decades“. http://icelandreview.com/news/2016/08/29/largest-quakes-hit-katla-volcano-decades. посет. 29 август 2016 г. 
  27. http://en.vedur.is/ 11.9.2016
  28. http://en.vedur.is/
  29. http://icelandmonitor.mbl.is/news/nature_and_travel/2017/02/02/continuing_seismic_activity_in_katla_volcano/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]